Премиер Лига, Чемпионшип, ФА и Лига Куп 2015/16

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Колку титули освои?
Домашни две (ФА и Шилд) и европски две (ЛШ и Супер куп). Во така лош период за Ливерпул кога менуваше газди, не беше лош. Имаше и второ место во ПЛ.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Се испосра во Интер и Наполи, особено во Наполи, кизнај колкави суми на пари потроши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Успесите на Рафа се со Валенсија, не со Ливерпул. Но за жал тоа едно финале кое и сам не знае како го доби, се уште му ги отвара вратите во големи екипи. Инаку човекот е трагедија. Доби на располагање шампионски тим од Мурињо и го размонтира на парчиња. Прво што направи е што ги тргна сликите на Жозе од клупските простории. За 2 месеци го десеткуваше составот со неговиот тренажен процес иако играчите му сугерираа дека не се наоѓа во Англија, дека голем дел од играчите се влезени во години и не можат да го издржат тоа темпо. Секој натпревар губевме по еден играч. Со автобус да ги превртеше во провалија подобро ќе поминеа. Матераци и ден денес вели дека човекот е идиот. За кратко време ситуацијата дојде до бунт и го ногираа. После отиде во Челзи и таму ништо не направи. Во Наполи имаше одличен тим но не успеа ни да припари до некаква борба за титула. Сега пак му се отворија шанси затоа што се наоѓа во лига со два тима, 50/50 му се шансите и повеќе ќе зависи од формата на противникот него ли од тоа што сам ќе го направи.

Ама тоа е, некои луѓе имаат среќа а и фудбалот е спорт во кој идиоти можат да успеат, за разлика од други спортови во кои за да бидеш тренер навистина треба да ти фаќа црпката.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас мислам дека тоа беше максимумот што го изваде Мурињо од нив, бидејќи сите беа во години т.е старци. А од друга страна пак фрустрациите и комплексите што ги имаше Бенитез од Мурињо се друга работа. :D
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не спорам дека ги упропасти и Наполи и Интер, ама со Ливерпул и не беше толку лош. Финалето како така го доби, дур беше тој во Ливерпул се држеа во топ4 секоја сезона, а немаше некои којзнае што скапи играчи. Мурињо за мене е најлошото нешто што му се случило на фудбалот, особено во Англија. Ако Рафа растураше клубови, овој растура атмосфера со досадни автобуски тактики.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Колку елементарни непогоди по име Рафа познаваш?

Имам слушнато за еден дебел со црвени образи :kafe кој мислам дека ги има освоено сите можни трофеи кои постојат во клупскиот фудбал...
Со него Ливерпул беше светска сила, после него некако не им оди...

Домашни две (ФА и Шилд) и европски две (ЛШ и Супер куп). Во така лош период за Ливерпул кога менуваше газди, не беше лош. Имаше и второ место во ПЛ.

Ок, тие шилд и хипер-купови се псевдо-титули ама и без тоа, една освоена ЛШ, едно финале и две полуфиналиња, едно финале на СП, плус едно полуфинале на ЛЕ не е воопшто лошо, настрана што Ливерпул со него одигра некои од најјаките утакмици воопшто, вс.Милан 3-3, финалето со Вест Хем 3-3 и онаа 4-4 со Челзи се незаборавни (и не беа само тие)
Во ПЛ догура само до второ место за жал...:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Altaïr

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
"Не е лош" е за тренери на Сандерленд. Кога си во голем клуб треба да победуваш од време на време.
Друго, Мурињо им ја растура атмосферата на екипите кои губат од него. Навивачите на клубовите во кои бил тренер му се поклонуваат. Мурињо победуваше и со Порто и со Челзи и со Интер. Тоа што ти го гледаш како „досадна дефанзивна тактика“ кога си против него, навивачите на неговиот клуб го гледаат како брилијантна партија фудбал во која секој совршено си ја одработува задачата. За мене стилот на Мурињо е поезија и за тоа можам да ти пишувам многу. Нема ништо неубаво за гледање ако ја сфаќаш битката што се случува на терен и се разбира, ако не си некој од оние кои си имаат мака со неговиот тим.


Имам слушнато за еден дебел со црвени образи :kafe кој мислам дека ги има освоено сите можни трофеи кои постојат во клупскиот фудбал...
Со него Ливерпул беше светска сила, после него некако не им оди...

Ок, тие шилд и хипер-купови се псевдо-титули ама и без тоа, една освоена ЛШ, едно финале и две полуфиналиња, едно финале на СП, плус едно полуфинале на ЛЕ не е воопшто лошо, настрана што Ливерпул со него одигра некои од најјаките утакмици воопшто, вс.Милан 3-3, финалето со Вест Хем 3-3 и онаа 4-4 со Челзи се незаборавни (и не беа само тие)
Во ПЛ догура само до второ место за жал...:)

Светска сила која нема освоено домашно првенство 20 години.
Финалиња и втори места не се бројат. Тоа е како Аврам Грант кога броеше дека за малку не освоил ЛШ и за малку не освоил Премиер... секаде за малку не освојувал. Тоа е и Рафа во суштина, само малку посреќен.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Успесите на Рафа се со Валенсија, не со Ливерпул. Но за жал тоа едно финале кое и сам не знае како го доби, се уште му ги отвара вратите во големи екипи. Инаку човекот е трагедија. Доби на располагање шампионски тим од Мурињо и го размонтира на парчиња. Прво што направи е што ги тргна сликите на Жозе од клупските простории. За 2 месеци го десеткуваше составот со неговиот тренажен процес иако играчите му сугерираа дека не се наоѓа во Англија, дека голем дел од играчите се влезени во години и не можат да го издржат тоа темпо. Секој натпревар губевме по еден играч. Со автобус да ги превртеше во провалија подобро ќе поминеа. Матераци и ден денес вели дека човекот е идиот. За кратко време ситуацијата дојде до бунт и го ногираа. После отиде во Челзи и таму ништо не направи. Во Наполи имаше одличен тим но не успеа ни да припари до некаква борба за титула. Сега пак му се отворија шанси затоа што се наоѓа во лига со два тима, 50/50 му се шансите и повеќе ќе зависи од формата на противникот него ли од тоа што сам ќе го направи.

Ама тоа е, некои луѓе имаат среќа а и фудбалот е спорт во кој идиоти можат да успеат, за разлика од други спортови во кои за да бидеш тренер навистина треба да ти фаќа црпката.

Знае како го доби, со фанатична игра и тотален напад за враќање од 0-3, само што за да се стигне до финале треба да се одиграат еден куп утакмици, ако не се лажам Ливерпул тогаш почна од претквалификации и стигна до крај, вака како шо пишуваш испаѓа дека залутал Бенитез во Стамбол и му кажале `абе чиче ај дојди на клупа` :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
"Не е лош" е за тренери на Сандерленд. Кога си во голем клуб треба да победуваш од време на време.
Друго, Мурињо им ја растура атмосферата на екипите кои губат од него. Навивачите на клубовите во кои бил тренер му се поклонуваат. Мурињо победуваше и со Порто и со Челзи и со Интер. Тоа што ти го гледаш како „досадна дефанзивна тактика“ кога си против него, навивачите на неговиот клуб го гледаат како брилијантна партија фудбал во која секој совршено си ја одработува задачата. За мене стилот на Мурињо е поезија и за тоа можам да ти пишувам многу. Нема ништо неубаво за гледање ако ја сфаќаш битката што се случува на терен и се разбира, ако не си некој од оние кои си имаат мака со неговиот тим.




Светска сила која нема освоено домашно првенство 20 години.
Финалиња и втори места не се бројат. Тоа е како Аврам Грант кога броеше дека за малку не освоил ЛШ и за малку не освоил Премиер... секаде за малку не освојувал. Тоа е и Рафа во суштина, само малку посреќен.

Е сеа не знам, мислам дека си фан на Интер и пошто Бенитез таму не направил јаки резултати го хајташ, иначе типот има освоено све во кариерата и моментално е менаџер на Реал Мадрид...

Мурињо пропагира досадна тактика затоа ми е смешно што има многу негови фанови, разбирам некој лондончанец навијач на лице место ама некој телевизиски фан да го цени Мурињо ми е скроз одлепено... не знам за други ама јас фудбал гледам за голови, акции, драми а не дали Мурињо го надмудрил некој лик, не ми се седи пред телевизор два саати за три шута од кои еден во оквир...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and existence