Скопје 2014

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Дали ви се допаѓа проектот ,,Скопје 2014"

  • Да

    Гласови: 24 42.1%
  • Не

    Гласови: 33 57.9%

  • Вкупно гласале
    57

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
Па ние имаме културно наследство не дека немаме...сега во ситуацијава во која што се наоѓаме имаме многу поважни работи од нашите лавови и шмизли по плоштад...во некои места паѓаат крововите на училиштата и болниците а ние сечеме црвена лента на музејот на ВМРО па мислам стварно не е во ред, само незнам кога ке се освестиме, не бадијала рекле : ситиот на гладниот не му верува, еден ден кога над нас ке падне кровот на некоја болница може тогаш ке се освестиме и ке ги смениме приоритетите, се до тогаш поважни ке ни бидат биковите на плоштад од луѓето во селата кои што немаат пат а да не збориме за другите средства!
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43

.
сите работи се важни
да не беа сите, тогаш ќе бевме обични животни
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Саладин, јас се согласувам до некаде со тебе - но мислам дека културното наследство, не е помалку важно од железница.
Ниту една земја во светов, не градела вакви објекти зошто народот сакал, напротив, секогаш имало потреба од нешто друго, но се одвојувале средства за истото.
Конкретно еден пример, Taџ Махал. Кралот не само што ја турнал земјата во криза, туку и го изгубил својот трон, до крајот на животот бил заѕидан во кула од каде што можел да ја гледа гробницата.
Денес Таџ Махал е едно од најубавите и најграндиозните места за посета. Повеќе http://mk.wikipedia.org/wiki/Таџ_Махал
Ако не е доволно добро објаснето на Македонски, мислам дека Англиската верзија е потполна.
Си била некогаш во Индија? Знаеш за реките и се` што плива во нив? Таџ Махал да. Но што кога постојат цели населби натрупани со лешеви?
Така да Индија е земја каде што не би ја посочил за пример. Зборам прво за раслојувањата и поделбите на касти, после тоа вистинската „успешност“ зад која стои Таџ Махал.
Македонија сеа е мала во државни рамки. Така да, не е потребно премногу да се инвестира за подобрување на инфраструктурата. Но не се инвестира доволно. Или скоро и да не. Само мачкање очи.
За Културното наслество знам дека се инвестира(ше) за ископувањето. Некаква си блиц-криг кампања за Калето. Денес е затворено, и тоа не поради нередите што беа, туку поради недостаток на пари. Башка ископувањето е изведено да не речам аматерски, многу набрзинка. Тоа не се прави така. За Стоби е веќе друг муабет.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
СК нема да биде затрупано со лешеви
:igra
Но ќе постане ghost town/ќе има негативен прираст во најлош случај. Или со сиромаштија ќе биде облепен. За ова што сеа е изградено треба уште толку пари за одржување/конзервација.
 
Astrostoper

Активен Член
5 март 2012
224
249
43
Но ќе постане ghost town/ќе има негативен прираст во најлош случај. Или со сиромаштија ќе биде облепен. За ова што сеа е изградено треба уште толку пари за одржување/конзервација.
нишо не иградивме
одвај 3 % од тоа што имаат другите метрополи
направивме од мува слон
во однос на другите европски метрополи пак останавме празни
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
нишо не иградивме
одвај 3 % од тоа што имаат другите метрополи
направивме од мува слон
во однос на другите европски метрополи пак останавме празни
Културолошки можда. Економски - се уништивме.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Знаеш шо е интересно? шо и уште не се осеќа кризата. Ама за неполна деценија коа ќе удри ама тоа така добро што ни за агрегат нафта нема да имаш да си го осветлиш домот, тоаш ќе се чешаме. Но тоа е.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Но ќе постане ghost town/ќе има негативен прираст во најлош случај. Или со сиромаштија ќе биде облепен. За ова што сеа е изградено треба уште толку пари за одржување/конзервација.
па тоа е добра работа
пари дадени за градење
и пари кои потоа ќе бидат давани за одржување и конзервација
се пари кои ќе бидат некому плата, односно пари од кои одреден број на семејства живеат и ќе живеат
не можат сите да работат во производство