Човекот што живеел два живота наеднаш
Американскиот дрводелец Ансел Браун на 17ти јануари 1887 година излегол од својата куќа на Род Ајленд, подигнал од банка 550 долари и тргнал во посета на својот внук, за да разговараат за купување на фарма.
Утрото на 14ти март го разбудило тресењето на креветот во собата зад малата продавница во Нористаун, Пенсилванија. Бидејќи не знаел за што се работи, неговиот газда му објаснил дека тој е всушност Алберт Џон Браун, дека ја изнајмил продавницата на почетокот на февруари, дека ја водел работата и дека ја посетувал блиската методистичка црква. Меѓутоа Боурн не се сеќавал на ништо што се случило откако пред два месеца заминал откај својот внук што бил оддалечен 400 километри. Воопшто не му било јасно зашто ја започнал работата за која немал поим и која не го интересирала.
По три години Боурн бил хипнотизиран од Вилијам Џејмс, велејќи дека неговото име е Алберт Џон Браун. До детали го опишал патувањето до Пенсилванија на 17ти јануари и опремувањето на продавницата. Бил збунет во однос на неговиот живот пред 17ти јануари, и многу малку се сеќавал за она што било на 13ти март.
Професорот Џејмс заклучил дека Браун и Боурн се две посебни личности, секоја од нив со свои карактеристики и движења. Во текот на натамошното хипнотичко набљудување Браун се онесвестил и умрел. Веќе не постоел никој што би објаснил како два месеца Браун живеел со живот на некој друг човек.