Чувството кога некому ќе помогнеш и ќе те напушти, мислејќи дека те надмудрил.
Оn second thought, своите чувства некако полесно ми е да ги пребродам, но туѓите малку потешко.
Мислам дека повеќе ме боли кога гледам блиски луѓе како тешко страдаат отколку кога јас страдам.
Роднина во фамилија, девоче 11 години го загуби татка си кој замина млад на 35 години. Никогаш не го преболев кршењето на нејзиното срце. Сега јас се грижам делумно за неа, ме боли што не можам никако да и ја намалам болката.
Татко ми се бореше со рак, три агонизирачки месеци. Кога замина бев многу повреден но тоа го преболев. Не го преболев страдањето на сестра ми.
Не е убаво баш чувството кога се плашиш на блиските да не им се случи нешто отколку на себе. Често кога мислам на темата и паника ме фаќа.