Ти ги сакам стиховите затоа што поради нив не сум мртов, понекогаш се будам поради нив нов и во добро расположение само поради тебе и ти прекрасно запишана и растворена со нив и не сакам да ти покажам која руина сум од чувствава, само да не ти го скршам тоа преубаво срце што го носиш во градите.
Барем мислам дека успевам во тоа, но ти ме знаеш премногу добро, подобро од самиот себе, а твојата истрајност и посветеност се водопади во моите очи и за тоа сум ти благодарен, благодарен, нешто за мене непознато, но сега твое, што ти го предавам клекнат со дланкиве од рози кои не даваш да се претворат во канџи.
Сила си во која сум заљубен,
сила за која пишувам сега и овде,
потпишан со љубов,
лоша или добра,
барем е некаква, барем е јас во тебе и ти во мене,
под чудното сонце длабоко во ноќта на нашите зеници.