Атеизам (генерална дискусија)

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
’’Повикан или не повикан - Бог е тука’’, како што би рекол големиот Карл Јунг. Меѓутоа тој Бог не е некој антропоморфен ентитет како што го прикажуваат аврамските религии; бог кој наликува на човек и со особини на човек, бог кој 24/7 не набљудува што правиме и при тоа не наградува/казнува со вечен рај/пекол заработени за 60тина годинки на Земјата.
Што знаеш пак ти за аврамските религии?
Јас на некој начин се декларирам како атеист, но сепак покрај проучување на повеќето, кабалистите имаат најдобро претставување на севишниот- ако воопшто постои.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Што знаеш пак ти за аврамските религии?
Јас на некој начин се декларирам како атеист, но сепак покрај проучување на повеќето, кабалистите имаат најдобро претставување на севишниот- ако воопшто постои.
А што ти знаеш ?
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Скоро се за еврејската- тората која е најблиска на кабалата . Основата на: христијанството, исламот, будизмот, суфизмот, деанимот, бахаизмот, скеинтологијата, јеховините сведоци.
Во наредниот цитат, ќе те замолам да бидеш покомпетентен во својот пост не само иронично дрзок. Премногу знам за религиите и затоа те цитирав;)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Скоро се за еврејската- тората која е најблиска на кабалата . Основата на: христијанството, исламот, будизмот, суфизмот, деанимот, бахаизмот, скеинтологијата, јеховините сведоци.
Во наредниот цитат, ќе те замолам да бидеш покомпетентен во својот пост не само иронично дрзок. Премногу знам за религиите и затоа те цитирав;)
Па и јас знам, па што ?

Што знаеш пак ти за аврамските религии?
Кој е овде дрзок? Јас или ти, друже мајоре ? ...не ме знаеш. ;)
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Па и јас знам, па што ?


Кој е овде дрзок? Јас или ти, друже мајоре ? ...не ме знаеш. ;)
Епа вака. Биди креативен за да водиме дискусија, аврамска религија односно религијата на Мојсеј и Аврам како негов следбеник е опишана во кабалата. Бог воопшто не е опишан како човек затоа те цитирав, и ти го негирам мислењето. Информациите што ги искажа не се веродостојни, аргументите ти се наведени како невербални, тоа не е контра мислењето мое тоа е контра измислица на религијата. Доколку се декларираш како атеист треба да ги познаваш добро религиите за да водиш дискусија за побивање на верските факти.
Бог е опишан како човек само во христијанството- исус, апостолите, англеите, демоните. Во другите религии немаат слика единствено име и слепо верување.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Епа вака. Биди креативен за да водиме дискусија, аврамска религија односно религијата на Мојсеј и Аврам како негов следбеник е опишана во кабалата. Бог воопшто не е опишан како човек затоа те цитирав, и ти го негирам мислењето. Информациите што ги искажа не се веродостојни, аргументите ти се наведени како невербални, тоа не е контра мислењето мое тоа е контра измислица на религијата. Доколку се декларираш како атеист треба да ги познаваш добро религиите за да водиш дискусија за побивање на верските факти.
Бог е опишан како човек само во христијанството- исус, апостолите, англеите, демоните. Во другите религии немаат слика единствено име и слепо верување.
бог кој зборува, бог кој се шета по градина, бог кој плете гаќи, бог кој мрази, бог кој е љубоморен, бог кој е гневен, бог кој се спушта од небото со неговата Слава, бог кој може да се види (Мојсеј, Енох и Езекиел кажуваат дека го виделе) ... да не набројувам... Какви се овие особини, друже мајоре, ако не се човечки особини припишани на Јахвета ?
Патем, кога велам аврамски религии, посочувам на Јудаизмот, Христијанството и Исламот.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Сите кабалистички книги се пишувани, употребувајќи зборови кои се чини реферираат за работи и луѓе, но факт е дека ниту еден збор во кабалата и нејзините книги не зборуваат за физичкиот свет, и ако не научиш да ги читаш овие книги од прав кабалист со автентично учење едноставно погрешно ќе ги разбереш. Не е важно колку си бистар или твојот коефициент на интелегенција на крај ќе завршиш со продукт на својата имагинација и ништо повеќе.
Аврамската религија претставува кабалата и е прва религија- наука основана во 1947-48 ПНЕ. како нејзин производ резултираат горенаведените од кои прва е тората, втора библијата, трета исламот кои развиле подрелигии. Многу погрешно се поврзани ново создадените религии, затоа одговорот така го попримаш.
Мудроста е ни повеќе ни помалку редослед на корените што виси долу по патот на причината и последицата, со одредени правила споени во единствена цел, опишана како "Окровение на неговата светост на неговите креатури на овој свет" .
Конечната севкупуна сила, Создателот е сума на сите светски сили и највисоко ниво во линијата на повисоки управувачки сили.
Овој е описот на Господ во правата аврамската религија.
Не сум овде да проповедам религии кои во Македонија се сметаат за секти, јас сум атеист но оваа е најразбирлива, каде немаш никакви храмови или задолженија проповеди исполнети со ритуали, едноставно веруваш во науката како атеист, но сепак не ги негираш другите верувањата на другите. Мора луѓето да веруваат во нешто и да се залагаат за нешто во спротивно животот би изгубил секаква смисла. Прости примери. Верувам во престиж кој кога би го достигнал би се сплотил со духовен мир, за кој се залагам и ќе продолжам да се залагам и се надевам дека некогаш ќе го достигнам.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Добро што има врска Кабалата со целиов муабет? Муабетов беше за јудео - христијанскиот - исламскиот бог кој е прикажан во ’’светите книги’’ со антропоморфни особини. Верниците на овие религии имаат погрешна концепција за ентитетот Бог. Патем, аврамската религија на Аврам не е ништо повеќе, ами плагијат на сумерскиот паганизам. Ништо чудно, дедо Аврам бил сумерец кој дошол во Хананската земја од Ур халдејски.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Добро што има врска Кабалата со целиов муабет? Муабетов беше за јудео - христијанскиот - исламскиот бог кој е прикажан во ’’светите книги’’ со антропоморфни особини. Верниците на овие религии имаат погрешна концепција за ентитетот Бог. Патем, аврамската религија на Аврам не е ништо повеќе, ами плагијат на сумерскиот паганизам. Ништо чудно, дедо Аврам бил сумерец кој дошол во Хананската земја од Ур халдејски.
Епа сите тие религии се поврзани со кабалата и со Аврам. Како и да е дискусијата на темава премина во погрешна насока.
Бог е претставен во христијанската сликовито на икони како водич Исус Христос апостолите и ангелите, како што и лукавиот. Во другите само вербата према него е опишана нема никаква физиономија спомната.
Паганските празници и ти сам ги славиш да те подсетам, Нова година е пагански празник, паганизмот е прифатен и од верниците и од атеистите;)
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
прашање до 4FUN (го продолжуваме муабето од темата за вонземјаните) како ке докажиш пријателе дека господ навистина постои идека еволуцијата воопшто не се случила...?
дај ми доказ дека адам и ева постоеле и дека ние сме нивни потомци...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav