Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук најмногу се нервираат од слики објавени со помош на апликации од паметните телефони, а на второто место се фотографиите од бебиња. Секој петти корисник барем еднаш избришал некој пријател поради фотографиите кои го нервирале.
Фото-апликациите, како што е на пример "Instagram", најмногу ги нервираат корисниците на Фејсбук, а на второто место се сликите од бебиња со кои гордите родители го заморуваат остатокот од светот.
Секој петти корисник признава дека од листата на пријатели барем еднаш избришал некој кој објавувал иритирачки фотографии, пренесува "Daily Mail".
Во анкетата која требаше да открие што е тоа што најмногу ги нервира корисниците на оваа социјална мрежа, кога станува збор за фотографиите, учествуваа 1 671 корисник, а резултатите покажуваат дека ефектите кои фотографиите ги "претвораат" во старински најмногу ги нервираат луѓето.
Учесниците на анкетата велат дека апликациите како што е "Instagram" најмногу ги нервираат поради "претераните и непотребни ефекти".
Една третина од испитаниците признаваат дека превземаат одредени чекори со кои спречуваат останатите да ги "бомбардираат" со фотографии кои ги нервираат, од кои, 21% бришат некого од листата на пријатели, а 61% ги игнорираат објавите на останатите корисници.
Апликацијата "Instagram" е една од бројните апликации за паметните телефони кои се користат за обработка на фотографии и со чија помош објавувањето на фотографиите на Фејсубк и Твитер е за неколку пати поедноставено.
Резултатите од анкетата покажуваат дека корисниците, односно 61% од нив, најмногу се нервираат од фотографиите направени со користење на фото-апликации, 58% се нервираат од бебешките фотографии, 53% од фотографии на кои некој "очигледно позира", 46% од фотографии од одмор и 32 % не поднесуваат слики од храна.
Што вас ве замара на Фејсбук, или со што не сакате да ве замараат на Фејсбук?