Би живееле ли во Скопје?

Дали и вие би останале во својот роден град или би живееле во Скопје?

  • Би останал во својот роден град

    Гласови: 8 66.7%
  • Би живеел во Скопје

    Гласови: 4 33.3%

  • Вкупно гласале
    12

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сериозно, не знаев дека ова скопјанчишата (поголемиот дел) се со високо его и граница им е небото.

А скопјанки? :kafe

Не бе шо збораш, тие се господа, кој те излажал дека се дигнати. Ете дури и Скопје не било село туку град, затоа што има милион жители. Значи не е можно поголемиот дел да се дигнати, некој ти го лажел.

Милион тешка работа дека ќе има некогаш :)
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Зошто не се навредуваш? Убаво ти е кога ќе ти речат провинцијалец глуп? Или остај го овој пеер, од провинција е?
На овие твои прашања би одговорила: Глуп си :zelen
Е сега сериозно неможам да се навредам од луѓе со такво размислување, тие имаат проблем со разграничување на поими, именки, придавки итн итн ....
Нетрудисе да ме навлечеш во провинцијалец-скопјанец зш сериозно напразно е тој муабет и далеку од продуктивен, ти сигурно имаш 18-20 год и затоа тебе ти е интересен ама мене ич:zelen

Тоа зависи колку човек се познава самиот себе, какви искуства има и што кои вредности ги сака во животот. Пошто имам живеено и работено во далеку поголем град од Скопје во иноземство, левел 75км до работно место во еден правец воопшто не ме импресионирал живот во мегалополис, колку и да има предности во одредени работи, ама баш воопшто. Животот се состои од време, банално ама точно и не би сакал уште еднаш да губам по 3 саати на ден во превоз, можам да замислам бескрајно многу приоритети за трошење време отколку тоа. And that`s just the tip of the iceberg :)

Види сега зборуваме за вечна МКД и тука знаеш дека желбите се едно можностите се друго :zelen
Има разлика во тоа да патуваш по 3 часа за пари и да чекаш вода 3 часа за да се напиеш, тоа е времето ако гледаме така. Сега и годините што одмиинуваат си го прават своето знам дека е напорно и јас еден период ги минував тие 100 км секојдневно ама премногу себично е да се размислува така. Ако мене Скопје ми овозможува да го добијам најдоброто образование и притоа континуирано да учам нови работи зошто јас тоа би му го скратила на моето дете исплнувајки си ги желбите ете мене во село ми се живее, јас ќе сакам тоа да добие уште подобро одбразование во поголема метропола . Ова образованието е само пример затоа и реков дека помалку лажете кога велите на село би живееле зошто кај нас ни приближно не се како по тв што ни прикажуваат од други држави.
Ти сега во град или на село живееш ?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас Скопје не го сакам воопшто, да појдам на викенд или неколку дена, да, ама да живеам таму ...само ако баш морам...
И не знам што е тоа што Скопје толку ти нуди...
Можеби им е интересен на студентите, во тој нивни период од животот...
И јас студирав, ама не сум фасцинирана...повеќе ме исполнува живот на помало место...
Образование да, мада тоа го има сега и по другите градови низ државава...работа, за кого како, партиски, непартиски, експлоатирачки настроени газди, тоа го има во секој град во државава...
Не може да се рече дека животот во метрополата е многу поразличен од оној во другите градови, аман бе луѓе, колкицка државичка сме...од кај и да тргнеш за 2 часа максимум си во Скопје...
Е што е тоа што Скопје ти го нуди, па демек со живеењето таму ќе ти се смени животот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne, malo and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
На овие твои прашања би одговорила: Глуп си :zelen
Е сега сериозно неможам да се навредам од луѓе со такво размислување, тие имаат проблем со разграничување на поими, именки, придавки итн итн ....
Нетрудисе да ме навлечеш во провинцијалец-скопјанец зш сериозно напразно е тој муабет и далеку од продуктивен, ти сигурно имаш 18-20 год и затоа тебе ти е интересен ама мене ич:zelen



Види сега зборуваме за вечна МКД и тука знаеш дека желбите се едно можностите се друго :zelen
Има разлика во тоа да патуваш по 3 часа за пари и да чекаш вода 3 часа за да се напиеш, тоа е времето ако гледаме така. Сега и годините што одмиинуваат си го прават своето знам дека е напорно и јас еден период ги минував тие 100 км секојдневно ама премногу себично е да се размислува така. Ако мене Скопје ми овозможува да го добијам најдоброто образование и притоа континуирано да учам нови работи зошто јас тоа би му го скратила на моето дете исплнувајки си ги желбите ете мене во село ми се живее, јас ќе сакам тоа да добие уште подобро одбразование во поголема метропола . Ова образованието е само пример затоа и реков дека помалку лажете кога велите на село би живееле зошто кај нас ни приближно не се како по тв што ни прикажуваат од други држави.
Ти сега во град или на село живееш ?

Па од погорните писанија е јасно дека во град живеам ама дека планирам да не живеам во град, особено не некаде каде што ќе ми помине младоста во патување. Стекнувањето со имот во рурална средина не е ствар на проста желба и магична реализација туку на организиран напор со однапред зададена цел а таа е да се оптимизира слободата и можноста за што поголемо располагање со своето време. Што заедно со некои други ствари околу кои не би навлегувал сега пошто се премногу приватни само би рекол дека таква опција сама се наметнува.

Не правам муабет за лаконска забелешка од типот `ех шоубо е фсело, чист ваздух, природа хехе` која одвреме навреме се слуша од раја, туку за завршување на она што сум го започнал а кое стицајем околности мораше да биде ставено на стенд бај :(

Нормално не е ствар во одење на планина и тотална изолација него за место доволно далеку а сепак блиску за функцинирање :)
Настрана некои прагматични причини како што се манијакалните цени на недвижнини и доживотно киријашење што ми е кошмар... се изнакиријашив (кое зборче смислив (party)) за три реинкарнации унапред, не фала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Скопје како најголем град во оваа наша мала државичка Ви нуди само поголеми можности за избор на друштво, има повеќе културни забавни настани,архитекстонски убавини и срања, трговски центри итд.се си знаете што имаме ние во Скопје.Живеењето во поголем град е штетно по живот,загаден воздух,поголема динамика,ужурбаност,поголем криминал,галама на сите страни 24 часа на ден но ние што сме си родени тука пак си го сакаме и не би го промениле за ниеден друг град во Македонијава.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Милион тешка работа дека ќе има некогаш :)
Јас мислам дека ќе има и милион, моментално сигурно има над 700 илјади. Како што се преселуваат сите во Скопје, ќе стигнеме до милион. :)


од кај и да тргнеш за 2 часа максимум си во Скопје...
Гевгелија - Скопје 4 часа.
Битола - Скопје 3 часа, 5 со воз. :)


Скопје како најголем град во оваа наша мала државичка Ви нуди само поголеми можности за избор на друштво, има повеќе културни забавни настани,архитекстонски убавини и срања, трговски центри итд.се си знаете што имаме ние во Скопје.Живеењето во поголем град е штетно по живот,загаден воздух,поголема динамика,ужурбаност,поголем криминал,галама на сите страни 24 часа на ден но ние што сме си родени тука пак си го сакаме и не би го промениле за ниеден друг град во Македонијава.
Спомениците ли се тие убавини кои треба да се видат во Скопје? Трговски центри имало, големи топки. :)

Еве јас сум роден во Скопје и не го сакам, не сакам да живеам тука, би го сменил за било кој град.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Јас мислам дека ќе има и милион, моментално сигурно има над 700 илјади. Како што се преселуваат сите во Скопје, ќе стигнеме до милион. :)



Гевгелија - Скопје 4 часа.
Битола - Скопје 3 часа, 5 со воз. :)



Спомениците ли се тие убавини кои треба да се видат во Скопје? Трговски центри имало, големи топки. :)

Еве јас сум роден во Скопје и не го сакам, не сакам да живеам тука, би го сменил за било кој град.
Е арно де, гласај си, пиши си се тамо горе.Водно со жичарата го направија петка, музејот на воштани фигури,археолошкиот музеј, холохаустот, новиот театар.....е богами за овие сите што ги набројав вреди да се посетат и ги нема во другите градови во државичкава наша.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Е арно де, гласај си, пиши си се тамо горе.Водно со жичарата го направија петка, музејот на воштани фигури,археолошкиот музеј, холохаустот, новиот театар.....е богами за овие сите што ги набројав вреди да се посетат и ги нема во другите градови во државичкава наша.
:rofl
Што зборуваш читаш ли? Новиот театар е толку грд што погрд не може да е, се обидуваа да направат демек убаво да изгледа ама се посрамотија, цела Европа ни се смее.
Спомениците да не зборувам кажано е се, портата е глупост најголема што глумат со тоа? Париз? :rofl
Водно не го направија убаво, Водно го упропастија. Жичари, пат нов за до таа "елитната населба" Сончев Град, сечење дрва со брзина на светлината, згради никнуваат како кокичиња. Тоа е убавото? Единственото нешто каде можеше да се отиде на чист воздух и да се прошета низ шумата го упропастија, срамота.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
:rofl
Што зборуваш читаш ли? Новиот театар е толку грд што погрд не може да е, се обидуваа да направат демек убаво да изгледа ама се посрамотија, цела Европа ни се смее.
Спомениците да не зборувам кажано е се, портата е глупост најголема што глумат со тоа? Париз? :rofl
Водно не го направија убаво, Водно го упропастија. Жичари, пат нов за до таа "елитната населба" Сончев Град, сечење дрва со брзина на светлината, згради никнуваат како кокичиња. Тоа е убавото? Единственото нешто каде можеше да се отиде на чист воздух и да се прошета низ шумата го упропастија, срамота.
За мене и мојот вкус, новиот театар е прекрасен, сум била неколку пати и сите кои влегле првпат се воодушевуваат и никој не се смее.Мислам дека ти не си ни бил таму.Портата и мене не ми се допаѓа и затоа не ја ни спомнав а и премногу вишок на споменици имаме, но затоа за паркови уредени и детски игралишта има е сега ако сакаш за инат да збориш и да контрираш.Најмногу ми е жал што го гледам градот премногу прљав и џабе е и колку да се чисти кога имаме многу несовесни и некултурни жители.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Па од погорните писанија е јасно дека во град живеам ама дека планирам да не живеам во град, особено не некаде каде што ќе ми помине младоста во патување. Стекнувањето со имот во рурална средина не е ствар на проста желба и магична реализација туку на организиран напор со однапред зададена цел а таа е да се оптимизира слободата и можноста за што поголемо располагање со своето време. Што заедно со некои други ствари околу кои не би навлегувал сега пошто се премногу приватни само би рекол дека таква опција сама се наметнува.

Не правам муабет за лаконска забелешка од типот `ех шоубо е фсело, чист ваздух, природа хехе` која одвреме навреме се слуша од раја, туку за завршување на она што сум го започнал а кое стицајем околности мораше да биде ставено на стенд бај :(

Нормално не е ствар во одење на планина и тотална изолација него за место доволно далеку а сепак блиску за функцинирање :)
Настрана некои прагматични причини како што се манијакалните цени на недвижнини и доживотно киријашење што ми е кошмар... се изнакиријашив (кое зборче смислив (party)) за три реинкарнации унапред, не фала.
:zelen
Да се разбереме ти во трета доба сакаш да живееш во пригратска населба не во село, да во тој период од живот сите го сакаат мирот и спокојноста, ама не сега така ?
Пак се сведува на она “ село фали во град живеј“.
Непрај муабет за киријашење, ти за три ама и јас натаму одам па може и повеќе воскреснувања ќе ми требат :zelen патентирај си го зборот мн е е јак изнакиријашив :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy