@Outrider , гледан ти е The Experiment со Адријан Броди? Римејк е на Германскиот Das Experiment.
Мислам дека оваа тема таму најубаво е разработена, каква е психологијата на луѓето кога ќе се најдат во различна ситуација од нивниот секојдневен живот.
Германскиот го имам гледано а римејкот не... тоа бил реален експеримент во америка некаде... е сега не е тоа околу различна ситуација туку што би правеле доколку им се даде авторизација од надворешен авторитет и доколку се заштитат од последиците на своите дела...
Glavniot vinovnik e egoto. So razvivanjeto na samata svesnot kaj covekovite sushtestva, se razvila i spored mene, taa pogreshna predstava za sebe koja doprinelacovekot da se cuvstvuva odvoen od celinata. Koga covekot ke uspee da razbere deka ne e odvoen , tuku deka toj e celinata, togash ne bi se buntuval , ne bi ubival, nebi kradel, ne bi mrazel... koga covekot ke razbere deka toj i celinata se edno isto, ke razbere deka so sekoja krazba toj vsushnost krade od sebe, so sekoe ubistvo, sebesi se ubiva... grabanjeto za sebe, licnoto bogatenje e vsushnost osiromashuvanje, samo iluzija koja egoto mnogu dobro znae da ja prikaze kako neshto realno. Coveshtvoto moze da se izleci samo ako svati deka e del od edna celina, od eden sistem i koga ke prestane da pribira za sebe. Sosema se soglasuvam za anarhijata, no ne sum sigurna dali anarhijata ke ima mok da ni ja promeni svesta ili pak prvo treba svesta da se promeniz za da nastane anarhija
Анархичните односи меѓу луѓето веќе си постојат и тие се воедно најубавите (иако се ризик и може да бидат кошмар, но тоа е дел од животот).
На пример имање деца, сопруга, дечко, пријатели, другари, ортаци...било каков доброволен однос со луѓе е анархична ствар бидејќи не постои насилен авторитет кој делегира контакти или партнертства со раја, се` е оставено на интересот, желбата и совеста на поединецот.
Тоа пренесено во една поширока смисла, каде што не само наведените туку и било кои односи би биле на основа на доброволно здружување и акција... е социјалната Анархија.
Проблем е што мислам дека процентот на психипати е секогаш константен иако психопатијата по се` изгледа не е наследна, некои испитувања зборуваат за 1 од 200 луѓе како психо а 1 од 25 како социопат (психо за сиромашни)... од другата страна на човештвото (да кажеме добрата) се оние кои ги викаме Херои (1 од 200) кои можат да направат сериозни подвизи, да спасат луѓе и сето тоа...е 1 од 25 е алтруист (херој-лајт
)...
така да секогаш ќе има арамии и секогаш ќе има добричини, работата е да им се оневозможи на првите да имаат власт над сите останати, макар и по цена да бидат елиминирани
Останатите 90-91% од раја се нешто измеѓу, табула раса, сива средина и се приклонуваат кон една или друга парадигма која владее во даден момент.
Ако средината е ок, раја ќе биде ок, ако средината е срање - рајата ќе биде срање, ќе беси црнци, пали евреи и носи луѓе во полињата на смртта.