ти мора да си ВАНЃА , почит брат, и наклонЗнаеш шо е интересно? шо и уште не се осеќа кризата. Ама за неполна деценија коа ќе удри ама тоа така добро што ни за агрегат нафта нема да имаш да си го осветлиш домот, тоаш ќе се чешаме. Но тоа е.
Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.
Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
- Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
- Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
- Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.
Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.
Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.
ти мора да си ВАНЃА , почит брат, и наклонЗнаеш шо е интересно? шо и уште не се осеќа кризата. Ама за неполна деценија коа ќе удри ама тоа така добро што ни за агрегат нафта нема да имаш да си го осветлиш домот, тоаш ќе се чешаме. Но тоа е.
Не е работата дека можат/не можат. Туку распределба на добрата на есенцијалното. А ова што сега го гледаме не е баш есенцијален проблем туку повеќе расфрлање на доброто.па тоа е добра работа
пари дадени за градење
и пари кои потоа ќе бидат давани за одржување и конзервација
се пари кои ќе бидат некому плата, односно пари од кои одреден број на семејства живеат и ќе живеат
не можат сите да работат во производство
Си била некогаш во Индија? Знаеш за реките и се` што плива во нив? Таџ Махал да. Но што кога постојат цели населби натрупани со лешеви?
Така да Индија е земја каде што не би ја посочил за пример. Зборам прво за раслојувањата и поделбите на касти, после тоа вистинската „успешност“ зад која стои Таџ Махал.
Македонија сеа е мала во државни рамки. Така да, не е потребно премногу да се инвестира за подобрување на инфраструктурата. Но не се инвестира доволно. Или скоро и да не. Само мачкање очи.
За Културното наслество знам дека се инвестира(ше) за ископувањето. Некаква си блиц-криг кампања за Калето. Денес е затворено, и тоа не поради нередите што беа, туку поради недостаток на пари. Башка ископувањето е изведено да не речам аматерски, многу набрзинка. Тоа не се прави така. За Стоби е веќе друг муабет.
Не окривувам да се даде некоја пара за естетика на градот но.... ова што сега се прави е расфрлање, во прав смисол.Немој да мислиш дека јас одобрувам нерационално трошење на пари. Но спомениците (најголем дел од нив) ги одобрувам. Палми и врби, се веќе смешни (во моментов, што знам, може ќе ми се свиѓаат), но зборувам од аспект на историја и културно наследство - никогаш не е доста. Јас сум антимодернистички тип во тој поглед. За историјата што ја пишуваме денес, за 50 години нека прават обележја. Да речеме, дебилно би ми било, на Џорџ Буш да му изградат споменик. Но музејот е, и те како потребен.
Се согласувам дека немаме обучени луѓе за распределба на парите со кои располага Министерство за култура. Но за 20 години, и тоа е добро. Таџ Махал, Фонтана Ди Треви, Ајфелова Кула.... многу, многу одамна се правени, кога ние живеевме во куќи од кал и камен.
Кога сме кај Ајфелова Кула, народот е добро познато дека ја бојкотирал изградбата на истата. Се нарекувала ,,срам,, за Париз. Кој би знаел, дека денес, ќе биде едно од најпосетуваните места на светот?
Не окривувам да се даде некоја пара за естетика на градот но.... ова што сега се прави е расфрлање, во прав смисол.
ДА, експериментирање може, како што викаш во случајот со Ајфеловата кула... Но во време кога тие експерименти би привлекле мног многу повеќе туризам. Ова со барокот/неокласицизмот не ми изгледа на експеримент, туку неукост. Поготово во време кога секое парче метал е вредно.
Јас и предходно си кажав дека сум мнооогу против проектов, во ред е тоа што се одржуваат некои општини во смисла на паркови, зеленила и сл. работи ама тоа се пари од општината која што полека си ги средува работите а не се задолжува како што е случајов со владава за да направат се одеднаш, ај за Аце и фонтаната се јаде некако, ама какво обележје се бикот, шмизлите, чистачот на кондури , девојката на тел. што збори мислам каков впечаток сакаат со нив да остават на ЕУ пошто нели најважно е тие што ке речат...демек кај нас само шмизли се девојките?? во тој случај бикот кого би претставувал..народот??? некои работи стварно ми се бесмислени! А и плоштадчето наше колкаво е па уште и го пренатрупаа со споменици да не може човек на раат да се прошета
Одлучиле.. И тоа спротивно од ова.. Но кој да ги праша коа ги натепаа пред да се започне иницијативава. Така да....Во глобала се согласувам со овој пост. Биковите и шмизлите и останатите неисториски споменици, ако не се лажам, беа дела на млади уметници, дал студенти, дал дипломци, не ни паметам веќе. Тоа како замисла е супер, но можеше да се направи цел парк или да се искористи Градски Парк за истите. Вака, сами по себе, немаат смисла и не ја носат пораката која би требало да ја носат, дека се афирмирале млади уметници, им се дал поттик за работа.
Инаку да, конкретно мене Самуил ми боде очи, премногу блиску е до Александар.
Ние како лаици овде си коментираме, можда од архитективе знаат многу подобро чим одлучиле така, но на моето око, не му праи ќеиф Самуил толку близу до Аце, ни шмизлите под Аце. Ни недефинираната скулптура кај Камени, исто така.