За религијата и политиката би рекол дека се појавиле кога одредени психопати (и социопати) во времето кога се појавиле првите вишоци на храна со појавата на земјоделието и на доместикацијата на животињи - смислиле начин како тој вишок да го приграбат за себе, а тоа било со сеење страв од замислена или реална закана и со измислување на механизми со кои таа закана би ја сопреле. Оттаму доаѓа и системот дивајн рајт ту рул кој со една мала измена е на сила веќе 6500 години.
Пред тоа, во времето на ловците-собирачи немало вишок на средства (ако имало било ретко) и затоа психо и социопатите немале начин да се експонираат. Мојата теорија е дека бројот на психопати е стандарден низ човековата популација, како некој вид аномалија. Е сега во време на немање на вишок - тие умирале како муви пошто не биле способни да опстанат, да уловат и соберат храна за себе или за потомството а да се краде било крајно ризично.
Бидејќи се психофизички инфериорни по природа не можеле сами да украдат... нив им треба некој друг да ги нахрани и да им обезбеди опстанок.
И така еден ден на некој психо му 7 дека постои вишок на средства и дека постои начин тој вишок да се приграби.
Се останато е само тажна....историја.
Најголем непријател на психопатијата е поимот Анархија, тоа ги плаши и ужаснува, самото споменување им креира кошмари. При анархија, животецот на психопатот не вреди многу, нема за што да се закачи како крлеж или ќе си умре или ќе настрада на друг начин.
Штета што рајата не знае што е чоколада...