Куманово 2015

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ствaрнo гледaш мнoгу филмoви. И кoе е сценaриoтo?
Нaшиве пoлитичaри се тoлку влијaтелни пa и спoсoбни дa гo нaпрaвaт oнa штo никoј жив не успеaл, дa се дoгoвaрaaт и дa се дoгoвoрaт сo терoристи. Терoристи чoвече кoи немaaт ништo чoвечкo вo нив, никaкви дoпирни тoчки сo oбичниoт чoвек... И муaбетoт пo твoе е седнaле груевски и крaсничи нa слaдoлед и ги дoгoвoриле нaстaниве? Кaкo и зoштo oбјaсни ми стигнaлo дo oвa a зa тoa е oдгoвoрнa некoјa пaртијa? Мa не ги преценувaј дo тoлку...

Пастирот договори политички дилови со кои ги амнестираше воените злочинци од 2001, ликови кои касапеле цивили, го саботираше законот за бранители и постави министер за одбрана - качак дезертер од арм и особа која пукала по истата армија на која подоцна станал министер....

Не те сфаќам сериозно, ти делуваат неверојатно дилови со терористи, прашуваш дали пастирот не седнал на `сладолед` а во влада има екс-терористи и креатури кои масакрирале цивили?!:rolleyes:
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пастирот договори политички дилови со кои ги амнестираше воените злочинци од 2001, ликови кои касапеле цивили, го саботираше законот за бранители и постави министер за одбрана - качак дезертер од арм и особа која пукала по истата армија на која подоцна станал министер....

Не те сфаќам сериозно, ти делуваат неверојатно дилови со терористи, прашуваш дали пастирот не седнал на `сладолед` а во влада има екс-терористи и креатури кои масакрирале цивили?!:rolleyes:
Не ми иде мене некaкo декa некoј oд тукa е oдгoвoрен зa oвa oд прoстa причинa штo тaквo сценaриo ми е премнoгу слoженo зa мoзoците нa нaшите пoлитичaри.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не ми иде мене некaкo декa некoј oд тукa е oдгoвoрен зa oвa oд прoстa причинa штo тaквo сценaриo ми е премнoгу слoженo зa мoзoците нa нaшите пoлитичaри.

Не се само политичарите во игра, имаат и други структури, самиот факт што инфо за можноста за ваков настан протекло некаде и истото беше кажано јасно и гласно пред месец и пол е доволен показател...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Јас само да ви кажам дека наводно е завршено, прочешлан бил секој дел од населбата. Имало оставено и мини, па сега се работи на средување на теренот пред да може мештаните да се вратат дома. Бар така велат оние што имаат некој свој во редовите на полицијава, а не гледам зашто тие би лажеле.
Предмалку дошле и другарчињата од ОБСЕ, јеј. Сега ќе најдат дупки у стил „нечовечко приведување и понашање со терористи, пр. бос терорист или му паднала капата кога го наведнувале низ врата“ и остали ствари што ќе им спасат глава на дотичниве.
На ТВ, ко и пензионираниот генерал, и Димитриевски го прекинаа пошто почна да им го збиберува.
Ебати за што слобода се бориме, кога првенствено слобода на говор се нема. :nah

Едит: Абе срам ми е Хорхе што не знае да чита. Подобро во Мајкрософт Сем да изнапишеле ова и само да пуштеа.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Оф бе за кај сме, наместо да видиме колку е сериозна работава, дека само на лошо оди, невини луѓе загинаа, татковци, синови, куќи запалени, тешко на тие луѓе во таа населба и околината, а и цела земја, а се фатиле некои се расправаат оваа партија онаа партија е крива:x (facepalm) тоа ти е македонче
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Mystique

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Како некој што поминал низ нешто слично, само подолготрајно и поинтензивно, можам да кажам дека она што најмалку го посакувам да се случи , еве ни го пред врата. 15тина години не се чувствува мир од таа кобна 2001, а сега како бумеранг се враќа она од кое никако не можам да избегам, ниту јас ниту никој што го преживеа Тетово 2001.
Многу ми е жал за кумановци и за траумите што ги доживеаја и можам да кажам од лично искуство дека таквите трауми не поминуваат. 15 години не го распознавам звукот на огнометот, петардите, пукањето на гума од автомобил , не дај боже гума од камион, ниту пак грмотевици. За мене секој таков звук е едно исто- истрел, бомба!
Секој човек кој не го познавам а оди од спротивната страна на улицата за мене е потенцијална закана, некој што може да ми го одземе мирот и животот.
Случувањето од вчера и денеска ме вратија толку години назад што чувствувам како ниту секунда да не поминала.Заробане сум на истото место, обвиткана во истиот страв.
Не обвинувам ниту на политички основ, ниту на етнички , ниту на верски. Добрите луѓе, луѓето со срце и душа и совест никогаш не би посакале да го одземат спокојот, мирот, надежта од младите, од малите дечиња кои верувајте многу свесно го преживуваат сето ова. Кој ќе им ги врати татковците на малечките дечиња кои останаа без фигурата на татко покрај нив? Кој ќе ги утеши? Кој? Лошите од друга страна, неморалните, неписмените, несреќни од себе и околината, луѓе со трулина во градите, тие се оние кои сакаат да го уништат не само ова парче земја, туку и целата ако имаат шанса. Немаат тие амбиции за убав живот, не чувствуваат ниту љубов, ниту сочувство, ниту ништо. Таквите луѓе знаат дека се едно големо НИШТО и мислат дека ќе си ја пополнат празнината само ако на нас ни ја исцицкаат надежта за подобро утре и за мир. Не, не мислам на извршителите кои ги нарекуваме терористи. Тие немаат мозок, воспитани се да немаат свое мислење и едноставно се одличен материјал за извршување на целите на малку поголемите риби во океанот. Како и да е, тие се на сигурно а невини луѓе ќе се тресат од страв за своите животи и животите на своите најмили. Ниту еден регион не е сигурен, за жал.
Се надевам дека вчерашната ситуација е само еден ужасен настан кој ќе пробаме да го закопаме и никогаш да не му се навраќаме. Се надевам и го молам Бог, да не остави невини луѓе да страдаат. Нека заврши лошото тука.
Животот на земјава ни е изброен, со нас понатаму ништо не носиме, голи сме дошле , голи ќе си одиме. Кога ќе го сфатат овој факт овие мизерни ненаситни животни.
Поддршка за Куманово, и сочувство до семејствата на загинатите бранители. Нема збор кој може да ги утеши, нема...
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Порака од Кумановци.
worship.gif
m1248.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Altaïr and Saladin