Аман бе луѓе, за кои села говорите во Македонија, па се е пустош,само некои стари луѓе останати тк тамо а кога ке дојде зима незнаат душички од каде леб да земат?!
Јас сум родена во село и во село живеев до 19-20 години. Знам каков е животот таму и знам точно што сакам од тој живот. Сега живеам во Скопје затоа што немам друг избор, не би ти објаснувала за околностите во кои се наоѓам, но верувај дека моментално друг избор немам, но си работам на случајот и најверојатно за 2 до 3 години ке успеам да си го остварам сонот.Кога го читав постов се очекував дека ќе пишеш во село живееш кога испадна во Скопје ајмо опет на “ село фали во град живеј “ или првите точки наведени од здрав живот , храна дрн дрн да беше толку загрижена досега илјада пати ке се преселеше на село нели децата беа најважни ама не уште се во најзагадениот град. За одењето по кино, театар и музеј се треба култура.
Далеку од тоа дека јас генерализирам ама вака размислуваат луѓе кои немаа два дена поминато на село не па ќе работеле и кога сме кај социјализацијата може ти не ја сакаш ама и твоите деца ќе претвориш како тебе или ?
Јас сум родена во село и во село живеев до 19-20 години. Знам каков е животот таму и знам точно што сакам од тој живот. Сега живеам во Скопје затоа што немам друг избор, не би ти објаснувала за околностите во кои се наоѓам, но верувај дека моментално друг избор немам, но си работам на случајот и најверојатно за 2 до 3 години ке успеам да си го остварам сонот.
Муабетите за здрава храна не се дрн, дрн како што ги нарекуваш. Јас многу се грижам за тоа што јадеме, сум пишувала за тоа на многу теми низ форумот, ме мрзи да се повторувам.
За одење во кино, театар и музеј се потребни и пари и време, културата нема врска со тоа. Да беше така сите ке ги гасеа мобилните додека гледаат престави, па не е така ( прост пример).
Јас си ги познавам моите деца и ги почитувам нивните желби и потреби. Не сум родител кој сака да наметнува и одлуката да се преселам во село кога ке сум во можност, не е донесена туку така.Јас најдобро си ја знам состојбата и знам што можам да им пружам тука, затоа те молам да се воздржиш од остри коментари на таа тема бидејки не гледам причина да се расправаме дали јас правам добро за моите деца или не. Инаку не разбирам зошто мислиш дека децата во село не би биле социјализирани, јас никаде не напоменав дека нив ке им ја забранам социјализацијата само затоа што јас не сум социјализирана личност?
Се разбираме де, ти сакаш како американците во преградска населба и твој дом а не во село зш во првиот пост пиша дека сон ти е во село па испадна друго
Кое село од мкд ќе избереш ?Не мора да е приградска населба по дифолт, бидејќи истите некаде се подложни на бирократија, комуналии и даноци на имот, стварта е местото да биде во радиус од половина час со расположиво превозно средство од некој град, значи може и село.
Многу е погрешен стереотипот за `в пештера, в планина` ситуации затоа што ако човек има потреба од некоја активност која ја нуди градот може да се упати по потреба, дали е култура, дали спортски настан дали нешто десетто не е важно. Познавам скопјани па и скопјанки кои никогаш во животот не биле на театар, опера, балет или било што слично... од градската понуда најактуелно кај раја се кладилници и кафичи, тоа е реалноста а не гостувањето на Баљшој во 2024.
Живот во бетонска коцка заедно со 200 души во влез, во станче каде оние кои живеат во него имаат по 5-6 квадрати по просек на особа не ми делува особено привлечно, куќни совети, протекло ваму, оној рекол вака, пари за лифт никој не дава, овој повратил, кучето од онаа се исрало во влез.......ако се тргне настрана киријата како опција, останува купување на стан - што е научна фантастика а и да се има таква сума пари тоа според мене е само фрлање пари беспотреба.
Затоа викам, кој колку се познава себеси и кои работи ги вреднува во животот, зависи...
Културата и воспитувањето немаат врска со тоа дали одиш во театар, кино или не, барем денес тоа не важи. Ако јас не можам да си дозволам повеке од еднаш месечно да одам во театар затоа што немам пари за тоа или едноставно немам време, тоа не ме прави по некултурна од тебе ако ти секој втор ден одиш на такви места затоа што можеш сето тоа да си го дозволиш, не се утепуваш од работа, немаш деца за чување и сл.Е ок дај боже што побрзо да ти се остварат плановите а за одењето во кино и театар парите и времето се изговор тоа се учи од мали нозе како и гасењето на мобилни се тоа се сведува на култура а во култура спаѓа и воспитување.
Не се расправаме далеку од тоа ама мн контрадикторности има во твојот пост нели ?
Си живеела во село до 20 год го знаеш животот таму и сакаш да се вратиш на село ама избор е Скопје, во Скопје има здрава храна а сакапа е па неможе да е за џабе некој за таа храна станувал од 4 сабајле па до вечер.
Што работеше ти на село произведувавте нешто и во кое село во мкд би живеела?
Еднаш месечно во театар?Културата и воспитувањето немаат врска со тоа дали одиш во театар, кино или не, барем денес тоа не важи. Ако јас не можам да си дозволам повеке од еднаш месечно да одам во театар затоа што немам пари за тоа или едноставно немам време, тоа не ме прави по некултурна од тебе ако ти секој втор ден одиш на такви места затоа што можеш сето тоа да си го дозволиш, не се утепуваш од работа, немаш деца за чување и сл.
Денес има и такви кои од помодарство одат на представи и читаат книги...
Не буквално, ама кога се има некој денар плус се оди или таму или на некое друго место, а кога нема да успееме ни сметките да си ги платиме, тогаш се седи дома и сето тоа нема никаква врска со културата (тоа сакам јас да кажам)Еднаш месечно во театар?
Па и тоа не е лошо бе.
Поентата е кога имаш театар но ете ти не сакаш. Можностите наспроти приоритетите, тоа мислам сакаше да каже Алба.