Би живееле ли во Скопје?

Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје?

  • Би останал во својот роден град

    Гласови: 8 66.7%
  • Би живеел во Скопје

    Гласови: 4 33.3%

  • Вкупно гласале
    12

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не знам што е таа галама со „сивилото“ во Скопје. Очигледно не сте виделе сивило воопшто и како изгледа сиво небо среде сончев ден, сиви облаци од кои никогаш не паѓа дожд и сонце кое не грее директно. Скопје не било погодно за одгледување растенија оти било загадено, некое си село ќе биде... ахм, уште да не беше расеан осиромашен ураниум од Косове кога миротворците во `98-ма бомардираа пред граница со тогашна Србија, уште да не беше расеан осиромашен ураниум од нуклеарниот отпад кој го закопуваа миротворците среде државава. Ќе саделе органска храна бре бре. Не дека го бранам Скопје туку го барате невозможното и замислувате идилични ситуации. Не ги гледале ѕвездите, месечината била чудна, ко демек ќе доаѓаат тројцата мудреци па да не залутаат несакајќи. Еве јас знам најмалку пет места до кои се стига со пола саат пешачење од било кој дел на Скопје ако толку сакате да гледате ѕвезди.
Скопје не е погодно за одгледување растенија (зборувам лично за мене) затоа што тука никогаш не би можела да купам куќа со доволно голем двор за да можам да произведам доволно храна за моето семејство. Органска храна може да се произведе секаде, јас моментално во стан одгледувам корнишони, грав,феферони, јагоди, пченична трева и лимон, така да кој сака ке си најде начин, но во стан не може да се произведе посакуваната количина.
А за останатото во текстот не ми се коментира затоа што ако тебе тие нешта, како гледањето ѕвезди и сл. не ти се важни не значи дека се глупост. Сите ние сме различни и уживаме во различни нешта и не сме сите во можност да одиме среде ноќ пола саат за да уживаме под ѕвездите. Мене лично ми е криво што моите деца никогаш светулки (незнам тука како ги викате оние бубачињата што светат ноќе) немаат видено, мене тие бубачиња ми беа најголема радост кога бев дете и сите тие мали ситници ми значат и не можам да бидам во потполност среќна без истите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and Prashina

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Saladin пер ја не одам во театар иако имам можност. Онака пред газ ми е ама не идам пошто не ми се иде. Едноставно не ми се гледа театар и толку, готова работа. Имам идено два-три пати се` на се` и не ми е воопшто интересно, можда затоа што првично не ме ни интересира глума воопшто. По опери и балети воопшто па не ми се ни оди. Имам отидено неколку пати на концерти на филхармонија и плус некои солисти и едноставно не ми ги задоволуваат критериумите, не знам како и да ми ги задоволат кога на флејтисти најавувани како солисти маестра на инструментите наградувани по Њујорк и што знам ти каде, кога дуваат им се слуша здивот и мислиш душа низ флејта ќе им излета, еден на виола имаше прстите му трепереа и два-три пати избега од ритам... ај да не забегувам со набројување ама мене такви ситници ми ги уништуваат вечерите и после си одам изнервиран затоа што сум имал некое очекување дека ќе слушам маестра.

Пример чист еве имам познаничка која што сега нешто студира глума и се нафура ептен и одеднаш стана убер искултурализирана личност и дури кога зборува се умислува дека си толку желен да ја слушаш. Да не ја знам едно 10-тина години којзнае каков впечаток ќе имав, ама веројатно многу подобар од тоа што го имам сега како мислење за неа. Ама она иде редовно на театар, иде на опери и балети и ми раскажува колку било убаво и колку убаво пееле солистите иако врска нема ни од музика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не буквално, ама кога се има некој денар плус се оди или таму или на некое друго место, а кога нема да успееме ни сметките да си ги платиме, тогаш се седи дома и сето тоа нема никаква врска со културата (тоа сакам јас да кажам)
Toa и ми е поентата - приоритети наспрема можности.
Ти ако ете не можеш да си приуштиш почесто одење на театар, некој ете може да отиде но поголемо задоволство му е да кисне по Спортлајф и Моцарт. И кажи ми сега кому му се отвара можност да си го префини вкусот, на тебе која си приуштуваш некое си задоволство макар и еднаш месечно или некој кои скиснува во кладилница 24/7?
А знаеме ги има многу такви.

@existence но наспроти твоето „неодење“ ти наоѓаш алтернатива и си пушташ музика по дома, одиш на свирки, те интересира општо за оноа што го слушаш и се едуцираш секако од друг извор, нели?
Знам дека изрелативизирав и изгенерализирав за моментот луѓе кои не идат на концерти се некултурни, што делумно е точно. Делумно, ако нивните приоритети се сведуваат само до маалското продавниче/кооперација и буквално се` што медијата им сервира. Оттука има луѓе кои припаѓаат на една т.н. сива зона - одат на концерт за да бидат видени/„културни“ но не и за да уживаат/проценат оноа што е на репертоарот. Искрено за себе зборам не сум некој чест посетител на театрите, порано одев на филхармонија само и ги гледав истите луѓе „кремот“ на нашето општество демек од кои дали 15% можат да направат дистинкција америчка од руска школа, не па посебен композитор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Културата и воспитувањето немаат врска со тоа дали одиш во театар, кино или не, барем денес тоа не важи. Ако јас не можам да си дозволам повеке од еднаш месечно да одам во театар затоа што немам пари за тоа или едноставно немам време, тоа не ме прави по некултурна од тебе ако ти секој втор ден одиш на такви места затоа што можеш сето тоа да си го дозволиш, не се утепуваш од работа, немаш деца за чување и сл.
Денес има и такви кои од помодарство одат на представи и читаат книги...
Во култура не спаѓаат само добрите манири, широк поим е тоа ама тука спаѓа и воспитувањето. Театарот и балетот кај нас се луксуз еве ако ги земе финансиите во предвит ама има разлика во градење на една личност која е воспитувана на тој начин да оди во театар одколку друга личност која воспитувана да сади трафки по бавча и да се качува по дрва.
Ете за тебе приоритет е детето твое да гледа светулки ама за моето приоритет ми е покрај англиски да научи и германски јазик.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Во култура не спаѓаат само добрите манири, широк поим е тоа ама тука спаѓа и воспитувањето. Театарот и балетот кај нас се луксуз еве ако ги земе финансиите во предвит ама има разлика во градење на една личност која е воспитувана на тој начин да оди во театар одколку друга личност која воспитувана да сади трафки по бавча и да се качува по дрва.
Ете за тебе приоритет е детето твое да гледа светулки ама за моето приоритет ми е покрај англиски да научи и германски јазик.
Искрено еве јас ќе ти кажам што мислам за балетот пошо како мал не сум пропуштал претстави па едно време бев неактивен за да после одредена пауза од деценија да стапнам пак во МОБ.
Ништо не е сменето, даже претенциозноста да се гледа претстави ради помодарство е во пораст. Имаше бабетини кои не знаеја да ракоплескаат соодветно туку на секој малку потежок stunt изиграваа ко бруцоши на Цеца концерт како ги гаѓаат со песни. А реално изведбата беше скромна (музички) тек-таму нешто примабалерината играше подобро додека господинот балетан не беше ич уидисан со темпото. Но битно хеј... сум бил на претстава, сеа сум образован граЏанин.
Дека го направија луксуз, нема збор. Го направија само луксуз за „одбрана“ публика. Тоа што е внатре е истото од пред 20 години. И седиштата дури корнат на истиот претенционизам. Убаво е човек да се присети на старите времиња... но тоа е само тоа.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
За можности што знам... зависи што гледаш како можност. Еве денес може да бидеш фриленсер и да заработуваш од дома, па така да дали ќе бидеш лоциран на врв на Јакупица или во Дебар маало не ти влијае на платата. За можности... што знам. Во Скопје за да живееш сам онака скромно ти треба добра плата од минимум 500 евриќи, а тоа баш и не е така лесно остварливо освен ако не сакаш да бидеш 8-9 саати касиер и уште 8-9 саати хмм... пумпач на бензинска, што пак познавајќи ја ситуацијата и колку лесно се наоѓа работа станува сај-фај. Во „провинција“ (не знам како дојде зборов да означува населено место надвор од Скопје ама ајде) нема дотолку избор за работа и не е речиси невозможно да работиш две работи туку е невозможно, ама па затоа пропорционално со цените се и платите. И пак е исто сакаш живеј во Скопје сакаш живеј во Кушкундалево, живееш во Фиром т.е. земјата со најдобрата економија во Европа.

Indeed... фриленс, сезонец во иноземство или било што кое е below the radar :)

Пак ќе кажам, зависи кој што сака и очекува од животот и колку ги одмерил опциите и можностите ама во секој случај хунзистан е лошо место за живот...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Во култура не спаѓаат само добрите манири, широк поим е тоа ама тука спаѓа и воспитувањето. Театарот и балетот кај нас се луксуз еве ако ги земе финансиите во предвит ама има разлика во градење на една личност која е воспитувана на тој начин да оди во театар одколку друга личност која воспитувана да сади трафки по бавча и да се качува по дрва.
Ете за тебе приоритет е детето твое да гледа светулки ама за моето приоритет ми е покрај англиски да научи и германски јазик.
Моите деца секако учат англиски, а ке научат и германски и уште некој јазик плус. Моите деца учат и уште многу други нешта како свирење гитара, пеење, цртаат одлично, одлично се снаоѓаат со технологијата, изработуваат накит покрај мене, супер им оди математика и решаваат математички проблеми што ретко кое дете на нивна возраст би ги решило, имаат познавања од астрономија и читаат енциклопедии на таа тема, ги интересира и географија и ги знаат главните градови на побеќето држави и ги препознаваат знамињата... сето тоа на возраст од седум и пет години и се што научиле, научиле затоа што нив ги интересирало, а не затоа што сум им наметнувала. Знаењето за храната, за билките и за природата кое го имаат им е плус основните знаења, јас не гледам зошто некој човек би бил уназаден ако учи да произведува храна, да стекнува способности за качување по дрвја или ако знае да ужива во мали и едноставни нешта како што се ѕвездите на небото или светулките? Објасни ми те молам, навистина не ми е јасно.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Искрено еве јас ќе ти кажам што мислам за балетот пошо како мал не сум пропуштал претстави па едно време бев неактивен за да после одредена пауза од деценија да стапнам пак во МОБ.
Ништо не е сменето, даже претенциозноста да се гледа претстави ради помодарство е во пораст. Имаше бабетини кои не знаеја да ракоплескаат соодветно туку на секој малку потежок stunt изиграваа ко бруцоши на Цеца концерт како ги гаѓаат со песни. А реално изведбата беше скромна (музички) тек-таму нешто примабалерината играше подобро додека господинот балетан не беше ич уидисан со темпото. Но битно хеј... сум бил на претстава, сеа сум образован граЏанин.
Дека го направија луксуз, нема збор. Го направија само луксуз за „одбрана“ публика. Тоа што е внатре е истото од пред 20 години. И седиштата дури корнат на истиот претенционизам. Убаво е човек да се присети на старите времиња... но тоа е само тоа.
Јас не негирам дека има такви луѓе што ама можностите се повеќе во град одколку во село, состојбата на нашите театри се такви какви што се затошто толку ни е сеопштата образованост за тоа ние немаме култура за одење на такви места, незнаеме да го цениме тоа.
Знам дека приоритети на родителите влијаат на децата еве на пр доколку татко ми ја прифатеше работата во Скопје на мои 5-6 год сега јас ќе немав да плаќам кирија и можеби ќе се занимав со пливање тоа ми беше желба ама ете тоа е тоа може би и ке се школував во друга држава итн.

Моите деца секако учат англиски, а ке научат и германски и уште некој јазик плус. Моите деца учат и уште многу други нешта како свирење гитара, пеење, цртаат одлично, одлично се снаоѓаат со технологијата, изработуваат накит покрај мене, супер им оди математика и решаваат математички проблеми што ретко кое дете на нивна возраст би ги решило, имаат познавања од астрономија и читаат енциклопедии на таа тема, ги интересира и географија и ги знаат главните градови на побеќето држави и ги препознаваат знамињата... сето тоа на возраст од седум и пет години и се што научиле, научиле затоа што нив ги интересирало, а не затоа што сум им наметнувала. Знаењето за храната, за билките и за природата кое го имаат им е плус основните знаења, јас не гледам зошто некој човек би бил уназаден ако учи да произведува храна, да стекнува способности за качување по дрвја или ако знае да ужива во мали и едноставни нешта како што се ѕвездите на небото или светулките? Објасни ми те молам, навистина не ми е јасно.
Ок твоите деца уште од мали се спремни да конкурираат за нобелова награда ама воздухот ги спречува сфатив.
Уште искрено да одговореше како од толку прескрана селска идила тебе единствен избор ти стана Скопје ... знам финансиите зш во село не се раѓаат на дрво пари. Кое е тоа село во МКД значи во МКД каде твоите деца ќе го научеа сево ова додека ти обративаше земја?
Уназадени, неможе да речам така зошто едни се можностите село други во град, и како тоа ти не им наметнуваш кога они се толку мали и уште неможат да донесуваат одлуки а ти ќе ги враќаш во село - тоа не е нметнување, што ако утре ти реча да останевме во Скопје ке бев друг човек а ти не врати во село а?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Јас не негирам дека има такви луѓе што ама можностите се повеќе во град одколку во село, состојбата на нашите театри се такви какви што се затошто толку ни е сеопштата образованост за тоа ние немаме култура за одење на такви места, незнаеме да го цениме тоа.
Знам дека приоритети на родителите влијаат на децата еве на пр доколку татко ми ја прифатеше работата во Скопје на мои 5-6 год сега јас ќе немав да плаќам кирија и можеби ќе се занимав со пливање тоа ми беше желба ама ете тоа е тоа може би и ке се школував во друга држава итн.


Ок твоите деца уште од мали се спремни да конкурираат за нобелова награда ама воздухот ги спречува сфатив.
Уште искрено да одговореше како од толку прескрана селска идила тебе единствен избор ти стана Скопје ... знам финансиите зш во село не се раѓаат на дрво пари. Кое е тоа село во МКД значи во МКД каде твоите деца ќе го научеа сево ова додека ти обративаше земја?
Уназадени, неможе да речам така зошто едни се можностите село други во град, и како тоа ти не им наметнуваш кога они се толку мали и уште неможат да донесуваат одлуки а ти ќе ги враќаш во село - тоа не е нметнување, што ако утре ти реча да останевме во Скопје ке бев друг човек а ти не врати во село а?
Не ми е јасно зошто се расправаш со мене и зошто ме убедуваш дека Скопје е подобра опција од село. За мене тоа не е така, за тебе нека е, напиши си ти за себе ко што си напишав јас за мене, ама те молам не ме убедувај и немој да ме обвинуваш дека лажам бидејки не ме познаваш и тоа не можеш да го знаеш.
Јас не живеам во Скопје затоа што јас така сакам, туку затоа што некои околности допринесоа за тоа и немам намера да ти ги објаснувам, но не се финансиите бидејки сум невработена (и покрај тоа што сум во Скопје). Заработувам така што преку интернет го продавам накитот кој го изработувам, а тоа можам и во село да го правам, само што таму животот би ми бил многу по ефтин. Се познава дека немаш некое животно искуство, или си многу млада за да разбереш некои работи, но ете понекогаш животот приредува и такви представи, ако не можеш да ги разбереш нема потреба ниту да ги коментираш. Знаењето и интересите на моите деца воопшто не зависат од Скопје како град, ниту од можностите кои тој ги нуди. Обработувањето земја и не е толку тешко ко што ти се чини, посебно ако произведуваш храна исклучиво за себе, а не за бизнис и ако знаеш точно колку ти е доволно и што точно ти треба. Јас и денес го трошам истото време на други работи и не сум цел ден слободна да ги подучувам децата, така да тие не би изгубиле ништо додека јас одгледувам зеленчук и овошје.
А за она последново... тие муабети се малку детски. Нема човек кој што во пубертет не му го рекол истото на родителот, ако не го изговорил, барем го помислил. Но како што човекот созрева, така разбира дека секој сам си е одговорен за себе, дека тугите одлуки не влијаат многу. Ако нив им смета тоа што се во село ке се бунат, ке го искажуваат своети незадоволство, па во тој случај заради нив можеби и ке сменам нешто, но додека се мали тоа нема да им пречи од причина што таму би имале многу повеке слобода одколку тука, а моите деца ја сакаат слободата и јас сакам да им ја дозволам колку што можам повеке.
Ми се чини дека ти немаш вистинска представа за тоа како изгледа село и како може да се живее таму.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Немам време да ги читам претходните мислења, но селото го сакам. Никогаш не сум живеела подолго од 2 недели на село, но летните распусти сум ги минувала на село. Спојот со природата му дава на човекот мир, слобода, креативност и мене ми делува убаво. Пред некоја недела си посадив кромид во жардинери за цвеќиња, секој ден му се радувам кога расте. Можеби звучи лудо, но далеку од ова загадено лудило на мои години е рај . Кој има искуство во одгледување на храна за свои потреби нека ми пише во пп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo