Сите кабалистички книги се пишувани, употребувајќи зборови кои се чини реферираат за работи и луѓе, но факт е дека ниту еден збор во кабалата и нејзините книги не зборуваат за физичкиот свет, и ако не научиш да ги читаш овие книги од прав кабалист со автентично учење едноставно погрешно ќе ги разбереш. Не е важно колку си бистар или твојот коефициент на интелегенција на крај ќе завршиш со продукт на својата имагинација и ништо повеќе.
Аврамската религија претставува кабалата и е прва религија- наука основана во 1947-48 ПНЕ. како нејзин производ резултираат горенаведените од кои прва е тората, втора библијата, трета исламот кои развиле подрелигии. Многу погрешно се поврзани ново создадените религии, затоа одговорот така го попримаш.
Мудроста е ни повеќе ни помалку редослед на корените што виси долу по патот на причината и последицата, со одредени правила споени во единствена цел, опишана како "Окровение на неговата светост на неговите креатури на овој свет" .
Конечната севкупуна сила, Создателот е сума на сите светски сили и највисоко ниво во линијата на повисоки управувачки сили.
Овој е описот на Господ во правата аврамската религија.
Не сум овде да проповедам религии кои во Македонија се сметаат за секти, јас сум атеист но оваа е најразбирлива, каде немаш никакви храмови или задолженија проповеди исполнети со ритуали, едноставно веруваш во науката како атеист, но сепак не ги негираш другите верувањата на другите. Мора луѓето да веруваат во нешто и да се залагаат за нешто во спротивно животот би изгубил секаква смисла. Прости примери. Верувам во престиж кој кога би го достигнал би се сплотил со духовен мир, за кој се залагам и ќе продолжам да се залагам и се надевам дека некогаш ќе го достигнам.