Домашни две (ФА и Шилд) и европски две (ЛШ и Супер куп). Во така лош период за Ливерпул кога менуваше газди, не беше лош. Имаше и второ место во ПЛ.Колку титули освои?
Колку елементарни непогоди по име Рафа познаваш?
Домашни две (ФА и Шилд) и европски две (ЛШ и Супер куп). Во така лош период за Ливерпул кога менуваше газди, не беше лош. Имаше и второ место во ПЛ.
Имам слушнато за еден дебел со црвени образи кој мислам дека ги има освоено сите можни трофеи кои постојат во клупскиот фудбал...
Со него Ливерпул беше светска сила, после него некако не им оди...
Ок, тие шилд и хипер-купови се псевдо-титули ама и без тоа, една освоена ЛШ, едно финале и две полуфиналиња, едно финале на СП, плус едно полуфинале на ЛЕ не е воопшто лошо, настрана што Ливерпул со него одигра некои од најјаките утакмици воопшто, вс.Милан 3-3, финалето со Вест Хем 3-3 и онаа 4-4 со Челзи се незаборавни (и не беа само тие)
Во ПЛ догура само до второ место за жал...
Успесите на Рафа се со Валенсија, не со Ливерпул. Но за жал тоа едно финале кое и сам не знае како го доби, се уште му ги отвара вратите во големи екипи. Инаку човекот е трагедија. Доби на располагање шампионски тим од Мурињо и го размонтира на парчиња. Прво што направи е што ги тргна сликите на Жозе од клупските простории. За 2 месеци го десеткуваше составот со неговиот тренажен процес иако играчите му сугерираа дека не се наоѓа во Англија, дека голем дел од играчите се влезени во години и не можат да го издржат тоа темпо. Секој натпревар губевме по еден играч. Со автобус да ги превртеше во провалија подобро ќе поминеа. Матераци и ден денес вели дека човекот е идиот. За кратко време ситуацијата дојде до бунт и го ногираа. После отиде во Челзи и таму ништо не направи. Во Наполи имаше одличен тим но не успеа ни да припари до некаква борба за титула. Сега пак му се отворија шанси затоа што се наоѓа во лига со два тима, 50/50 му се шансите и повеќе ќе зависи од формата на противникот него ли од тоа што сам ќе го направи.
Ама тоа е, некои луѓе имаат среќа а и фудбалот е спорт во кој идиоти можат да успеат, за разлика од други спортови во кои за да бидеш тренер навистина треба да ти фаќа црпката.
"Не е лош" е за тренери на Сандерленд. Кога си во голем клуб треба да победуваш од време на време.
Друго, Мурињо им ја растура атмосферата на екипите кои губат од него. Навивачите на клубовите во кои бил тренер му се поклонуваат. Мурињо победуваше и со Порто и со Челзи и со Интер. Тоа што ти го гледаш како „досадна дефанзивна тактика“ кога си против него, навивачите на неговиот клуб го гледаат како брилијантна партија фудбал во која секој совршено си ја одработува задачата. За мене стилот на Мурињо е поезија и за тоа можам да ти пишувам многу. Нема ништо неубаво за гледање ако ја сфаќаш битката што се случува на терен и се разбира, ако не си некој од оние кои си имаат мака со неговиот тим.
Светска сила која нема освоено домашно првенство 20 години.
Финалиња и втори места не се бројат. Тоа е како Аврам Грант кога броеше дека за малку не освоил ЛШ и за малку не освоил Премиер... секаде за малку не освојувал. Тоа е и Рафа во суштина, само малку посреќен.