Би живееле ли во Скопје?

Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје?

  • Би останал во својот роден град

    Гласови: 8 66.7%
  • Би живеел во Скопје

    Гласови: 4 33.3%

  • Вкупно гласале
    12

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
За мене и мојот вкус, новиот театар е прекрасен, сум била неколку пати и сите кои влегле првпат се воодушевуваат и никој не се смее.Мислам дека ти не си ни бил таму.Портата и мене не ми се допаѓа и затоа не ја ни спомнав а и премногу вишок на споменици имаме, но затоа за паркови уредени и детски игралишта има е сега ако сакаш за инат да збориш и да контрираш.Најмногу ми е жал што го гледам градот премногу прљав и џабе е и колку да се чисти кога имаме многу несовесни и некултурни жители.
Не контрирам, така си е. Кои се тие паркови? Освен градски парк кој друг го имаме? Оние во Аеродром парковите ли? Јаките паркови.
Театарот не е убав што сакаш викај, не се смеат дека толку знаат, нека ти каже некој од странство дали е убав или не е.

А зошто е градот нечист? Затоа што во него живеат сељачишта. Значи пак дојдовме до тоа дека во Скопје живеат сељаци.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не контрирам, така си е. Кои се тие паркови? Освен градски парк кој друг го имаме? Оние во Аеродром париштарковите ли? Јаките паркови.
Театарот не е убав што сакаш викај, не се смеат дека толку знаат, нека ти каже некој од странство дали е убав или не е.

А зошто е градот нечист? Затоа што во него живеат сељачишта. Значи пак дојдовме до тоа дека во Скопје живеат сељаци.
Не сакам да навредувам никого,но погледни ги другите градови и села, исто така се преполни со разни ѓубришта,диви депонии,во реките фрлаат ѓубре па после запушени биле каналите па се испоплавиија....нема врска ова со темата....Тие исти што ги вилаш сељаци кога ке отидат надвор од Македонија да видиш како знаат каде не смее да се фрла ѓубре.И на крај , ако не ти се допаѓа животот тука па пресели се ,никој не те држи со сила.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123

Ајјјјјјј ти изгледа ич не си шетана по другите градови:zelen
Во вечнавани мајка мкд каналазициите во секој град течат во реките а каналите се должност на татковците на градовите ок ли сме:zelen
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Изгледа е прашање на вкус. Кој е роден во помало место, навикнат е да живее во помало место и поради тоа, (најверојатно) нема да му се допадне да живее во поголем град (тука не спаѓа само Скопје). Јас лично, не можам да се замислам да живеам во мало место, особено село. Едноставно, не ми е во природата и нема да издржам. Навикната сум на поголем град и тоа да бидам (горе-доле) во центарот каде што се ќе ми на дофат. Не дека имам нешто против други населби, секако дека не. Но, таква ми е навиката. Сакале нејќеле да признаете, но разликата помеѓу Скопје (па и други поголеми градови) и село (или помал град) е едноставна. Имаш повеќе избор за се. Од кафичи, ресторани, бутици, продавници, трговски центри, клиники, училишта, кино-сали, театри, базени, цркви, галерии, музеи, и така натаму, тоа е најосновната поента.

Што е до паркови, за жал се повеќе го снемува зеленилото, но индивидуално речиси секое маало има барем еден парк. Што е до мене и мојот вкус, нема град во целата Македонија каде што има доволно зеленило (тука не спаѓаат рендом ридови кои се дел од секојдневието на едно село). Пример, Сан Франциско ми е совршен град, перфектен спој на зеленило и урбана метропола. Давам пример чисто колку да ме разберете на што мислам.

За работа не праам муабет зошто тука станува збор за среќа и врски. Така функционира државата, не е така само во Скопје и не е проблемот во Скопјаништата. Што е до загадување ако прошеташ и надвор од Скопје, цела Македонија е загадена. Џабе тој муабет дека Македонија има прекрасна богата природа кога луѓето ја загадуваат, ама буквално СЕКАДЕ. Па во село па каде што имаш огромни депонии кои само се зголемуваат се повеќе и повеќе, па... немој да ми збориш. Повеќе проблеми се во прашање, ама заклучокот е тој, цела Македонија е загадена со ѓубре, и град и село.

Скопје 2014? Да, овој криминал се случува во Скопје, но кој е виновен? Не ги обвинувам Скопјани (нели као демек, кој ви е крив, вие гласавте за овие), ги обвинувам тие што градат. Мене како Скопјанец ме прашал ли некој дали сакам да се изградат тие и тие згради и да се постават тие и тие споменице? Не. На кој начин сум јас виновна? Ниту Скопјани, ниту... шо знам, еве нека бидат, Охриѓани, не се виновни. Апсолутно нема никаква врска од каде си за силувањето кое се изведува врз Скопје во последните 5 години. Тоа дека сум (и ќе бидам доживотно) изреволтирана напиздена и згадена од проектот Скопје 2014 не може ништо да го промени. Но, не би заминала да живеам во друг град во Македонија, зошто во Скопје се имам родено и имам израснато и имам живеено цел живот, и поважно од се, нема друг град или село во Македонија кој би ми ги исполнувал потребите. Но затоа, веднаш би заминала надвор од Македонија и кога би имала можност, би го посетувала Скопје повремено во животот. Чисто поради тоа што сум од таму и поради спомените.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Претенциозното „бранење“ на проектот 2014 е ништо повеќе од одење инат против здравиот разум. Тука не се работи ни за вкус ни за лично свое гледиште.
Од плоштадот е останата само една пролазница со дијаметар од 10тна метри, така да за да стигнеш од ГТЦ до Градски парк преку кеј, мораш да го пројдеш тој теснец. Поинаку физички е невозможно да стигнеш. Затоа што се гради се` во ист момент и набрзина.
Затоа што зградите кај Стара железничка веќе никогаш нема да имаат мир и ќе се пробудат во половична сенка од оние зданија ставени за к*р-ташак на само неколку метри до нив.
Затоа што Илинденска никогаш веќе нема да ја има онаа дебела сенка од дрвја пред измеѓу Влатата и вонтаната во Парк.
Затоа што зградата на ЕВН и НА-МА (Типо) извршија реновации пред неполни 10 години, и сега повторно претрпуваат катастрофални промени.
Затоа што се стори масакар на паркчето кај поштите кое веќе не постои како зелена површина.
Затоа што Калето никогаш не личело повеќе на Дизниленд.
Затоа што кога ќе влезеш во „новиот“ театар ја осеќаш таа реа на влажен гипс полн со мувла иако објектот е изграден пред 2-3 години.
Затоа што акустиката на истиот објект е десет пати послаба од Дом на АРМ. Затоа мора да се додава скапо озвучување и кое не го доловува оригиналниот звук.
Затоа што покрај толку катни гаражи со напумпани цени (исклучок на Аеродром) истите зјаат празни додека народот нема доволно да си приушти за паркинг место.
Затоа што сообраќајниот метеж го решаваат со ригорозни казни кои никогаш не се доплаќаат пошто Петко го знае Станко во полиција.
Затоа што на растојание од само 300тина метри помеѓу Камениот мост и Српскиот мост има 2 помали мосови полни со евтини споменици. Во исто време помеѓу српскиот и мостот Гоце Делчев има споменици на 5 „пловни објекти“.
Затоа што сите овие изградби, маскари се одлучувани само со неколку телефонски повици, без никаков план и заседавања и сугестии. А најбитно без никаков здрав разум. Ете затоа!
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Дали би живеел Скопје?
Живеев за време на студиите, значи последната година од дваесеттиот век, и неколку години од овој наш век :) Живеам и сега, не по своја волја, туку од примораност.
Скопје е град во кој се сконцентрирани сите важни работи. Факултети, да, има дисперзирани во скоро сите градови, НО, дека има разлика да завршиш пример Филолошки факултет во Скопје и Филолошки факултет во Штип, навистина има... Истото е со скоро сите факултети(викам скоро, затоа што ја оставам можноста, некои од тие други универзитети, навистина да ВРЕДАТ).
Потоа, наоѓањето на работа. Не зборувам за градовите од типот на Битола, Тетово, Штип, Струмица... затоа што во нив, пак и пак се наоѓа по нешто повеќе работа. Зборувам за градовите од типот Кичево. Една гимназија, солидна работа и плата само во рудникот Осломеј, Полиција, Општина, Комуналец... и тоа секаде да влезеш со дебели врски, во најмала рака партиска книшка. Децата, луѓето, сѐ почесто завршуваат факултет. Нормално е, навистина е нормално луѓе, ако некој кој завршил Економски факултет, не успеал да се снајде бар во банките тука, да дојде во Скопје, ако успее да се снајде да работи по професија. До душа, кој бега од „дома“ најчесто сака да ја летне од државава, но доколку не се снајде, нормално е да прелета во Скопје, за повторно мизерна плата, но бар да е плата за професијата за која крв поплукал по студентските домови.
Потоа... разликата во животот Скопје и малите градови налик Кичево... имате повеќе опции за забава, во Кичево немаме ни кино, ни театар, зоолошка јок, убави збиднувања од типот на концерти, манифестации, саеми за книги, немаме асална продавница за книги да му е*ам мајката :) Поради таквата работа, секој провинцијалец е приморан, ако не за постојано живеалиште, тогаш за на ден - два да дојде во Скопје, да отиде филм да гледа, да слушне некој добар изведувач, книги да си купи :)
Знаете како функционира развитокот на Скопје vs. другите помали градови? Обратно пропорционално. Скопје расте, се отвораат нови работи, а останатите градови умираат, сѐ затвораат старите работи. Ама додека Скопје ја губи својата природа, останатите градови се прочистуваат од бетонот и се полнат со природа :)
Верувајте ми, кога се враќам дома после долго време во Скопје, два дена кашлам како туберколоза да имам. А размислете дека ни Кичево не е град со премногу чист воздух. Значи ми се чини наместо воздух, чад дишиме во Скопје.
Значи доколку Скопје се гледа како множество од работи кои ги има - ти требаат, а ги немаш дома мислиш дека е одлично за живот.
Но, потоа сфаќаш, дека животот ти станува пекол.
Мене луѓе, на пример, ме иритира скопскиот сленг. И тоа не е затоа што има некое непријателство скопјани-провинцијалец, туку затоа што си го љубам македонскиот јазик, а скопскиот, повторно ќе нагласам СЛЕНГ, оној новиот, сега веќе стар, што е појавен како зараза некаде во почетоците на 70ите години, за кој убаво зборувал Блаже Конески... Што ужасно ми оди на нерви, синхронизацијата на телевизиските серии, вестите, сите се заразени од овој ужасен сленг, кој воопшто не е литературен. Вокалот О, звучи како У. Вокалот Е звучи како И. И не го толерирам. Јас знам дека дијалектите треба да се почитуваат, но сленгот не. Од Лилиии нема да се збогати македонскиот јазик, бидејќи ние веќе леле си го имаме, дублет кој нема апсолутно никаква вредност, не ни треба во новиот правопис и толковник :)
Втора работа, менталитетот. Не можам да кажам дека сите скопјани, го имаат тој проблем во глава, затоа што ќе ме фати грев - што викаат старите. Сепак, добри 40% сметаат дека со самото тоа што се родиле во Скопје го фатиле Бога за мади*а, па не треба ни интелектуалните способности да им се земаат во „пресметките“, ни агилноста - ништо. По цел ден кукаат, како провинцијалците им ја земаат работата, а тие остануваат дома. Ами, мрдни со газето, покажи се дека знаеш, никој нема да ти го земе лебот од уста ако си ти доволно способен за да си го фатиш работното место(до душа во Македонија, способноста е најмалку битна, побитни се врските). Секогаш ќе кажам, имав колега од Скопје, не знам точно каде живееше, но беше ете каков што ги опишав тие 40%, имавме еден професор, Радически, што живци си кинеше од тој сленг, човекот не положи ни еден од предметите кај Радически поради тој негов сленг, не знам дали знаеше и дали запишуваше на испитите нешто, но дека додека дипломирав човекот не положи ништо кај Радически, не положи. Е сега, човекот, наместо да си ја увиди грешката, да се поправи, затоа што нели, утре ден ќе биде професор и ќе им предава на деца, кои ќе треба од него да научат покрај другото и правоговор, тој плукаше по провинцијалките што му „фрцкале“ на професорот и поради тоа положиле. - е тој менталитет, ме тера да повраќам од Скопје.
Трета работа, сообраќајот. Јас не знам кој дава возачки на тие возачи бре. Почитување знак? Јок! Врти во еднонасочна улица за да скрати пат, на сред партизанска застанува со пуштање на сите четири трепкавци за цигари да си купи... страшно, мислам дека во последно време од толку ужасни возачи, ми одмили возењето.
Четврта работа, скапиот живот. Во Скопје ќе се снајдеш да, ќе имаш работа, децата ќе имаат повеќе опции за школување, ќе можат да се запишуваат на повеќе секции, курсеви. Но, платата што ја земаш во Скопје, ја трошиш до 15, потоа прстот во уста - ама буквално. Јадењето е поскапо, облеката е поскапа, излегувањето е поскапо(една вечера во Кичево за двајца ќе те чини 500 денари, со се пијачки, во Скопје пута три)...
Петта работа... измените во изгледот на Скопје. Јас сум човек што сака да си шетка, чисто за да го разбистри мозокот. Сега треба да шетам со затворени очи. Абе сѐ ме нервира. Буквално сѐ. Таа црвената зграда со вагата на неа секој ден ја гледам, секој ден се крстам и секој ден пцујам. Кога ќе ги видам тие бродовите во Вардар, си ја рецитирам „О тешкото“...
И така... за да ја привршам мислата, значи, ако се гледа за кариера во одредени области кои не се развиени во другите градови - да, Скопје е одличен град за живеење, но длабински, животот во Скопје е едно големо срање.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
:zelen
Да се разбереме ти во трета доба сакаш да живееш во пригратска населба не во село, да во тој период од живот сите го сакаат мирот и спокојноста, ама не сега така ?
Пак се сведува на она “ село фали во град живеј“.
Непрај муабет за киријашење, ти за три ама и јас натаму одам па може и повеќе воскреснувања ќе ми требат :zelen патентирај си го зборот мн е е јак изнакиријашив :zelen

Не се разбираме, какво трето доба, не ме интересира мир и некоја си замислена селска идила него градење на своја куќа, енергетски независна пред се, цената квадрат за квадрат доаѓа 1/10 од еквивалент во урбана средина.
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не се разбираме, какво трето доба, не ме интересира мир и некоја си замислена селска идила него градење на своја куќа, енергетски независна пред се, цената квадрат за квадрат доаѓа 1/10 од еквивалент во урбана средина.
Се разбираме де, ти сакаш како американците во преградска населба и твој дом а не во село зш во првиот пост пиша дека сон ти е во село па испадна друго:zelen
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Види сега зборуваме за вечна МКД и тука знаеш дека желбите се едно можностите се друго :zelen
Има разлика во тоа да патуваш по 3 часа за пари и да чекаш вода 3 часа за да се напиеш, тоа е времето ако гледаме така. Сега и годините што одмиинуваат си го прават своето знам дека е напорно и јас еден период ги минував тие 100 км секојдневно ама премногу себично е да се размислува така. Ако мене Скопје ми овозможува да го добијам најдоброто образование и притоа континуирано да учам нови работи зошто јас тоа би му го скратила на моето дете исплнувајки си ги желбите ете мене во село ми се живее, јас ќе сакам тоа да добие уште подобро одбразование во поголема метропола . Ова образованието е само пример затоа и реков дека помалку лажете кога велите на село би живееле зошто кај нас ни приближно не се како по тв што ни прикажуваат од други држави.
Ти сега во град или на село живееш ?
Во ред е тоа што ти го сакаш градот и што не можеш да не живееш во него, но многу е детски да генерализираш и да кажуваш дека сите што сакаат да жиеат впо село претеруваат. Мене ми се допаѓа селото од неколку причини
1. Многу сакам природа и само во природа се чувствувам целосно слободна. Сакам кога се однесувам како дете и не ги сакам општествените ограничувања.
2. Сакам сама да си произведувам храна. Мене не би ми било проблем да си произведам храна колку што ми треба за една година, се разбирам од тие работи до некаде и секој ден истражувам на таа тема. Едноставно дури и глупаво ми е да платам многу поскапо за овошје и зеленчук кој е прскан и на некој си неприроден начин одгледан, кога можам, знам и сакам самата да си го произведам истото кое би било 100% органско.
3. Во село е многу полесно и креативно да се изразуваш. Јас сакам да сликам,вајам, изработувам накит и се и сешто. Речиси се што поседувам е лично од мене изработено. Сакам кога наоѓам материјали во природа, сакам кога наоѓам инспирација во природата, сакам кога наоѓам мир во природата... Сум живеела и во село и во град и многу добро знам какви дела се раѓаат таму,а какви тука во оваа сивило. Барем за мене е така, можеби многу други уметници нашле инспирација баш во Скопје, но јас тука се чувствувам фригидно.
4. Сакам да живеам здрав живот.
5. Самотник сум и понекогаш сакам да поминам подолг период сама и не сакам да се дружам многу. Ме нервира кога некој ке ме покани на гости или кога ке имам ненајавени гости. Не сакам гужви. Страшно ми е непријатно во автобус или во банка или во училиштето на мојот син. Во село не би ги избегнала во целост лугето, но колку помалку, тоа подобро.
...
Причини има уште, но мислам доволно напишав. Што се однесува до образованието и децата. Има деца од нај забутаните села, во кои има само две-три куќи, па студираат во Скопје, тоа нема никаква врска со образованието. Исто така познавам и девојка која што е од Скопје па студира во Тетово и таа не е единствен таков случај нели, па не мислам дека е оштетена поради тоа.
Мене искрено ми е жал што моите деца немаат детство затоа што живееме во Скопје. Никогаш не се санкале на санка, снешкото не им траел повеке од пола ден, не се качиле на дрво, не пиеле вода од извор, немале прилика да насадат нешто, не собирале печурки, бобинки, диви лешници или планински чаеви... не виделе змија или жаба, не виделе крава, коза, свиња. Моите деца никогаш не биле слободни, одсекогаш им се кажувало да не одат натака, да не одат навака, да не трчаат тука, да бидат потивки, дека не смеат тоа и сл. Моите деца тука дишат чад и јадат грозна храна и не одат на места на какви што одат нивните врсници поради недостатокот на финансии, поради тоа што јас немам многу слободно време и поради тоа што ние како семејство си имаме изградено сосема други вредности и имаме различни приоритети од останатите. Селото можеби нема кино, музеј, планетариум, театар, зоолошка и сл., но неколку години сме во Скопје и не можам да кажам дека често сме оделе на такви места (на дел од нив и никогаш немаме отидено). Погрешен е ставот дека селото ги уназадува децата. Се зависи од која призма гледаш на работите.
 
Кога го читав постов се очекував дека ќе пишеш во село живееш кога испадна во Скопје ајмо опет на “ село фали во град живеј “ или првите точки наведени од здрав живот , храна дрн дрн да беше толку загрижена досега илјада пати ке се преселеше на село нели децата беа најважни ама не уште се во најзагадениот град. За одењето по кино, театар и музеј се треба култура.

Далеку од тоа дека јас генерализирам ама вака размислуваат луѓе кои немаа два дена поминато на село не па ќе работеле и кога сме кај социјализацијата може ти не ја сакаш ама и твоите деца ќе претвориш како тебе или ?
А ти имаш живеено во село не го прочитав убаво и што те натера да го напуштиш ?
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence