Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Започнаа припремните утакмици пред почетокот на 117-та сезона на најдобрата, најфеноменалната и наинтересната фудбалска лига на планетата, во Сончевиот систем и во Млечниот пат.
Се очекува нешто подраматична сезона отколку претходната кога Челзи имаше контрола на ситуацијата скоро цела сезона, бранителот на титулата ќе се обиде да ги спречи Манчестер Сити, Јунајтед и Арсенал да му ја одземат круната.
Повторно Јунајтед најмногу троши, а тука некаде е и Ливерпул иако има сеуште време до првото коло на 8.Август и до крајот на преодниот рок кој ако не се лажам е на 1.Септември.
Нормално темата како општа тема за островски фудбал ги опфаќа и Чемпионшип кој последниве години станува лига со навистина неверојатни утакмици, и двата купови каде што бранители на трофеите се Арсенал и Челзи.

Освојувачите на титулата од 1888/89 наваму се следниве -

20 - Манчестер Јунајтед
18 - Ливерпул
13 - Арсенал
9 - Евертон
7 - Астон Вила
6 - Сандерленд
5 - Челзи
4 - Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Шефилд Венздеј (+1)
3 - Лидс Јунајтед, Вулверхемптон Вондерерс, Хадерсфилд Таун, Блекбурн Роверс
2 - Престон Норт Енд, Тотенхем Хотспур, Дерби Каунти, Барнли, Портсмут
1 - Ипсвич Таун, Нотингем Форест (+1), Шефилд Јунајтед, Вест Бромвич Албион
(1 - Стоук Сити)

(Во заграда се шампионските титули во конкурентната Фудбалска алијанса)
23 (24) клуба биле на врвот на Англискиот фудбал досега.

Нови лигаши се Борнмут (прв пат евер), Вотфорд и повратникот Норич Сити кои ќе ги заменат испаднатите Хал Сити, КПР и Барнли.

Кои се фаворити според вас, што ќе се случува, кој ќе испаѓа, кој ќе игра најдобар (пак Арсенал нормално:zelen) а кој најдосаден фудбал, кој ќе биде откровение а кој флоп...let the posts begin :frantic
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Швајни и Фалкао ќе бидат флопови.

Фалкао веќе го залужи тој примамлив поим :zelen

Ливерпул че заврши под Јунајтед, по бубрег се кладам!

Ливерпул е чуден клуб, го наградија менаџерот пак со 100+ милиони фунти за арчење пошто освои шесто место :rofl

Ливерпул ќе освои. Време е, а и се засилија ептен оваа година.

Next season? :zelen

Ловрен и Мангала има да растураат оваа сезона, комарец нема да помине, борбата за најдобар стрелец ќе се реши во последно коло со ножички-гол на Фалкао од 25 метра, негов 40-ти гол со што ќе му избега на Балотели за еден гол... Саного и Борини ќе се повредат и нема да можат да се борат за најдобрар стрелец.
Марковиќ вс. Јунајтед ќе ги издрибла сите 10 играчи коуст ту коуст, ќе го дрибне и Де Геа ама ќе му биде некако шубе да даде на празен гол и затоа ќе се врати назад и уште еднаш ќе ги помине сите и ќе даде гол :frantic
Рамиреш ќе трча ко Форест Гамп низ стемфорд бриџ додека не му кажат дека утакмицата у ствари завршила...

Лестер ќе го отпушти менаџерот кој со ненормална серија и јаки игри им овозможи опстанок и ќе донесе некој бош талијан-бункераш кој тукушто бил отпуштен поради пар порази од Фарски Острови и со него ќе испаднат...oh wait, this last one isn`t funny...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Арcенал водат против Евертон во финалето на Азија Купот, Cтоук трето меcто откако го тепаа сингапур некој со 2-0. Купот нема некое значење, повеќе е како пријателски утакмици и дозволени се по шест измени.
Шнајдерлин стрелец на пријателската на Јунајтед. Кој знае, можеби и ќе се покаже добро.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Вашето форумско другарче Аутрајдер ќе ви помогне подобро да го запознаете клубот со име Арсенал, моментално екипа која има најдобар фудбал на планетата, иако ова го пишувам со резерва, не сум упатен во Бразилска и Аргентинска лига, наводно и таму имало атрактивни игри.
Повеќето од вас верувам слушнале за овој лондонски клуб а ако немате слушнато би бил изненаѓен а богами и увреѓен.

Клубот бил основан во 1886 од страна на радничка класа, раја која работела во ливницата за топови Ројал Вулич Арсенал hence топови на грбот на клубот и прекарот `топџии`. Се приклучиле на лигашкиот систем како второлигаши (а тоа била` најниска` лига во тоа време) во 1893/4 и оттогаш се горе-долу во врвот на англискиот фудбал.
Прво играле на некој терен под име Манор граунд (1886-1913) за да после се преселат на култниот Хајбери (1913-2006), чуден стадион со иритантно ниско поставени камери за да во 2006 се отвори веројатно најубавиот од новите стадиони на островот познат како Д Гроув, или Ешбартон Гроув, со привремено корпоративно име - Емирати, кој собира 61К раја.
Рекордот на посета бил на Хајбери, 73.295 гледачи со платена карта вс. Сандерленд (!?) пред ратот.

Покрај сега веќе легендарниот Арсен Венгер кој ќе биде на чело јубилејна, 20.сезона, најголема менаџерска легенда е Херберт Чепмен, лик кој не само што освојувал титули туку имал влијание на фудбалот како спорт, умрел млад во време кога бил на клупа на тимот, а во тоа време немало европски такмичења така да во некој паралелен универзум Чепмен би бил најдобар менаџер во Европа.
Арсенал мислам дека е рекордер по сезони без испаѓање во Англија, се мота во ПЛ уште од дваесеттите без ниеднаш да испадне.
Ривал бр.1, Тотнем Хотспур, дечките од еврејското маало :zelen

Најголем успех во лигашки систем - 13 пати шампион на Англија
(1930/31, 1932/33, 1933/34, 1934/35, 1937/38, 1947/48, 1952/53, 1970/71, 1988/89, 1990/91, 1997/98, 2001/02, 2003/04)

Најголем успех во ФА куп - 12 пати победник
(1929/30, 1935/36, 1949/50, 1970/71, 1978/79, 1992/93, 1997/98, 2001/02, 2002/03, 2004/05, 2013/14, 2014/15)

Најголем успех во Лига куп - 2 пати победник
(1986/87, 1992/93)

Најголем успех во ЛШ - Второ место/финале
(2005/06)

Најголем успех во ЛЕ и еквиваленти - 2 пати победник
(1969/70, 1993/94)

Технички, најголем успех во ЛШ го имале направено жените арсеналски кои освоиле женска ЛШ :D

Најмногу утакмици за клубот имал изиграно Дејвид О`Лири - 722, можеби го паметите како менаџер на Лидс Јунајтед со кои дојде до полуфинале на ЛШ, не знам кај се изгуби после, имаше потенцијал за јака кариера.
Најмногу голови нормално - гол машината од карибите Тиери Анри, 228 :frantic
Најмлад играч кој играл официјален меч бил идиотот Фабрегас кој дебитирал на 16 годинки и 177 дена а најстар некојси Џок Радерфорд на 41 година и 159 дена. Истите фаци се и најмлад и најстар стрелец, 16г.212д и 39г.352д.
Најмногу голови во сезона дал Тед Дрејк (го имаше во документарецот за Арсенал) кој дал 44 гола тотал во една сезона од кои 42 во ПЛ, воедно го имал и рекордот за најмногу голови на една утакмица, им натоварил седум на Астон Вила.

Дебаклот од 2-8 од пред некоја сезона вс. Манчестер Јунајтед не бил најголем блам, тоа бил пораз од 0-8 од некоја екипа Лафборо во втора лига, а најголема победа им била 15-2 против Лејтон Ориент во Лига купот во ратот.
После Престон се единствени кои без пораз освоиле титула и го држат рекордот за најмногу мечеви без пораз, 49, низот бил прекинат од Јунајтед мислам.

Оваа сезона нема скоро никакви измени, единствено доаѓањето на Чех, досега си замина само Афобе за жал, по се` изгледа нема да има некои драма трансфери, екипата е воиграна и време е за лигашка титула.(party)
Само да не го враќаат Саного од позајмица, чоекот е подвижен баксуз и џинкс :rofl
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and existence

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јунајтед ми фати око дека може да биди нешто сезонава и да атакуваат на титули, се засилија онаму каде што се најтенки, али одбраната е сега најслаб дел. Мислам дека не е дотоколку до играчкиот кадар (сепак и не се нешто wow) колку што е до тренерот, не знае да ги постави. И плус екскурзии прави со Блинд, не е стопер.

Шнајдерлин че биди полн погодок, а исто така и Депај.


Би сакал да игра некоја формација од 4-4-2 или 4-3-3, измислени формации за овие играчи што ги поседува.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога сме веќе тука да се запознаеме и со најмистериозниот клуб кој ќе играа оваа сезона, Борнмут.
Сеуште е нејасно како одиграа толку добро и се пласираа во ПЛ во толку тешка конкуренција.

Клубот се појавил во 1899, таман да влезе во 20.век...и толку, цело време се мотале низ трета и четврта лига со по некоја екскурзија до втора лига...се` до минатата сезона кога направија сензација.
Имаат најмало стадионче, Дин Корт со 12К капацитет а некогаш на него се собрале 28.799 гледачи за да го гледаат 1/4 финалето од ФА купот против Ман.Ј.

Најголем успех во лигашки систем - 21.место во Англија
(20 има во ПЛ, значи победник во Чемпионшип 2014/15=21.место, англискиот фудбал има 116 места на национално ниво, Челзи беше прв а кој и да бил последен во конференција бил на 116.место)

Најголем успех во ФА куп - 1/4 финале
(1956/57)

Најголем успех во Лига куп - 1/4 финале
(2014/15)

Најголем успех во ЛШ - :p

Најголем успех во ЛЕ и еквиваленти - :p

Најмногу утакмици за црвено црните (ги смениле дресовите за да имаат исти со Милан?!) одиграл Шон О`Дрискол - 423, а најмногу тресел мрежи Реј Ајри со 202 гола. 11-0 вс. Маргејт во ФА куп им е најјака победа а најмногу го јаделе од Линколн Сити, 0-9 во трета лига. Во една сезона, најголемо лудило го фатило некојси Тед Дрискол со 42 гола во трета лига.

За екипа која била пред пропаѓање и крај пред неколку години, ова воопшто не е лошо, фудбалски Феникс кој од работ на паѓање во конференција за пет сезони доаѓа во ПЛ :frantic
Останува да се види дали ќе опстанат...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Struggler

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бидејќи времето е спарно и никакво and the pain refuses to go away, ќе се посветам на шкрабање со цел да не мислам на срањата :(

Вест Хем Јунајтед -

Најголем успех во лигашки систем - 3.место во Англија (1985/86)
Најголем успех во ФА куп - 3 пати победник (1963/64, 1974/75, 1979/1980)
Најголем успех во Лига куп - 1.титула (1939/40)
Најголем успех во ЛШ - нема учествувано никогаш
Најголем успех во ЛЕ и еквиваленти - 1.титула (1964/65)

Астон Вила -

Најголем успех во лигашки систем - 7 пати шампион на Англија (1893/94, 1895/96, 1896/97, 1898/99, 1899/1900, 1909/10, 1980/81)
Најголем успех во ФА куп - 7 пати победници (1886/87, 1894/95, 1896/97, 1904/05, 1912/13, 1919/20, 1956/57)
Најголем успех во Лига куп - 6 пати победници (1943/44, 1960/61, 1974/75, 1976/77, 1993/94, 1995/96)
Најголем успех во ЛШ - 1.титула (1981/82):frantic
Најголем успех во ЛЕ и еквиваленти - Едно финале/второ место (2007/08 Интертото, второ место на вкупна табела позади Брага)
Најголем успех на Светско клупско првенство - нема учествувано

Челзи - (основан 2003 :D)

Најголем успех во лигашки систем - 5 пати шампион на Англија (1954/55, 2004/05, 2005/06, 2009/10, 2014/15)
Најголем успех во ФА куп - 7 пати победници (1969/70, 1996/97, 1999/2000, 2006/07, 2008/09, 2009/10, 2011/12)
Најголем успех во Лига куп - 5 пати победници (1964/65, 1997/98, 2004/05, 2006/07, 2014/15)
Најголем успех во ЛШ - 1.титула (2011/12)
Најголем успех во ЛЕ и еквиваленти - 3.титули (1970/71, 1997/98, 2012/13)
Најголем успех на Светско клупско првенство - Второ место/финале (2012)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr