Мене ми се има десено во автобус , прва година , на враќање од школо еден манијак од човек , околу триесетинна години , смеѓ , во плава блуза и фармерки да застане зад мене и да се изживљава врз мене , тогаш сум била многу наивна и глупава личност и од страв сум се вкочанила за на крај пред да се симне од автобус да ме фати дури и за половина и да ме стиска .
Буквално се вкочанив , не сум знаела ни што ми прави , само знам дека се стуткал во мене , и го осеќав неговиот пенис како ми го допира газето , ама мислев дека имало многу гужва и поради тоа е стуткан во мене . Дури и се местеше онака како што му одговара на него.
Кога стасав на железничка , за да си го фатам вториот автобусот за кон дома , плачев ко дете па и дете сум била , се почувствував толку неубаво , па и силувано , чувство што не можам ни да го опишам. А далеку било од силување, не можам ни да им влезам под кожа на оние лица што го доживеале тоа. Навистина страшно. Тој цел ден сум плачела. Ништо не сторив за тој мене тоа да ми го направи, да ме стегне за половина. А и сум била во фармерки и туника што ми го покриваше газето. Како вчера да беше, ми текнува и многу ми е криво што не му залепив еден шамар. Да сум сега на овие години, леле би му го фатила курот и ќе му го искорнам и би го тепала тука у автобус пун. И би кажала на цел глас шо перверзњак е и би го сликнала и би го ставила на сите можни страни, колку за предупредување на другите девојчиња. А Господинот инаку носеше и прстен. Сум го приметила. На тие години бев многу тажна и уништена поради чинов, ама на овие години сум само многу бесна.