Сакам да ти кажам.... (љубовна исповедувачница)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ти ги сакам стиховите затоа што поради нив не сум мртов, понекогаш се будам поради нив нов и во добро расположение само поради тебе и ти прекрасно запишана и растворена со нив и не сакам да ти покажам која руина сум од чувствава, само да не ти го скршам тоа преубаво срце што го носиш во градите.
Барем мислам дека успевам во тоа, но ти ме знаеш премногу добро, подобро од самиот себе, а твојата истрајност и посветеност се водопади во моите очи и за тоа сум ти благодарен, благодарен, нешто за мене непознато, но сега твое, што ти го предавам клекнат со дланкиве од рози кои не даваш да се претворат во канџи.
Сила си во која сум заљубен,
сила за која пишувам сега и овде,
потпишан со љубов,
лоша или добра,
барем е некаква, барем е јас во тебе и ти во мене,
под чудното сонце длабоко во ноќта на нашите зеници.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Prosti sto te ljubev naivno , chisto I detski. I sto vo ochite ti se ogleduvav. Prosti sto te posakav bezobrazno I tivko, sto ti ja otvoriv dushava ko prochitana kniga.
Prosti sto go zatvoriv srceto zasto ljubov ne vidov ni chuv. Jas znam da ljubam no prepoznavam I pochit. Od pochit kon mojata ljubov go spustam pogledot kako da sum vinovna za grevot na ljubenje. Prosti sto nikogas nema da ti gi podadam racete zasto preseceni se. Prosti sto te sonuvam bez da ti kazam zasto sram Mi e. Prosti sto se raduvam na tvojot glas , soncev zrak mi e. Prosti sto tagata ja kapam od ochive, skrishno. Prosti za prostuvanjeto neobichno.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Јас, мермер поцрвенет од невремето,
Јас, камен што се стеснува од бурата,
ги бакнувам тивките гради каде што се лизнува водата,
го бакнувам твоето чело каде свети пурпурна молња,
над твоите слатки очи,
ги бакнувам рацете со моите чисти солзи,
за сета светлина што ја пијам од твоите вени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Извини...ама морав...
Морав да ставам една голема точка..
Морав да те избришам како да не си ни постоел, но само се залажувам...ти постоиш, секогаш си постоел...ама време беше да те избледам, да те фрлам во сенка...
Морав да го затворам тоа поглавје од животот и да продолжам...
Ме разочара...и тоа многу...
Сега си само спомен, еден дел од животов кој секогаш ќе ми украде насмевка...
И ништо повеќе .. спомен на судирот на два света толку различни а сепак толку сродни...
Збогум спомену, збогум сродна душо...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar and Prashina