’’Повикан или не повикан - Бог е тука’’, како што би рекол големиот Карл Јунг. Меѓутоа тој Бог не е некој антропоморфен ентитет како што го прикажуваат аврамските религии; бог кој наликува на човек и со особини на човек, бог кој 24/7 не набљудува што правиме и при тоа не наградува/казнува со вечен рај/пекол заработени за 60тина годинки на Земјата. Бог постои и тој само Е, и не се меша во животот на луѓето. Сите овие страдања по светот, смрт на невини луѓе...тоа не е затоа што тие невини лица му згрешиле на бог...тие се на некој начин колатерална штета ако може така да се нарече. Луѓето се само дел од божествениот план, запчаник во машината...Зарем не е налудничаво да се верува дека во овој бескраен универзум ние да сме во центарот на вниманието на некој бог, та имало потреба од ритуали, принасање жртви за тој некој бог да се смилувал, подарил здравје бла бла? Бог не може да се види. Секако дека не може доколку го перцепираш како некој старец со брада. Бог е насекаде околу нас и во нас самите. Бог е во секоја тревка, дрво, камен, Бог е јас, јас сум Бог, Бог е целиот Универзум...Не можам да не верувам во Виша Интелигентна Сила која го создала Универзумот и која и самата е Универзумот, било да се нарече Бог, Креатор, Енергија, Големиот Дух итн ... Имаше едно мислам вака одеше: Шансите да сиот живот на Земјата е створен случајно се исти со шансите да кога би удрило торнадо во некој авто отпад од деловите во отпадот се состави автомобил. Но не можам ни да верувам дека редовното одење во црква, целивањето икони, славењето на некој светец кој е мртов веќе 1000 год. ќе ми донесе здравје и бериќет. Ова е мојот став и концепција за ентитетот кој кај нас е познат под називот Бог, при што како што јас не се сложувам со мнозина така и не очекувам секој да се сложи со мене ...