Сериозно, која нација на светов е чистокрвна?
Толку години еволуција, ропства, преселби, војни, асимилации...невозможно е.
Да, имаме античко потекло и од Македонците и од Пеонците/Пајонците (кој како милува) кои живееле на територијава. Но имаме и словенско и мал милион други жички. И не сме единствените.
Еладцине џабе креваат ташак со аргументот дека ние сме Словени поради јазикот, а они се со античко потекло само поради јазикот, кој фала Богу ни тој не е ист со античкиот. Всушност, никаде и нема цврсти докази за преселбите на Словените, се’ се тоа забелешки на патописци кои го опишувале пристигнувањето на словенските војски.
А за овие од племето на Борат, знам дека беа и доаѓале неколку „претставници“ овде, којзнае...
Битно е што се’ повеќе стануваме гнида народ, потеклото е помалку битно.