Mене изгледа никој не ме чита. На ум ми идат интересни теми (Ентериер, Екстериер, Одржување на градина, дворови, хортикултура, Форум уметници, рандом теми од типот Уметност од искористени кондоми, Фигури од автомобилски делови и сл...) за кои нема сооветни подфоруми.
Ентериер, екстериер, одржување на градина, дворови, хортикултура - било која тема од тие области може да се отвори во форумот Скулптура и Архитектура или пак во Дом и семејство, во зависност од тоа како би била формулирана темата.
Фигури од автомобилски делови, уметност од искористени кондоми и слични теми, спаѓаат во форумите Сликарство или Скулптура и Архитектура, пак во зависност дали крајниот резултат на таквите нестандардни начини на изразување е дводимензионален или тродимензионален, односно дали е слика или скулптура. Исто како што мозаикот е сликарска техника, иако не се работи со бои и четки.
Слободно отварајте теми за сѐ што според вас е интересно, забавно, едукативно, необично....