Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
И за рандом фан е ок. Не е ок за неутрален гледач. Разбирливо, неутралниот гледач сака забава, многу голови, пресврти... И шампион со 0-0 не се станува. Значи мора да се игра на победа. И сега се се сведува на оние директни дуели како што и ти рече, во кои треба да се одигра на резултат. И тука неутралните гледачи можат да се обесат ако сакаат што се однесува до Мурињо. Тој ќе си одигра како што му одговара на клубот. Никој не дава награди за убава игра. Во спортот е важен резултатот. Оттука, секој што е неутрален гледач или противник на Мурињо може да го мрази и да негодува.

Кога сме кај убавината, како што постои совршен напад така постои и совршена одбрана. Мнозинството гледачи преферираат напад. Најпопуларните фудбалери се напаѓачи кои даваат голови. Никој не дава златна топка на дефанзивец кој одиграл перфектна сезона. Тоа се си е ок. Но јас на пример, како што знам да уживам во добар напаѓачки фудбал знам да уживам и во добра одбрана и контранапади. Јас не сум пребирлив, иначе ќе гледав само Холандска втора лига со пуканки во раце. Но јас гледам калчо и кога Италија е во форма и оди до финале на СП и ЕП уживам во нивниот начин на игра. Ме исполнува. Има глава и опашка, знаат луѓето што сакаат. Еден тим кој дише заедно, како тимовите на Жозе. Тој би бил идеален селектор на Италија еден ден. Имаше еден натпревар Италија - Холандија 0-0 на ЕП во кој Италија играше 60 минути со играч помалку. Супер натпревар, уживав во секоја минута.

На страна вкусовите: во спортот го користиш најсилното оружје, треба да знаеш како да одиграш со она што го имаш на раасполагање. Тука му нема рамен на Мурињо. Со Порто освои ЛШ и предходно ЛЕ. Со Порто, тим со половина играч (Деко). Никој и никој собрани, Нуњо Гомеш во нападот и слични од тој ранг... го елиминираше Манчестер ако се сеќавам добро. Со Интер ги помина прваците на Русија, Англија, Шпанија и Германија. Со Интер, кој не можеше едно коло во нокаут фаза да помине со Манчини. Една заедничка работа имаа Порто, Челзи и Интер под Мурињо: тимови кои дишат како еден. Се движат како еден, секој има задача, секој знае што и како треба да прави, сите се мотивирани до максимум. Се сеќавам на двомечот со Челзи кога пред натпреварот англиските медиуми го исмејуваа тимот на Мурињо а по натпреварот читав англиски колумни со текстови кои одеа вака: „Тимот на Жозе изгледаше како џин на теренот кој се појавуваше од секој агол...“

Мурињо е добар во создавање машинерија. Неговите екипи знаат да делуваат непробојно, тој знае како да ги постави работите за се да изгледа совршено.

@existence, токму од овие причини јас знаев дека тој нема да успее во Реал. Таму бараат „убав фудбал“. За Мурињо да победува него му е пред се потребна силна дефанзивна линија и организација, додека во Реал менаџментот и навивачите го одредиле стилот на игра уште од поодамна и тоа е тоа. Дефанзивци не им требаат, Серхио Рамос им е целата дефанзивна линија. Жозе играше отворено и прими 5 комада од Барса. Тоа се случува кога се надигруваш со противникот а немаш играчи за таква игра. Мајсторијата на тренерот не е да игра отворено и да даде гол повеќе туку да го извади најдоброто од тимот што го има и да постави тактика која им одговара на играчите што ги има. И тој тоа го прави.

Затоа, можам да разберам да не ви се допаѓа играта на Мурињо, тоа е сосема во ред, но треба барем да се има респект кон човек што победувал со сите екипи во кои што играл, без разлика што често пати бил со полош играчки кадар.

Интересна дискусијава. Барем за мене, пошто и тоа е прашање на вкус, мене може ми е интересно а вие сакате да си пукате во колено кога ме читате :)

За рандом тв-фан нема никаква логика, тоа е исто како да обожава глумица која не глуми никаде или да купува сладолед само корнет а внатре ништо :^)
Мене ми е најсимпатичен Арсенал во ПЛ пошто играат дечките фудбал и кај нив има отсуство на корупција, дајвови, читови и остали зла на современиот фудбал... и да освои и да не освои пак ќе го гледам најмногу пошто ги задоволува моите фудбалски потреби :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас не ги сакам пак тимовите како Манчестер Сити и Челзи кои што доминираат покажувајќи финансиска моќ. Манчестер Сити пред да станат играчка на шеиците беа тим за вадење поени, нешто како Сандерленд што се сега, ама милијардите заиграа и Етихад виде титула. Челзи пред Абрамович не беа баш ко Сити, држеа некое 6-7мо место, ама беа далеку од фаворити. Памтам дека Челзи го имаа Џанлука Виали кој што беше и тренер и играч, а во тоа време Ливерпул го имаа Пол Инс. Марк Видука во Лидс Јунајтед... Златните времиња на ПЛ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас не ги сакам пак тимовите како Манчестер Сити и Челзи кои што доминираат покажувајќи финансиска моќ. Манчестер Сити пред да станат играчка на шеиците беа тим за вадење поени, нешто како Сандерленд што се сега, ама милијардите заиграа и Етихад виде титула. Челзи пред Абрамович не беа баш ко Сити, држеа некое 6-7мо место, ама беа далеку од фаворити. Памтам дека Челзи го имаа Џанлука Виали кој што беше и тренер и играч, а во тоа време Ливерпул го имаа Пол Инс. Марк Видука во Лидс Јунајтед... Златните времиња на ПЛ.

Кај Сити е добро што исто нема корупции и дајвови а редовно играат на гол повеќе, немам видено да се бранат со некој :zelen
Е сега во еуро купови тоа не им носи резултати ама не е ни важно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Сања, Насри, Адебајор, Коло Туре, Клиши... Се` е тоа избеглици од Арсенал во Сити откако дојдоа шеиците.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider, што се „корупции“?

Сомнителни судиски одлуки во серија кои наведуваат на корупција, таква ситуација имаше со Ливерпул пред две сезони кога беа втори а секое коло добиваа пенали после дајвови и еден куп други сомнителни одлуки а тоа го имаше и последните неколку сезони кај Фергусон кога со просечен состав беше пак во врвот.
Значи 3-4 фергиеви сезони (наводно имал влијание во судиска организација) и една сезона кај вреќата со лајна која седи на клупа на ливерпул во моментов...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мислев само во Сериа А има вакви дискусии :)

Таму било све корумпирано, од чувари на стадион и ликот кој ја коси тревата, до власници, менаџери, играчи :zelen
Челзи на пример многу повеќе прават грешки против нив него за нив и затоа Мурињо кука по медиуми дека имало завера против Челзи а нема врска.
М.Ј. повеќе нема влијание, се пензионира стариот и никој не ги е*е два посто, посебно кога беше Мојс (party) Поради тие 3-4 сомнителни сезони го изгубив поштовањето према М.Ј. како клуб засекогаш, а Ливерпул се` додека им е оваа бактеријата менаџер ми е одбивен, пошто ги тера играчите да дајваат, задршуваат време, легачат и слични медитерански финти...
Исто на пример канибалот-дајвер Суарез, колку и да има фудбалски квалитети секогаш ме постетува на големо зубато лајно на две нозе...

Лани гледав хајлајтс на СК или овде некој имаше постирано од јутјуб не се сеќавам, Реал-Барселона, она е мизерија бре, два супер-скапи клуба со мега-состави се отепаа буквално од дајверство и читерство, да не претерам ама на секои 2 минути некој дајвнуваше.

Англија од оваа сезона прва воведе казни за дајвери исти како за оние кои добиваат директ црвен и тоа со помош на видео снимка после утакмица, не е важно дали судијата видел или не видел.

Е тука доаѓаме до Венгер кој никогаш не форсирал такви срања и затоа си го поштовам чоекот, без разлика што понекогаш прави бизарни трансфери :zelen и вероајтно има дебела глава, особено коа ќе запне за некој `талент` како Саного а го продаде Афобе кој е 655 пати поталентиран.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Го памтам тоа Ел Класико, отворен театар. Барса одамна го практикуваа тоа. Реал ми беше супер тим во времето на Роналдо, Зидан, Р.Карлос, Раул, Мориентес... многу го поштував тој тим. Одличен фудбал, коректни играчи. После ги удри во глава тоа Галактикоси, што год да значи, и ене ги уште глумат елитен клуб. Ми се одмилија начисто, ама сепак навивам за нив кога играат со Барселона.

Заради ова гомно ќе испадневме во полуфинале:
a095b62ba601cdf2e9b5ff3d0e9c8069_biscuitsshakey.gif

Треба да има казна по натпревар за дајвери и тоа убаво да се репнат.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Само да напоменам, како килобајт-во-секунда предизвикана особа поради провајдерот, серверот а веројатно и браузерот, постовите во овој подфорум кои содржат видео формати, гифови и големи слики ќе ги ставам во спојлер hence зголемувајќи ја брзината на аплоуд на страниците и терање на водата на моја воденица :cool:
Однапред се извинувам и се надевам дека овој чекор ќе наиде на разбирање :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence