Пред мене рис во планина, прекрасен, зрачи со убавина и се мести да го сликнам со мобилниот, на секој блиц ми бега и се смее, не можам да го насликам, бегајќи од уште еден мој обид, паѓа во дупка, дотрчав да видам што се случи со него, беше легнат и обвиткан со златна змија, за да се претворат во фотографија на платно, која почна да бледее во недоглед.
@malo
Отвори ја прикачената датотека 29948
неможам ни да размислувам за значењето, бидејки ја доживеав сликата и ме магепса некако
Змијата е промена, премин е кон нешто ново, златна е плус, значи во прашање е нешто многу сериозно... ама ми се чини дека и предходно, во предходни толкувања сум ти го рекла тоа, дека ти предстојат промени, е сега незнам дали постојано се менуваш или уште не си ја доживеал промената. Ако е првото, тогаш оваа промена ке биде некако посилна, постојана, ке фати корени
, а ако е второто, тогаш биди сигирен дека чекањето многу ке ти се исплати.
Рисот некако како да сака да те однесе во правец каде не би требал да одиш, свесно знаеш дека на некои нешта треба да се одолее, ама ти бираш да не одолеваш, се препушташ на искушението, ама... промената ке направи нештата да бидат овој пат на страната на разумот.