Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Не заборавајте утре треба да се избере Модератор на месецот, а зошто да нема и Член на месецот? :D
Tитули, статуси... сето тоа не е битно... битно е само да не помислиме дека ако имаме нешто сме и над другите како супер луѓе, супер членови, супер умови...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Предлагам во форумот Култура и уметност да се отвори подфорум чисто за Уметност, оти има и други уметности освен Сликарство, Скулптура и Архитектура. ;)

едит: Исто може и галерија за слики да се напраи за да членовите си прават албуми.
Mене изгледа никој не ме чита. На ум ми идат интересни теми (Ентериер, Екстериер, Одржување на градина, дворови, хортикултура, Форум уметници, рандом теми од типот Уметност од искористени кондоми, Фигури од автомобилски делови и сл...) за кои нема сооветни подфоруми.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Ентериер, екстериер, одржување на градина, дворови, хортикултура - било која тема од тие области може да се отвори во форумот Скулптура и Архитектура или пак во Дом и семејство, во зависност од тоа како би била формулирана темата.
Фигури од автомобилски делови, уметност од искористени кондоми и слични теми, спаѓаат во форумите Сликарство или Скулптура и Архитектура, пак во зависност дали крајниот резултат на таквите нестандардни начини на изразување е дводимензионален или тродимензионален, односно дали е слика или скулптура. Исто како што мозаикот е сликарска техника, иако не се работи со бои и четки.
Слободно отварајте теми за сѐ што според вас е интересно, забавно, едукативно, необично....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Мортидо

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Има ли отворено тема Среќен роденден каде што ќе ги честитаме родендените на форумиџите..
Има во кафе муабети :)

Потписот да се издвојува со долга црта како кај Sarah кај сите членови,не би било лошо..
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Мои предлози:
  • Ако може да се смени ова скинов, сајтот е црно бело не бело црно :) белава боја навечер ме убива начисто :)
  • Подфорум Македонија (Населени места, природни убавини) [Сакам да отворам тема за некои места ама се двоумам каде...дали во туризам, дали во географија]
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Мои предлози:
  • Ако може да се смени ова скинов, сајтот е црно бело не бело црно :) белава боја навечер ме убива начисто :)
  • Подфорум Македонија (Населени места, природни убавини) [Сакам да отворам тема за некои места ама се двоумам каде...дали во туризам, дали во географија]
јас па на црно ништо не гледам :)
за населени места слободно отвори тема, во зависнот од кој аспект ќе пишуваш
можеш и во туризам и во географија
па дури и во историја
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
јас па на црно ништо не гледам :)
за населени места слободно отвори тема, во зависнот од кој аспект ќе пишуваш
можеш и во туризам и во географија
па дури и во историја
црна позадина.......бела боја на букви или која друга светла боја........ :)
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
абе те разбрав
ама ќора сум, професионална деформација
на црно ништо не гледам :)
и јас не гледам ко че мижам :)
да не одам офтопик ама и линкуван збор тешко се познава :)
пример
барем да е друга боја :) многу барам а? :D
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
и јас не гледам ко че мижам :)
да не одам офтопик ама и линкуван збор тешко се познава :)
пример
барем да е друга боја :) многу барам а? :D
види бре колку е ова заморно за читање бело на црно
бојата на линкуваниот збор можеш да си ја менуваш како сакаш
ене ти црвен линк