Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.
Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
- Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
- Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
- Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.
Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.
Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.
Не знам колку е ова веродостојно, само го постирав она што го најдов. Не е многу тешко да се напише таква приказна ама ако е точно ова... Ако е точно тоа што е пишано тогаш секој еден што стапнал во собрание последните 25 години е крив за ситуацијата.свака час....
Разни портали, разни вести. Има некои што зборат дека изнајмиле куќи за неколку илјади евра и се моткале тука како цивили. Други зборат дека домаќините уствари припремале терен за ова. Трети кажуваат дека преку ноќ се собрале кај неколку јатаци и така.
Не е точно, не планирале ништо. Тоа е најголемата лага што ја кажаа.Накратко, групата била навлезена во градот уште на почетокот на месецов и овие го прателе и знаеле тоа. Всушност, Хорхе вели дека знаеле уште пред 4 месеци дека се крчка нешто, ама чекале попогоден момент за напад, нали. Оттаму и зачестеноста на полицијата, како и беспилотните летала кои кружеа неколку дена пред нападите (ако ова не им било предвесник да се спремат, еве на. Good job at failing).
Терористите се криеле и планирале напад утре или неделава по прометни улици, трговски центри, можеби вчерашниот маратон, итн., а нашиве се тие кои влетале утрото во населбата и први отвориле оган за да ги начекаат неспремни. Таму, некои 80% од населението се Косовари од 99та, најверојатно длабоко вмешани и со исперени мозоци на кои се доволни само неколку националистички извици за да се спремни за борба (hence свиркањето кога нашиве излегуваа зашто им ги уапсиле комшиите)...дури и дечишта од 13 години.
Делот со целта ни е непознат на сите. Мислам дека сме првенци што водеа Кантер Страјк битка for the lulz и терористиве не излегоа со некоја цел за нападот, ниту пак дали (не) се отворени за преговори.
Прееска на Канал 5 викаат, Заев насмеан се слика на ден на жалост.
Знаев дека се забегани ама олку.
Иначе ете како што посакуваа, моментално ниеден не мисли ни на протести ни на бомби ни ништо, не ми се верува дека пак ќе се спасат. :