Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
220px-Stelae_of_Ankh-af-na-khonsu.jpg
„Телемитската теологија смета дека сето манифестирано постоење е плод на интеракција на два космички принципа: бескрајно проширен, сеприсутен Простор-Време Континиум; и атомски, индивидуално искажан Принцип на Живот и Мудрост.
Преплетувањето на овие два принципи му овозможува раст на Принципот на Свеста кој владее со Постоењето. Во Книгата на Законот, божествените Принципи се претставени со тројството на древните Египетски Божества: Нуит, Божицата на Бесконечниот Простор; Хадит, Крилестата Змија на Светлината; и Ра Хоор Куит (Хорус), Сокологлавиот Соларен Господ на Космосот.“
- Теологија на Телема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63

Уф веќе со таа твоја телема...па ако навистина тој закон на телема нуди религија која ги "исполнува" сите потребни услови, ако нејзината филозофија и метафизика ни нудат решенија за најдлабоките, тешките проблеми на човештвото, ако немате грешни теории во врска со природата, не кажувате приказни за мали деца за настанакот и тн....епа зошто бе Хепта сте сеуште анонимни, безгласни, тајанствени..и не учиме во школо за ОТО...(facepalm)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Уф веќе со таа твоја телема...па ако навистина тој закон на телема нуди религија која ги "исполнува" сите потребни услови, ако нејзината филозофија и метафизика ни нудат решенија за најдлабоките, тешките проблеми на човештвото, ако немате грешни теории во врска со природата, не кажувате приказни за мали деца за настанакот и тн....епа зошто бе Хепта сте сеуште анонимни, безгласни, тајанствени..и не учиме во школо за ОТО...(facepalm)

Да, Законот на Телема нуди решение за се - ако знаеш да го применуваш и ако го разбираш...
Постојана работа врз себе си дава резултати, а не бегање од себе си и користење на форуми за да се „убие време“ - наместо да се учи нешто повеќе и направи повеќе :)

И како мислиш анонимни? О.Т.О. е Таен Ред заради своите иницијации и учења, не заради тајност на самите иницијанти... има разлика која ти не ја согледуваш бидејќи не ни знаеш што е О.Т.О. ниту Телема ниту пак како се врзани...
Зошто доаѓаш на темава?

Сега за прашањава твои кои ќе бидат добар одговор и за други, некои идни талкачи...

Дали знаеш твојот комшија дали е христијанин или муслиман, дали е методист или јогин? Или претпоставуваш?
Или пак сите наоколу мора да трчаат и да зборуваат кои се и што се?

Има Телемити кои не се анонимни, но ти ги немаш за пријатели таквите луѓе... Во Македонија има Телемити кои ако зборуваш со нив и ги прашаш дали според разговорот тие се Телемити - ќе ти одговорат потврдно. Но нема да ти зборуваат дека се Телемити и да се удираат во гради заради тоа...
Дали е јасно?
Понекогаш дозволуваш да те понесе моментот и не размислуваш што и кому пишуваш, а нема потреба за тоа...
Ако не ти чини темава Телема, оди пишувај за кармини и читај за лакчиња за нокти и убивај време додека тоа те јаде тебе... не ме заморувај со вакви постови, цитирајќи ме мене...

Бидејќи не разбираш што пишувам ниту што споделувам ниту пак сакаш да научиш нешто повеќе...
 
Последна промена:

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
fa.jpg
Уф веќе со таа твоја телема...па ако навистина тој закон на телема нуди религија која ги "исполнува" сите потребни услови, ако нејзината филозофија и метафизика ни нудат решенија за најдлабоките, тешките проблеми на човештвото, ако немате грешни теории во врска со природата, не кажувате приказни за мали деца за настанакот и тн....епа зошто бе Хепта сте сеуште анонимни, безгласни, тајанствени..и не учиме во школо за ОТО...(facepalm)
Затоа што битни се резултатите не маркетингот. Кога законот на Телема беше објавен во 1904-та, речиси ниеден од ставките на Liber Oz не беше реалност. Жените немаа право на глас, хомосексуалците беа казнувани и затворани, слободата на говор беше мислена именка во поголемиот дел од светот, слободата да се облекуваш како ти е волја беше пуста желба, слободата да љубиш како ти е волја исто така.
Денес сите точки од Liber Oz се реалност. Жените се рамноправни со мажите, хомосексуалноста не се казнува, правото да мислиш и зборуваш слободно е реалност, правото да се облекуваш како ти е волја исто така.
За само еден век, новиот еон го смени човештвото од корен. Не учите во школо за Телемата затоа што ја живеете, затоа што е реалност.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Отвори ја прикачената датотека 32848

Денес сите точки од Liber Oz се реалност. Жените се рамноправни со мажите, хомосексуалноста не се казнува, правото да мислиш и зборуваш слободно е реалност, правото да се облекуваш како ти е волја исто така.
За само еден век, новиот еон го смени човештвото од корен.

Бајаги ја претера, дај малку скромност...положбата на жената во уште многу земји е во незавидна положба, оти таму не успевате да смените нешто од корен?
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Бајаги ја претера, дај малку скромност...положбата на жената во уште многу земји е во незавидна положба, оти таму не успевате да смените нешто од корен?
Кога ќе се смени и на Балканот еднаш она „да смените“ да биде „да смениме“ - ќе биде подобар светот.
Потсвесно го влечите синдромот на симболот „спасител“ да е надвор од вас!
Како што е сказната за Исус - кој го спасува светот со својата крв, или кога евреите ги мачкаат своите влезни врати со туѓа крв за да не влезе анѓелот на смртта...
Дајте малку и вие нешто направете заедно со другите за промена на светот...

Ајде да заборавиме или поточно, да им дадеме подобри објаснувања на сказните од стариот еон и сите да го менуваме светот - заедно! Што велите?
Разбудете се... бидете свои, правете што ви е волја и тоа нека биде целиот закон.
Љубовта е закон, љубов под волја :)

П.С. Од Законот (LAW) произлегуваат 4 зраци!
Liberty!
Life!
Light!
Love!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Будни сме одамна и еве, ајде да го менуваме светот...но КАКО???
Наједноставен чекор е да почнеш да го менуваш својот мал универзум чекор по чекор, менувајќи се себе си ...
Бидејќи заглавени во секојдневието и секојдневните рутини - е голема пречка и мора да се надмине... :)
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Наједноставен чекор е да почнеш да го менуваш својот мал универзум чекор по чекор, менувајќи се себе си ...
Бидејќи заглавени во секојдневието и секојдневните рутини - е голема пречка и мора да се надмине... :)
бајки за деца ли ми кажуваш...па сами си се заглавивме во секојдневните рутини, сами се откажавме од слободата во име на комодитетот...нема враќање...касно е чедо мое(што би рекол бог);)
 
Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,881
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
бајки за деца ли ми кажуваш...па сами си се заглавивме во секојдневните рутини, сами се откажавме од слободата во име на комодитетот...нема враќање...касно е чедо мое(што би рекол бог);)
Сама си се заглавила... ти на погешни места користиш множина и се ставаш во група со другите или наметнуваш твоја вистина и живот на другите за да се чуствуваш ок :)
Ако ти е касно, тоа е... Нема да дојде никој да те спасува... заборавете на тоа.