живеам во Скопје, половина од моето друштво се од други градови ( Битола , Велес , Кочани , Крива паланка , Струмица , Прилеп , Тетово, Гостивар и останати поголеми или помали градови , села ). Никогаш не ми преставувало проблем да бидам со некој кој не е од Скопје, ниту пак сум навредил некој во стил како „ААА ТИ ЗБОРИШ СО НЕКОЈ ДИЈАЛЕКТ НЕ СЕ ДРУЖАМ СО ТЕБЕ, ТИ СИ МИ ИСПОД НИВО“, глупости. Ако ми е убаво со некого нека биде и од најзатуцаното место што никој у живот не слушнал за тоа место(село, град и сл.) јас ќе се дружам.. Инаку мое мислење: “Стар Скопјанин„ е изумрен вид уште од '63година, сите влечеме корени од некој друг град, кои на времето се преселиле во Скопје и се прилагодиле на животниот стил што го бара Скопје за да преживеат.
Пример еве јас, на татко ми , татко т.е мојот дедо е од св. Николе , баба ми е од Врање , но година пред земјотресот се преселиле во Скопје, татко на мајка ми другиот дедо е со потекло од Франција, баба ми е од егејска македонија кои исто така пред земјотресот се преселени во Скопје. моите родители како и јас сме родени во Скопје и сеа као јас сум Стар скопјанин? Не! Јас сум од Скопје кој има корени скоро од цела земја поточно Балкан и пошироко
Е сега како и сите останати што се на темава и јас се нервирам што толку го јачаат Скопје( факултети , работа , реновирање а у ) а останатите градови пропаѓаат и пополека изумираат. Нормално во Скопје има поголема плата. Да, но затоа и киријата е поголема и општо целиот стил на живеење е поскап. За да излезеш со девојче ти требаат најмалку 500 ден. за да не се обрукаш и слично. Додека пак во другите градови платитет се помали но затоа и останатато е поефтино . Како и да е се си има предности и слабости... Мене едино нешто што ми пречи е тоа кога некој кој доаѓа прв пат во Скопје за работа, се вработува за минималец и е задоволен, муабетот ми е не си се вреднуваме. Бев на интервју за работа, поминуваат сите прашања а у и на крај доаѓа прашањето - А за колкава плата би работеле? - Јас како и секој нормален човек барам 25.000 почетна плата ( како софтверски инжињер), шефот или што и да е тој што го извршуваше интервјуто ми се изнасмеа и ми кажа као у стил - ти си будала што бараш толку пари има луѓе што би работеле и за 14-15 илјади...
толку од мене ојдов јас да се умарам по банки
П.С. и јас сум провинцијалец кога ќе отидам на гости кај некој колега од страна. Ме нарекувале со секакви имиња(скопјаничиште, скопски , скопско педерче и сл.) ама не сум замераваал.