Мистерии (генерална дискусија)

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Се напнав пола ден со случајов!

Во 2004та, работниците од локален Бургер Кинг во Џорџија наоѓаат онесвестен маж во близина на еден од нивните контејнери.
Фрката започнува по пријавувањето на случајот во службите за итна помош и полиција.
Имено, мажот единствено се сеќава на своето име, прилично специфична девијација од Бенџамин - Бенџаман, а за презиме го кажува Кајл, иако и самиот не е сигурен од каде му е истото (многумина вртат дека се можни асоцијации поради Бургер Кинг).
Ретките работи на кои се сеќава се 3-4 неповрзани броја од неговиот наводен соушл секјурити намбр, фактот дека е роден на точниот датум ко Мајкл Џексон, но 10 години порано, како и слики од одредени места во Индиjана и Колорадо. (Кајл од Колорадо бе :D)
Психолози и секакви аналитичари работеле на неговиот случај и заклучиле дека човекот потекнува некаде од mid-west Америка според акцентот и дека најверојатно работел во ресторани или евентуално поправал и/или продавал електрични апарати во истите, судејќи според тоа дека поправил рерна по меморија, а знаел и да вози автомобил без некој да му укаже што треба да прави.
Било кој обид да се идентификува Бенџаман бил безуспешен. За него нема никакви совпаѓања на слики во стари yearbooks, базата на ФБИ или било која полициска служба, нема совпаѓања ниту во отпечатоци од прсти или заби, и освен 3-4 обиди во кои на крај испаднало дека било препознавање, никој не се јавил дека го познава човекот и покрај медиумската покриеност. Била проверена и службата за witness protection, а тука се и неколку ДНК совпаѓања со можни подалечни прадедовци, но ни тоа не вродило со плод.
Поради немањето идентитет, тој нема право на постојано живеалиште и работа, па живее од милостината на народот и ситна работичка плаќана во кеш.

Во обид да му помогнат, била направена специјална емисија за него во шоуто на Др.Фил, документарка Finding Benjaman, како и вебсајт со истото име на кој се пишуваат апдејтс околу случајот. Од интернет мафијозите, тука се 4чен и Редит, кои знаат да бидат доста феноменални за овие работи.
Доста време ми одзеде АМА страната на Редит, каде самиот Бенџаман им одговарал прашања. Делува на доста разумен и писмен човек.
Факд ап, мме.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се напнав пола ден со случајов!

Во 2004та, работниците од локален Бургер Кинг во Џорџија наоѓаат онесвестен маж во близина на еден од нивните контејнери.
Фрката започнува по пријавувањето на случајот во службите за итна помош и полиција.
Имено, мажот единствено се сеќава на своето име, прилично специфична девијација од Бенџамин - Бенџаман, а за презиме го кажува Кајл, иако и самиот не е сигурен од каде му е истото (многумина вртат дека се можни асоцијации поради Бургер Кинг).
Ретките работи на кои се сеќава се 3-4 неповрзани броја од неговиот наводен соушл секјурити намбр, фактот дека е роден на точниот датум ко Мајкл Џексон, но 10 години порано, како и слики од одредени места во Индиjана и Колорадо. (Кајл од Колорадо бе :D)
Психолози и секакви аналитичари работеле на неговиот случај и заклучиле дека човекот потекнува некаде од mid-west Америка според акцентот и дека најверојатно работел во ресторани или евентуално поправал и/или продавал електрични апарати во истите, судејќи според тоа дека поправил рерна по меморија, а знаел и да вози автомобил без некој да му укаже што треба да прави.
Било кој обид да се идентификува Бенџаман бил безуспешен. За него нема никакви совпаѓања на слики во стари yearbooks, базата на ФБИ или било која полициска служба, нема совпаѓања ниту во отпечатоци од прсти или заби, и освен 3-4 обиди во кои на крај испаднало дека било препознавање, никој не се јавил дека го познава човекот и покрај медиумската покриеност. Била проверена и службата за witness protection, а тука се и неколку ДНК совпаѓања со можни подалечни прадедовци, но ни тоа не вродило со плод.
Поради немањето идентитет, тој нема право на постојано живеалиште и работа, па живее од милостината на народот и ситна работичка плаќана во кеш.

Во обид да му помогнат, била направена специјална емисија за него во шоуто на Др.Фил, документарка Finding Benjaman, како и вебсајт со истото име на кој се пишуваат апдејтс околу случајот. Од интернет мафијозите, тука се 4чен и Редит, кои знаат да бидат доста феноменални за овие работи.
Доста време ми одзеде АМА страната на Редит, каде самиот Бенџаман им одговарал прашања. Делува на доста разумен и писмен човек.
Факд ап, мме.

Ова е интересен случај кој најдобро ја илустрира бесмисленоста на државата како ентитет.
Имаме физички човек, во три димензии :kafeи со сите карактеристики на човек - кој поради немање документи е non-person, државата не го регистрира неговото постоење.
Од друга страна може да се креира person за 5 минути, документирано и евидентирано дека постои - иако нема физичка форма :rofl само со неколку документи на кои печат удриле бирократи. Таква пракса постои за време на избори во корупмирани земји кога се креираат непостоечки гласачи, имаше нешто и во Шошенк кога направија фиктивен човек ако не се лажам се викаше Харви :cool: а во една интересна книга се опишуваа авантурите на еден морнар кој остана без документи и како таков беше non-person и не можеше да се симне од бродот на ниедно пристаниште, како модерна бирократски индуцирана верзија на митот за Проклетиот холанѓанец.... :ladno а имало и бројни случаи на раја заточени по аеродроми од слични причини, имаше филм со Том Хенкс нешто околу тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од друга страна може да се креира person за 5 минути, документирано и евидентирано дека постои - иако нема физичка форма :rofl само со неколку документи на кои печат удриле бирократи. Таква пракса постои за време на избори во корупмирани земји кога се креираат непостоечки гласачи, имаше нешто и во Шошенк кога направија фиктивен човек ако не се лажам се викаше Харви :cool:...
Епа таман да си го земеме овој да биде гласачко тело од Пустец за наредни избори.
Ќе му дадеме и субвенција за сопствен бизнис. Нека поправа шпорети и нека пишува бестселери ко Лајла Грејс и Коста Петров. Пример „Белешките на Бенџаман: Субвенција“ или „Се гледаме во Пустец“. Топ.
Кога начна веќе тоа, јас сум речиси сигурна дека баба ми, инаку почината во 2009, има гласано на последователните избори. (nod) Ја имало на список, као уште не била одјавена, а ни ние не сме им кажале пошто фамилијарно не одиме да гласаме, па не знаеле луѓето. Демек. Ко да не знам дека некаде постои список дека сите по ред имаме гласано.
И ете нова мистерија. За кого ли?
И уште една мистерија е како последниов период се појавија работни места за сите, меѓу кои последно беа ветени цели 150.000, што комотно покриваат 3-4 помали града, а пак невработеноста цвета. Мистерии ли се мистерии.

р.ѕ. To those concerned, мистерија е стварно, не политика. (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Заборавете го Ден Браун и компанија, правиот плот твист околу Исус доаѓа од Јапан... пошто чоекот бил таму закопан :frantic

Се викал Кирисуто и си живеел во селото Шингомура во префектурата Аомори, се` до својата 21.година кога заедно со брат му Исукири тргнал да ја шири својата религија, мешавина на будизам и анимизам (!?) низ светот па така после разни авантури низ Сибир и централна Азија, стигнал во Јудеја каде што неговите учења наишле на голем одзив но и на непријателство од страна на локалните рабини и римските власти, кои како што знаеме му ја скроиле капата.
Пилат го осудил на распнување и сето тоа, но тука во причата влетал Исукири (кој бајаги личел на брата си) и се понудил да се жртвува на крстот за да може Кирисуто да преживее и да ја продолжи божјата мисија.

Како што знаеме, во Библијата има дупка во биографијата на Исус и тоа од некои триесетина години :kafeшто било мотив на многумина да шпекулираат околу дејанијата Исусови (Кирисутови?) за време на тој период.

Кирисуто преживеал поради братската жртва и тргнал назад кон Јапан. После многу перипетии конечно стигнал дома и решил да ја практикува духовноста на приземен начин, се посветил на одгледување ориз, се оженил (жалам Ден Браун, имало раја и пред тебе со таква теорија :zelen) и му се родиле три ќеркички. Подоцна повторно почнал да проповеда, но тоа биле мирни и нежни проповеди, патувал низ сите јапански острови и се упокоил на зрела возраст од 106 години.

Неговата лоза трае до ден денес во Јапан каде семејството Савагучи сеуште ја негува традицијата на својот славен предок и на ретките намерници и туристи им ја раскажува легендата. Тука е и самиот гроб на Кирисуто, а во близина се закопани едно уво од Исукири кое успеал да го добие на непознат начин од римските легионери па дури имаат и место каде е закопан прамен коса од Марија Магдалена, извесна еврејка со која Кирисуто имал врска за време на неговиот престој во Јудеја иако не се знае како завршила таа.

images


Ова е неговиот гроб во Јапан.

cnngo_christs_grave_notice.jpg


А ова е меморијалната плоча на местото.

Документите кои ги имало семејството Савагучи биле однесени на тестирање во Токио во 1930-те но настрадале за време на ратот кога Токио бил бомбардиран со напалм при што загинале повеќе раја него во двете атомски бомби - заедно, и исчезнале многу објакти од државно значење заедно со многу списи и документи кои се наоѓале таму.

Which is... quite convenient :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Struggler

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исчезнувањата се случуваат секојдневно, трагични настани, киднапирања или необјасниви случаи постојат отсекогаш. Но најчесто станува збор за поединечни исчезнувања. Но затоа во Кина, во склад со нивната бројност - се случувало да исчезнат илјадници наеднаш.:frantic

За време на втората Кинеско-јапонска војна (1937-45) се случило најмистичното исчезнување на дури 2.900 војници припадници на кинеската армија во близина на градот Нанџинг.
На 9.декември 1939, батаљон на кинеската војска под команда на полковникот Ли Фу Сиен пристигнал како засилување на кинеската војска која се обидувала да ги сопре јапанските агресори. Единицата била распоредена на дел од фронтот од некои три километри, со една претстража од неколку десетици војници понапред. Војниците пристигнале приквечер и до 4 часот наутро се распоредувале на позициите. Во текот на ноќта не биле очекувани судири а по изгрејсонцето......... немало ниту трага ниту глас од кинескиот батаљон!

Некои офицери го разбудиле полковникот поради загриженост што не можат да стапат во контакт со неговите војници. После неколку неуспешни обиди било решено да одат со џип и лично да видат што е проблемот. Имале и што да видат, рововите, шаторите, складовите - празни. Во прв момент се посомневале на дезертирање - но дезертирање на 100% од војниците и офицерите заедно е невозможно. Освен тоа би оставиле некаков траг на движење, сепак се работело за скоро 3.000 луѓе. Ништо од тоа, настрана од неколку места каде тлеел оган запален вечерта - немало ништо.
Од моментот на последната комуникација со припадници на батаљонот до пристигнувањето на местото на настанот од страна на полковникот поминале само три часа...

Полковникот и некои офицери се пробиле до претстражата каде што мала група војници од истиот батаљон чувале стража и останале единствени од батаљонот кои не исчезнале. Но и тие не виделе и не слушнале ништо и биле и самите шокирани од вестите.
Околните селани биле испитани но и тие не виделе ништо, никој не слушнал ниту пукање ниту движење :eek

Следна теорија била дека батаљонот се предал на Јапонците но тоа испаднало дека не е точно, после војната се утврдило дека јапонските единици на тој дел од фронтот не заробиле никого таа ноќ и не само тоа туку не биле во борба со никого таа ноќ. Постоел мост кој морал да биде пројден за да се дојде до јапонските линии но јапонските стражи не виделе никого.

Исчезнатите никогаш не се појавиле никаде, ниту во своите места на живеење ниту кај своите семејства и пријатели, едноставно буквално ги проголтала ноќта :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дека занимавањето со ѓаоли и окултизми никогаш не е на арно :zelen, најдобар пример бил францускиот писател Жак Казот, невообичаен лик за своето време, веројатно прв писател на научна фантастика (пишувал за подморници кои пловат по медитеранот) и еден од раните романтичари, значи типична трендсетер особа. Најпознат роман му била романтичната дешавка Le Diable Amoreux (вљубениот ѓаол) каде што главниот лик се заљубил во жена која што уствари била Луцифер...:D

Како оригинална личност бил често повикуван на тогашните забави на аристократијата, а еден ден во 1788 бил повикан во самиот крем на тогашното француско општество, вклучувајќи го кралот и кралицата (онаа со колачите).

Бидејќи често се појавувале гласини дека Казот има способност да ја гледа иднината, присутните се шегувале и кажувале досетки на негова сметка, што по извесно време го налутило Жак. И тогаш побарал да се обрати на присутните со неколку предвидувања...
Прво соопштил дека многу наскоро (не навел точна дата) ќе започнат големи нереди, дотогаш невидени во Франција. Присутните не биле импресионирани пошто нереди и бунтови имало отсекогаш... но тогаш Казот соопштил дека кралот и кралицата ќе завршат обезглавени.

Настапила мачна и непријатна тишина, еквивалент на некој тип да дојде на јака забава, да се соблече и да се исере на сред соба/подиум/шанк/билошто :gjavol
Но тоа било само почеток бидејќи неговиот колега Никола Шамфор се обидел да го намали импактот од изјавата на Жак... само за уште повеќе да го испровоцира при што Жак му кажал дека за неколку години Шамфор ќе умре во агонија после 22 неуспешни обиди за самоубиство:eek:

Тоа изгледало веќе претерано, ајде кралот и кралицата и некако, но 22 обиди за суицид!?
Следен бил маркизот Кондорсе за кого предвидувањето било исто - суицид, но помалку драматично, со труење и тоа кратко време пред да биде суден...
На крај во муабетот се замешал некој Жан Франсоа Деларп, закоравен скептик и атеист кој се обидел да го исмее Казот, но попусто, следело последното предвидување - дека Деларп ќе стане фанатичен христијанин ...(party)
Очигледно вознемирен и пред да одговори на прашањата за сопствената иднина, Жак Казот ја напуштил забавата...

Никој не знае дали присутните сериозно го сфатиле сето тоа, бидејќи продолжиле да се шегуваат и после заминувањето на Казот... но подоцна сигурно таа вечер им дошла во сеќавање, чисто да ги измачува во последните денови од животот.

Француската револуција започнала една година после наведената забава, баш како и што предвидел Жак. Кралот и кралицата завршиле обезглавени, Шамфор во обид да го избегне апсењето се обидел да се самоубие но открил дека сечилото од ножот било прилично затапено и му требале 22 засеци околу вените за да конечно `успее` (умрел од губење крв после неколку дена), маркизот Кондорсе станал видна фигура во револуцијата но откако гласал против смртна казна за кралот - паднал во немилост кај жирондинците и бил приведен а во духот на ситуацијата, знаејќи дека гиљотината работи 24/7 - во настап на параноја се отрул себеси за да избегне судење.
Деларп исто така учествувал во револуцијата и бил сведок на владеењето на Теророт и сите `убавини` кои се случувале за да после неколку години......се покае и стане фанатичен христијанин :eek

Жак Казот со причина не ја споменал сопствената иднина бидејќи и самиот завршил на гиљотина во виорот на револуцијата, умрел пред да се остварат сите негови предвидувања.:pusi
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
:ladno

Дај бе нешто инфо околу ова од странските служ... овај де страници?

:ladno
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Од каде ги вадиш овие? Некоја посебна страна за мистерии или онака по нет си бараш? :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од каде ги вадиш овие? Некоја посебна страна за мистерии или онака по нет си бараш? :)

I hear........voices........:frantic

Имам во умот складирано куп мистерии :zelen а изворот... конкретно последнава е од книга за бизарни ликови шо ја зедов еднаш на попуст за смешна цена...инаку не пребирам многу, телевизија, книги, весници, списанија, сајтови, видеа и секако радио (strange by itself but true) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr