Некогаш најпопуларната лига на светот - популарното Калчо, ќе стартува по 114ти пат на 22 август оваа година и ќе заврши на 15 мај следната година. И оваа сезона Јувентус стартува како фаворит но се очекува поизедначено првенство во кои шанси за скудетото и се даваат и на Рома но и на миланските клубови. Дебитанти во лигата се Карпи (само да не се камења) и Фросиноне, додека повратник во елитното друштво е Болоња кои ми фалеа поради нивниот creepy стадион со тоа кулата со духови во позадина.
Парма банкротираше и тоа е тоа...
Преодниот рок сеуште не е завршен, како стојат работите во моментов Јувентус е нешто осабен по заминувањето на Видал и Тевез но дојдоа Манџукиќ и Дибала. Во Милан дојде до смена на кормилото на кое застана Синиша Михајловиќ а ги доведоа и Карлос Бака од Севиља и Луиз Адриано од Доњецк. Најзвучни засилувања на Интер се Кондогбиа и Јоветиќ. Рома не знам до каде се, требаше да го доведат Салах.
Сампдорија изгуби 0-4 од Војводина шо нема врска со ништо и не знам зошто го пишав.
Фиорентина и понатаму се заканува дека ќе ги тужи сите.
На крајот уште да спомнам дека Пандев се враќа во лигата, во тимот на Џенова и ќе биде странец со најдолг стаж во Италија од сите активни фудбалери. Александар Трајковски потпиша за Палермо и се среќава со Горан Пандев на стартот.
За мене и понатаму омилена лига без оглед на моменталната ситуација во која се наоѓаат клубовите или стадионите, Серие А е моја прва љубов и последна ќе ми остане.
Ете тоа.
Forza Inter!!!