Ефектот на казната

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
skroz zabegavme vo druga tema, ali ova e posledno, spijam posle... kako se pojavila potrebata od politika, obrazovnie i religija? Pak poteknala od lugjeto koi nekogash ziveele na priroden nacin.
Нема да откријам како, но секогаш нешто еволуира така? Дали на позитивен или на негативен начин. Тие три се само лоша еволуција на човештвото. Гнасите одбрале лош пат.
Sweet dreams by the vein
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Зависи и од менталитетот на рајата која се казнува или наградува. Балканот, специфично Хунзите во случајов, ако веќе се препуштиме на некои замислени колективни вредности........не се пали на награди, повеќе ги возбудува казна (можна е и сексуална фасцинација поврзана со патење), им дава некој смисол во животот, правец и насока, очекуваат авторитарна власт која на себе ќе го преземе теретот на одлучување, агонијата на одговорноста...тоа е долга традиција која оставила големи траги...
Заклучок би бил дека најефективна власт на овие простори би била онаа на Пол Пот, аграрен реформатор од братска Камбоџа...

Затоа рајата тука е шокирана од можноста за фер однос и за доброволна поставеност на некаков колектив, не знае како да реагира, како да пријде на таквата реалност исто како да видат Леопард кој се мота во влез на зграда, треба време за невронската мрежа во умот да изгради нови патишта, да ја свари реалноста...

Од друга страна, за личните реакции кон наградување и казнување, за мене си знам дека со казна не бидува ништо, со награда пак нема некоја разлика, најмногу реагирам на некои други ствари... требаше да ми објаснат како одат работите коа ме оставаа на оваа планета :p(party) вака морам све сам да учам и да пробам да се прилагодам барем до некоја минимална мера потребна за опстанок :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and BioTrpe

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Интересна тема ептен(y)
Имам размислувано на оваа тема, посебно откако го изгледав Whiplash. Таму беше слична тематиката, дека ако го фалиш човек никогаш нема да го достигне својот максимум, со зборовите на J. K. Simmons - "There аre no two words more harmful than good job". Човекот ги вреѓаше и понижуваше студентите до солзи, ама мислеше дека така ќе ги фати инает и ќе запнат да станат се` подобри. Кај мене тоа не оди така.
Реално за нормално функционирање на работа требаат двете. Јас барем сум заприметила кај мене дека успех и good job страшно многу ме мотивираат. Конкретно и јас имав една ваква професорка која беше страшно принципиелна и бараше огромно знаење и точност. За да ја импресионирам поминав огромно време на тоа што го работев, барав од странска литература податоци, експандирав, читав и на крај сето тоа вроди со тоа таа да ме пофали и да запомне која сум. Кога би било обратно, кога би го работела проектот за да не добијам казнени поени би го сработила, да, ама нема толку да се внесам и нема да сакам да одам подалеку и подобро, туку цел ќе ми е само да не добијам казна. Ама па некогаш убаво е да знаеш дека нештото ако не го сработиш, губиш, за да не се опуштиш премногу. Убаво е да се знае дека некаде има граница и дека ако ја поминеш ќе си следаат соодветни санкции.
Конкретно кај нас проблемот е што афирмација и унапредување речиси и да нема, па луѓето се навикнати да работат само со казни и притисоци. Од друга страна, некои луѓе ако не ги притиснеш теорија нема да ти сработат нешто. Секој на различно "копче" пали.
Земете за пример сообраќајот во Скопје. Единствен начин да е колку толку во ред е да стои полицаец на раскрсница и да казнува. Стокава од народ никако да се сети, да си стави прст на глава и да си рече, чекај ако возам 100 km/h може да го усмртам некого.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За религијата и политиката би рекол дека се појавиле кога одредени психопати (и социопати) во времето кога се појавиле првите вишоци на храна со појавата на земјоделието и на доместикацијата на животињи - смислиле начин како тој вишок да го приграбат за себе, а тоа било со сеење страв од замислена или реална закана и со измислување на механизми со кои таа закана би ја сопреле. Оттаму доаѓа и системот дивајн рајт ту рул кој со една мала измена е на сила веќе 6500 години.

Пред тоа, во времето на ловците-собирачи немало вишок на средства (ако имало било ретко) и затоа психо и социопатите немале начин да се експонираат. Мојата теорија е дека бројот на психопати е стандарден низ човековата популација, како некој вид аномалија. Е сега во време на немање на вишок - тие умирале како муви пошто не биле способни да опстанат, да уловат и соберат храна за себе или за потомството а да се краде било крајно ризично.
Бидејќи се психофизички инфериорни по природа не можеле сами да украдат... нив им треба некој друг да ги нахрани и да им обезбеди опстанок.
И така еден ден на некој психо му текнало дека постои вишок на средства и дека постои начин тој вишок да се приграби.
Се останато е само тажна....историја.

Најголем непријател на психопатијата е поимот Анархија, тоа ги плаши и ужаснува, самото споменување им креира кошмари. При анархија, животецот на психопатот не вреди многу, нема за што да се закачи како крлеж или ќе си умре или ќе настрада на друг начин.
Штета што рајата не знае што е чоколада...:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and BioTrpe

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://thecityfix.com/blog/naked-streets-without-traffic-lights-improve-flow-and-safety/

Имало некој град во Холандија (и во Англија по тој пример) каде што ги укинале сите семафори, знаци, линии по градот... и сообраќајките за година дена биле 1/10 од бројката пред укинувањето. Пошто одговорноста е пренесена од државата/казнителот кон поединецот кој нема сејфти нет и мора да пази за себе во прв ред, а потоа и за другите.
Ама тоа е Холандија...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and malo

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
@Outrider , гледан ти е The Experiment со Адријан Броди? Римејк е на Германскиот Das Experiment.
Мислам дека оваа тема таму најубаво е разработена, каква е психологијата на луѓето кога ќе се најдат во различна ситуација од нивниот секојдневен живот.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Koga na covekot bi mu bila ovoznmona maksimalna sloboda, togash vo negovata svest ke se razvie eden del koj bi bil svesen za posledicite od svoeto odnesuvanje i vo toj slucaj ne bi imalo potreba od kazni.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and BioTrpe

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мене да ми дадат слобода би ги убил сите политичари кај нас, до еден. :)
Во врска со темава, јас сум за казнување. Мислам дека подобро би било кога би се казнувале тие што ќе направат нешто лошо. На пример еве за мали деца кои плачат насекаде, нив не само што треба да се казнуваат туку треба и шамари да се делат. Ако не разбере после првиот шамар, следниот пат два и така додека разбере, како што прават Кинезите. Ги кршат од ќотек децата затоа по улица детето кога ќе прашаат дали сака нешто, со главата одговара да или не.
Овде е обратно, детето ти кажува да купиш, мрдната работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
За религијата и политиката би рекол дека се појавиле кога одредени психопати (и социопати) во времето кога се појавиле првите вишоци на храна со појавата на земјоделието и на доместикацијата на животињи - смислиле начин како тој вишок да го приграбат за себе, а тоа било со сеење страв од замислена или реална закана и со измислување на механизми со кои таа закана би ја сопреле. Оттаму доаѓа и системот дивајн рајт ту рул кој со една мала измена е на сила веќе 6500 години.

Пред тоа, во времето на ловците-собирачи немало вишок на средства (ако имало било ретко) и затоа психо и социопатите немале начин да се експонираат. Мојата теорија е дека бројот на психопати е стандарден низ човековата популација, како некој вид аномалија. Е сега во време на немање на вишок - тие умирале како муви пошто не биле способни да опстанат, да уловат и соберат храна за себе или за потомството а да се краде било крајно ризично.
Бидејќи се психофизички инфериорни по природа не можеле сами да украдат... нив им треба некој друг да ги нахрани и да им обезбеди опстанок.
И така еден ден на некој психо му 7 дека постои вишок на средства и дека постои начин тој вишок да се приграби.
Се останато е само тажна....историја.

Најголем непријател на психопатијата е поимот Анархија, тоа ги плаши и ужаснува, самото споменување им креира кошмари. При анархија, животецот на психопатот не вреди многу, нема за што да се закачи како крлеж или ќе си умре или ќе настрада на друг начин.
Штета што рајата не знае што е чоколада...:(
Glavniot vinovnik e egoto. So razvivanjeto na samata svesnot kaj covekovite sushtestva, se razvila i spored mene, taa pogreshna predstava za sebe koja doprinelacovekot da se cuvstvuva odvoen od celinata. Koga covekot ke uspee da razbere deka ne e odvoen , tuku deka toj e celinata, togash ne bi se buntuval , ne bi ubival, nebi kradel, ne bi mrazel... koga covekot ke razbere deka toj i celinata se edno isto, ke razbere deka so sekoja krazba toj vsushnost krade od sebe, so sekoe ubistvo, sebesi se ubiva... grabanjeto za sebe, licnoto bogatenje e vsushnost osiromashuvanje, samo iluzija koja egoto mnogu dobro znae da ja prikaze kako neshto realno. Coveshtvoto moze da se izleci samo ako svati deka e del od edna celina, od eden sistem i koga ke prestane da pribira za sebe. Sosema se soglasuvam za anarhijata, no ne sum sigurna dali anarhijata ke ima mok da ni ja promeni svesta ili pak prvo treba svesta da se promeniz za da nastane anarhija
 
А човекот ќе сфати само тогаш кога на тој што краде ќе му се исече раката. Следниот би требало да размисли, освен ако сака со една рака да биде.