Политички настани во Македонија

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Каков ли само менталитет сме ние ?!
Бегам да не бидам во Комунистичкиот и успевам во тоа, опседнатост со политика по цел ден , турски серии , временска прогноза , и други канцерогени емисии и информации кои секојдневно се емитуваат на нашиве телевизии ...
Како епидемија , дома , надвор , на работно место, се е политика секој разговор сочинува некогаш повеќе некогаш многу повеќе политика , дали народов плата зима да ги збори кој што правел како правел ,ај тие бадијалџии што се некако да ги сватам и дел од пензионерите ...
Кога ќе го предскажете сето ова во еден колаж мислам дека ќе делува повеќе од застрашувачко и малидно ..
Свеста ни е на нај ниско ниво ,а не сме свесни за тоа , има милион работи со кој треба да се занимава еден Македонец/ка преку цел ден ,а тоа не е политика !! :place ( нормално јас не се занимавам ниту пак ме интересира ) :kafe;)
Извини вака ама државава затоа е на ова дереџе, сите сакаат да наведнат глава и накриват капа, демек незаинтересирани..и сега го јадеме стапот и не подјебава кој стигне..ама ние пак сме незаинтерсирани,нели;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па тие се ставени они да бидат тие кои ќе се грижат , за тоа сме ги обрале , ако бидеме сите инволвирани треба да седиме во собрание не тука ,или да ни даваат пола плата ?!?!?
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Па тие се ставени они да бидат тие кои ќе се грижат , за тоа сме ги обрале , ако бидеме сите инволвирани треба да седиме во собрание не тука ,или да ни даваат пола плата ?!?!?
Абе како ставени, ние сме ги ОБРАЛЕ??:rofl
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па ние сме ги одбрале да ,ама они да мислат не јас и ти сваќаш ...
Тоа го зборам ! ;)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Понекогаш, во последно време многу често ми прелетуваат мисли за тоа дали навистина овој народ се залага за демократски услови на живеење или едноставно моли бога да попие пендраци, да биде угнетуван од автократски режими, омаловажуван од соседни држави за да после плачипичкосува по меѓународни организации за корка леб и лажна сигурност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Р.Хунзистан е уште една во низата трагични грешки, бесмислени творби родени од историските околности, како и Албанија, Србија, Бугарија, Босна, Бурма, Централноафриканската република (каде што прецеднико станал цар едно време)... кога ќе размисли човек тоа би биле барем 50% од државите кои некогаш постоеле.

Отоманското царство и Црно-жолтата монархија на хабсбурзите позната како кајзерлише унд конигише остерајх унд хунгарн претставувале историски величини во споредба со повеќето од денешниве држави...
Имам идеја за правење на тоалетна хартија со фаци од политичари и знамиња од држави, ама не можам да најдам инвеститор :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and malo

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
611
103
Подобро да ни ги дадат избирачките спискови и со нив да си ги бришеме газовите.
Циркузијада продолжува, тензијата расте...има нема има нема..абе КЕ има ли избори на 5 јуни или НЕ..немора да дојдат од сдс на избори, нека признат пораз и неспособност да ја симнат оваа власт.
Ова е ПРЕТЕРИЗАМ и иживување со трпението на народот(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and corki

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
За да има фер и демократски избори, на кои народот без протисоци, опструкции и диктати ќе избере свои пратеници а преку нив и влада, потребно е до 5-ти јуни да се исполнат следниве услови:
Да имаат право на глас Бејли, Гарет, Алтхаузер, Орав и Хојте. Односно секој нивен глас да вреди како 10.000 гласа на обичен граѓанин , и да може да се бројат личните карти на Чауш ?!?! (facepalm)(facepalm)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Збoрувaјте ми зa тoa кoлку ГМO се безoпaсни oткaкo ГМO фикус избегa oд сaксијaтa и дoкрaјчи еднa целa држaвa.“
:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Прецеднико-амеба тукушто направи преседан непознат во историјата но многу поучен и сликовит во однос на природата на државата како ентитет.
Ги помилувал/аболирал/штоидае сите, ама апсолутно сите политичари од 1991-2016 за сторени криминали, ги укинал постапките кон кои актуелно се водат а како што разбрав тоа важело ем ретроактивно ем за во иднина, со бланко документи. (party)
Како некоја психопатско-коруптивна варијанта на Марти МекФлај, само што наместо Де Лореан овде ќе се користат хартивчиња со потпис и штембил.
Но тоа важи само за политичари, без разлика од која партија. Не е важно дали биле педофили, арамии, убијци...

За оние кои украле 150 ќебапи или оние кои им дошле извршители ради три неплатени сметки, све по старо.

Како што кажав, важна е љубафта, сакајте си ја држаата пошто таа не е како што вика забеганиот и наивен аутрајдер, корпорација за профит на политичари - него домовина, мајковина, дедоина. All we need is love тарам тарам бабам бла бла, Битлси знаеја во што лежи мудроста.