Дрога (општа дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Откако ќе внесиме дрога во организмот, дел се исфрла, а дел останува заглавен во масното ткиво за потоа да причини појава на истото чуство на уживање кое сме го имале додека сме биле под дејство на дрогата. И како што повеќе внесуваш дрога, така повеќе имаш заглавени токсини во телото и тие токсини ти предизвикуваат поголема и поголема желба за пак и пак да внесуваш дрога, нив не можеш да ги исфрлиш на друг начин освен со сауна(има посебни чекори, не е тоа да одиш во сауна 15 мин. и готово ги исфрлив токсините). Откако ќе го исчистиш телото од заглавените токсини и ќе си ги вратиш повторно во нормала сетилата за вкус, мирис, допир, вид, ќе ти се подобри сонот и многу други придобивки, после тоа говориме за таа ментална зависност.
Нормално има луѓе кои се борат против таа желба што ја бара телото повторно да земаат дрога, затоа што цврсто се одлучиле да одат напред, но има многу кои се лажат дека не се физички зависни и дека можат да престанат кога сакаат, а всушност не можат. Се сложувам со фактот дека некои луѓе престанале да користат дрога сами од себе, но јас мислам дека посигурен начин е тој најпрвин да го исчистиш телото, па умот, за да немаш понатамошни рестимулации или несоодветни реакции на луѓето и околината.

Ок но физио/биолошките механизми се секундарни, зависноста се јавува поради една и само една работа - бегство... бегство од животот кој особата го живее. Како што експетиментот со кафезот покажал.
Во првиот експеримент каде што штакорот бил во кутија, значи голи ѕидови и два садови со вода, еден со чиста а еден со `зачинета` со дрога и нормално, штакорот почнал се повеќе да пие од зачинетата вода се` додека не станал џанак :D А што друго и би правел во кутија без ништо внатре каде што не може ниту да се движи како што треба?!
Во експериментот на овој ликот од сајтот, штакорот бил сместен во штакорски хабитат, со други штакори со кои можел да се тепа или брка, штакорици со кои можел да се пари, камења цевки и остали предмети а самиот кафез бил далеку поголем.... и резултат бил што прилично ретко пиел од дрогираната вода и не станал џанак (party)
Ако беше чисто физиолошки ќе постоеја армии на џанаци кои постоперативно примале диаморфин (хорс) и остали наркотици...

Зависноста е бегство од нешто, секогаш и секаде, без разлика дали е дрога, алкохол, храна или што и да е...
 
TheCat

Староседелец
22 февруари 2012
193
381
663
Зависноста е бегство од нешто, секогаш и секаде, без разлика дали е дрога, алкохол, храна или што и да е...
Се согласувам со тебе, поточно јас би го дефинирала како недоволна подготвеност да се соочат нештата и нормално бегство од тоа што не можеш да го соочиш.

Животот е како игра во која постои слобода, пречки и цели, а во играта постои неопходност да се има противник. Исто така постои неопходност да се има проблеми и доволно индивидуалност за да се случи снаоѓање во ситуации. За животот да се живее целосно човек мора да има како дополнение "нешто да се прави", повисока цел и оваа цел за воопшто да биде цел мора да има против цели и цели кои ја спречуваат да се оствари. Штакорот кој живеел во кутија немал игра и морал нешто да прави, додека другиот штакор имал можност да игра.
Кога ќе доведеш една личност во состојба која се чини дека нема излез, таа личност е подложна на болести и грешки. Што повеќе можеш да згрешиш од тоа да направиш погрешен избор?
Се согласувам со тебе, поточно јас би го дефинирала како недоволна подготвеност да се соочат нештата и нормално бегство од тоа што не можеш да го соочиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Леле дрогаа , каква слика е тоа од страна да го гледаш како лета во облаци ,замижан во очите и цигара со пепел изгорена(заборавена) во рака :eek:
Самата слика укажува на тоа дека нема назад , нозете партали ,рацете хорор ,метадоните го пумпаат кој знае колку бари (facepalm) страшна слика , хаосот во кој живеат ,живот од денес за утре , изолирани од општеството , а што е уште по трагично индирекно им го загрозуваат психичкото здравје на најблиските , финансиски проблеми ,безизлезност , сето ова е една слика за една личност која од ништо се самоубила по сопствена воња .
Никој не може да му помогне , ретко кој во такви моменти ќе ти подаде рака ,а и да ти подаде што вреди ?
Најчесто кругот на пријатели се губи -изчезнува , те избегаваат и оние кој те знаат и оние кој не те знаат , оставен на родителите ако ги има воопшто кој се истоштени од секојдневните гледки и притисоци ,а немоќни во секој поглед ...
На крајот од сето тоа и самиот себе се напушта ,не може да се поднесе , дојдено е веќе нај лошото , ништо не го смирува ништо не му делува , не осеќа вкус ,мирис , свесен е за смртта која е дојдена во него и чека момент кога да го чкрапне прекидачот и да го изгаси и она останато бледо светло што трепка и е при крај во неговиот организмот .(worried)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Користење на дрога оправдувам само ако личноста е болна и потребно е да зема марихуана за да се намали болката. Сите разгалени дечишта што не знаат што да прават со парите што ги добиваат, а не вниманието од дома и што се психички слаби и си дозволуваат да запливаат во тие води, заслужуваат еден добар ќотек, да им се трансформира фацата прво за кога ќе оди на рехабилитација да не ги срами неговите. Залудно и рехабилитација и се ако сака да умри нека се предозира, само тоа е спас за цела фамилија. Ниту да го жалиш, ниту да го плачиш...
 
Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Многу се кења на темава...
Се согласувам само со тоа дека се над умерена доза е штетно.Секој има право да прави со себе што сака,се додека тоа не афектира негативно некој друг.Јас сум ЗА легализирање на марихуаната,ќе зборам за неа.За медицински цели тоа секако,но апсолутно се согласувам за легализирање за индивидуална употреба.Ако глеаме у глобала,треба да се забрани и алкохолот кој што е достапен секаде.Е сеа прочитав погоре дека тие шо се дрогирале бегале од реалноста.Вие секој викенд шо се праите пувки по кафиќи и дискотеки од пиење бегате од нешто,се криете од реалноста?Ама ете стереотипите и шо кажала баба сепак е уште на сила.Дури алкохолот е докажано дека е штетен врз организмот за разлика од марихуаната.Јас не пијам,ама пушам цигари и поретко марихуана.Тоа шо вие шљокате секој викенд по цел викенд чим не ве прави алкохоличари,и мене павкање по 2-3 пати месечно не ме прави наркоман,ниту па лош човек.Баш напротив,социјалниот живот,факултетот и здравјето ми се супер,нити па сум створил финансиска криза во семејството и не повраќам по паркинзи и дворови.Брат бегај не се дружи со него павка трава,елај со нас вечер у диско или кафана ќе се опиеме.Тоа ти е исто шо и:не оди у Грција на одмор,биди патриот,а од друга страна они имаат сите бугарски пасош.
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Марихуаната не е преодна ,а ја квалификуваат во по лесни дроги ,а не е дрога ,ако е за тоа и нането е дрога ?
За едни е дрога, а за други лек ,марихуаната е растение ,не е лабараториск производ ,сега дрога е или не ?
 
Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Марихуаната не е преодна ,а ја квалификуваат во по лесни дроги ,а не е дрога ,ако е за тоа и нането е дрога ?
За едни е дрога, а за други лек ,марихуаната е растение ,не е лабараториск производ ,сега дрога е или не ?
Психотропна супстанција,ставена во листата на дроги.И морфиумот е од растение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Falanga

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Дрога во фармација е исушен лековит дел од растение. Нането не е дрога зошто нема опоен ефект и компонента анандамид што се врзува за цб1 и цб2 рецепторите во организмот како компонентите на марихуаната ( делта9тетеахидроканабинол) !