Serie A & Coppa Italia, 2015/16

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
800-SERIE-A-LOGO.jpg


Некогаш најпопуларната лига на светот - популарното Калчо, ќе стартува по 114ти пат на 22 август оваа година и ќе заврши на 15 мај следната година. И оваа сезона Јувентус стартува како фаворит но се очекува поизедначено првенство во кои шанси за скудетото и се даваат и на Рома но и на миланските клубови. Дебитанти во лигата се Карпи (само да не се камења) и Фросиноне, додека повратник во елитното друштво е Болоња кои ми фалеа поради нивниот creepy стадион со тоа кулата со духови во позадина.

Парма банкротираше и тоа е тоа...

Преодниот рок сеуште не е завршен, како стојат работите во моментов Јувентус е нешто осабен по заминувањето на Видал и Тевез но дојдоа Манџукиќ и Дибала. Во Милан дојде до смена на кормилото на кое застана Синиша Михајловиќ а ги доведоа и Карлос Бака од Севиља и Луиз Адриано од Доњецк. Најзвучни засилувања на Интер се Кондогбиа и Јоветиќ. Рома не знам до каде се, требаше да го доведат Салах.

Сампдорија изгуби 0-4 од Војводина шо нема врска со ништо и не знам зошто го пишав.

Фиорентина и понатаму се заканува дека ќе ги тужи сите.

На крајот уште да спомнам дека Пандев се враќа во лигата, во тимот на Џенова и ќе биде странец со најдолг стаж во Италија од сите активни фудбалери. Александар Трајковски потпиша за Палермо и се среќава со Горан Пандев на стартот.

За мене и понатаму омилена лига без оглед на моменталната ситуација во која се наоѓаат клубовите или стадионите, Серие А е моја прва љубов и последна ќе ми остане.

Ете тоа.

Forza Inter!!!
interscarf.gif

 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Милан добри играчи донесе, очекувам да биде меѓу првите 4 ама да не им баксузирам, доволно е што ќе ги гледам понекогаш и да направам баксуз.
Јуве фаворит ами какооо... Само си жалам за Пирло :place
Пак ќе местите? Ништо чудно. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Io Sono

Продиџи

Нов член
30 јули 2015
17
6
3
Милан добри играчи донесе, очекувам да биде меѓу првите 4 ама да не им баксузирам, доволно е што ќе ги гледам понекогаш и да направам баксуз.

Пак ќе местите? Ништо чудно. :)
Тоа дали местат или не само тие си знаат, никој др не знае па ни ти а ни јас ;)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Тоа дали местат или не само тие си знаат, никој др не знае па ни ти а ни јас ;)
Што ти е жити се, лани цели кола се местеа не па една утакмица немало да наместат Јуве, си го имаат тие тоа местачкото не за џабе ги казнуваа. Финтата е да ги погодиме кога ќе ја местат па да земеме некој денар.
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Што ти е жити се, лани цели кола се местеа не па една утакмица немало да наместат Јуве, си го имаат тие тоа местачкото не за џабе ги казнуваа. Финтата е да ги погодиме кога ќе ја местат па да земеме некој денар.
Не знам колку пратиш што се случува со судењето околу Калчополи, но против Јувентус се тргнати сите обвиненија, и сега Јувентус бара да му се варат одземените трофеи, и сака да ја тужи FIGC заради тоа што го оцрнија образот на клубот. Во сезоните 2005 и 2006 Јувентус апсолутно немаше потреба да мести, посебно не со таков тим. А ти, верувам како фан на некој од миланските клубови, треба да разгледаш малку за Морати и неговата улога во цел тој процес, дури и изјавата на Кристијан Виери. Језда не верувам дека би се осмелил, за тебе е доволно некој да ти каже дека Јуве некогаш местел.
Местат сите големи клубови, тоа е факт, ама само во Италија тоа прерасна во државен случај.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас сакам конечно да се врати малку во нормала лигата, т.е. Милан и Интер да бидат пак тоа што беа. Најсимпатични отсекогаш ми биле Рома и чат-пат ги пуштам да ги гледам. Еден другар вика дека скоро сите што навиваат за Арсенал, Рома им е омилен клуб од Италија. А причина плус е и сега позајмицата на Војче кој се надевам ќе си ги среди црвците во газот и ќе има шанса да брани 30+ утакмици и ќе се врати во Арсенал како дисциплиниран голман со голем потенцијал.

Инаку ми е најдосадната лига после шпанската дајвинг-сапуница затоа што е премногу пимплање. Нема динамичен фудбал, нема луди приказни за третолигаши кои тепаат топ5 тимови со 4-0... причина плус што не ги сакам е и што од времето врие од касапи, почнувајќи од Џенаро Гатузо, Марко Матераци, Алесандро Неста и компанија од таа генерација па завршувајќи со Kucka (не сум баш сигурен како се изговара), Диаманти, Коне, Бергесио...
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Јуве е институција во институција, еден ден службено ќе ги вратат титулите. Тоа не го менува фактот дека местеа, не само во 2005/06 туку многу поодамна, 98 сезоната на пример. Остај ти дали имале или немале потреба и рекла казала муабети, Јуве имаа цел изграден систем на местење кој не ги опфаќаше само нивните натпревари туку и оние на конкурентите на кои им се делегираа судии кои ги оштетуваа. И сето тоа си е фино аргументирано и излезе на транскрипти, нешто слично на бомбите кај нас.

Но ете тоа беше ерата на Моџи и помина. Ова е тема за 2015/16 и јас нема да се навраќам на Калчополи, само немој со вака наивни муабети, некои од нас не сме од вчера.

Сега е друго време, Јувентус изгради најсилен тим во Италија и лесно ја користи кризата на Милан и Интер, заслужено си ги освојува титулите и никој не го спори тоа. Да се надеваме дека останатите клубови ќе се вратат на старите патеки за првенството да биде повозбудливо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Раванели во која екипа игра? Добар беше во Мидлзбро едно време...