Јас сакам апсолутна лична слобода, без држава!!!
Не ми треба друг да ме чува, да ме храни, да ми обезбедува убав живот... да го злоупотребува мојот труд, да ми ги краде плодовите стекнати од мојот труд, да ми ги ограничува и да ми наплатува за природните ресурси кои подеднакво им припаѓаат на сите, да ми ја ограничува слободата, интелегенцијата и потенцијалот со изговор дека сето тоа е за мое добро, да ме лаже и со ефтини трикови да ме наведува да си го нарушам квалитетот на животот, за да можат тие добро да ја изиграат улогата на мои спсители ... не сакам да сум број на ничија ранг листа, не сакам да сум марионета, не сакам да сум роб, не сакам да сум жртва!!!
Секој оној кој донесува одлука која влијае на други луѓе, а притоа не побарал согласнот, за мене е зло!
Никој нема право да одлучува наместо мене, наместо тебе, наместо сите нас...