Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Што има лошо во тоа дечкото да ја одведе девојката на романтичен одмор за Божиќ?

Ништо особено освен ако дечкото нагло почне да покажува значи на отсутност, изгубен поглед и инсистира со недефинирана, фиксна идеја :zelen
Питер Гибс, музичар и повремен пилот слетал со својата девојка во изнајмена Цесна-150 на хотелската писта (имало и такво нешто) во Гленфорса, на островот Мал на северот на Шкотска.
Би се рекло почеток на одмор од соништата за вљубениот пар... а така и било се` до божиќната вечера на 24/25.12.1975. Двајцата испиле по неколку чаши вино и веројатно требало да се упатат кон хотелската соба за да се препуштат на безобразни и срамотни ствари :giggle кога одеднаш........Питер почнал да кажува дека мора да полета баш во тој момент, сам, веднаш, одма, без одлагање.
Неговата девојка, очекувано шокирана и изненадена од инсистирањето за летање не добила никаков одговор, Питер делувал малку збунето и отсутно и на сите нејзини прашања одговарал со неодредени фрази дека мора да полета веднаш.

Девојката се нашла во небрано но сепак решила да го стори она што Питер го барал од неа т.е. да му помогне да полета. Се ближело полноќ, црна темница а имало и магла. Со батериска лампа во рацете, девојката се упатила на крајот на пистата за да сигнализира каде таа завршува и до каде нејзиниот дечко мора се одвои од пистата со авионот. Можеби фактот што Питер бил екс-пилот на РАФ (британското воено воздухопловство) и имал прилично искуство со авиони и давало каква таква сигурност.

Питер успешно полетал...aaaaaaaaaand was not seen again ...at least not alive.:kafe
По полетувањето - целосно исчезнал. Била дигната тревога, полицијата и крајбрежната служба го барале заедно со други граѓани кои се вклучиле во потрагата...целосно безуспешно.
И повторно одненадеж, во почетокот на Април 1976, ете го Питер! Но за жал, само како леш, на околу 3км од хотелот во кој престојувал со женската, без знаци на насилство освен ситна повреда на ногата. А авионот.........Цесната останала исчезната иако лешот се појавил на место кое веќе било пребарувано :eek
Патолозите соопштиле дека смрт настапила поради премрзнување а не како последица на паѓање од височина. :unsure

Разни теории се појавиле околу овој случај.
Нормално, баналното објаснување со неверство и обид да се напушти женската било очекувано, но Питер не примил телефонски повик ниту некогаш се утврдило дека варал, а освен тоа, такво драматично раскинување е тешко замисливо и не објаснува ништо за смртта и за авионот.

Друга теорија споменувала дека Питер бил шпион на МИ-5 и требало да оди на задача во Северна Ирска каде што тогаш имало граѓанска војна, таму бил убиен и потоа лешот вратен близу до хотелот (!?). Прилично неверојатно ако се има во предвид дека има еден куп начини за полесно справување со леш. Освен тоа...А где је Цесна? :nah

11 години подоцна во залив на островот Мал на неколку километри од пистата но во спротивен правец од местото на кое бил најден лешот - биле откриени остатоци од мал авион за кој некои претпоставувале дека е баш Цесната иако авионот очигледно удрил со голема брзина во водата поради што многуте остатоци биле разнесени наоколу, не се работело за принудно слетување кое би го оставило авионот да потоне како една целина.
Пронајдена била кабината, а во неа удобно сместен стоел - јастог, легендата кажува дека тоа била баш последната вечера во хотелот на 24.12.1975...

Подоцна во 2004 биле забележани остатоци од сличен авион во близина, но дефинитвен одговор немало никогаш...

Како и да е, пооригинален и повозбудлив одмор женската сигурно неможела да замисли :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Форумска мистерија :frantic

Не знам точно кога настанале форумите како виртуелни платформи, веројатно во средината на деведесетите пошто вебот постоел од 1990 но најпознатиот трол во историјата направил јузернејм околу 1998 а се прославил во 2000-2001 претставувајќи се како временски патник.
Денес форумите се веќе позната ствар, троловите неуспешни и очигледни а членовите цинични и тешко дека некој би дигнал галама каква што дигнал јузерот TimeTravel_0 подоцна познат како Џон Титор на неколку амерички форуми.

Јузерот почнувал теми и муабети околу апокалипса која следи во 2038 поради комјутерски баг кој нема да ја препознавал 2038 после 19.јануари таа година и ќе се ресетирале сите јуникс базирани системи назад на 1901 а со тоа ќе следеле срања на планетата земја.
Year_2038_problem.gif


Оригиналната временска дестинација на Џон Титор била 1975 а лично тој егзистирал во 2036 и морал да се врати во времето на афро-фризурите за да најде компјутер ИБМ-5100 бидејќи само таква машина можела да се употреби за исправање на багот поради АПЛ и Бејсик програмските јазици :^)
Поради лични причини направил мала пауза во 2000 година (тоа за временски патник е нешто како кога се застанува на Стража ради цигара и мекици ваљда) и решил да го прерупреди светот за надоаѓачките настани.
А тие не биле забавни, граѓанска војна во Америка, пробив во квантните истражувања кои ќе доведат до развивање на временски машини, срања на амерички избори, пропаст на олимпијадата во 2008 во Пекинг и секако трета светска која ќе трае кратко а ќе започне оваа, 2015.година. :frantic

Денес е лесно човек да се потсмева на сето тоа, но во тие невини форумски времиња Џон Титор бил сватен сериозно од многумина, неговите испади станале предмет на расправа по форуми ширум светот, радија, телевизии и весници објавувале стории за `пророкот`, подоцна се појавиле и книги и сето тоа го направило Џон еден од првите интернет селебритис во историјата, уште пред постоењето на ФБ и Јутјуб.

Типот тролал и тролал но тоа било квалитетно тролање, со употреба на солидна база на знаења околу физика, историја. политика и дистописки сценарија иако најверојатно бил инспириран од филмови, нормално Терминатор каде што имаме лик вратен од иднината со цел да ја заштити жената која треба да го роди водачот на отпорот против машините и секако Враќање во иднината бидејќи Титор тврдел дека временската машина е адаптиран автомобил од 2030-те :zelen

Но сета таа нет-популарност не му донела ништо бидејќи на сцена настапило `Проклетството на тролот` што значи дека тролот не може да го надмина својот тролски идентитет и да се појави во јавност како реална особа бидејќи со тоа ќе го елиминира сето она кое го тврдел претходно. За разлика од подоцнежни нет-селебритис, Титор останал во рамките на виртуелното и некаде во март 2001 престанал да постира засекогаш. (Или барем на тема `временско патување`:rofl)

Никогаш не се дознало кој бил ликот, ај-пи, куки и провајдер базирани претраги не вродиле со плод што сведочи за прилично добра информатичка поткованост на тролот. Подоцна, италијанска тв-куќа најмила приватен детектив кој се водел од логиката дека тролот мора да е информатичар. Истрагата покажала постоење на фирма под име Џон Титор која се појавила во 2003 на Флорида но само како регистриран ентитет без канцеларии и вработени и иако без дефинитивни докази, заклучокот бил дека тролот бил брат на основачот на фирмата, информатичар по име Џон Хабер кој од непознати причини почнал да трола по форуми.
Дефинитивни докази немало, но индикациите укажувале на идентитет на тролот на кој неможе да му се негира оригиналност и креативност.

Денес повеќе нема такви тролови, само ретарди кои замараат раја и за кои би се рекло дека е подобро да си бидат свои, колку досадни и да се`, бидејќи алтер-егото им е идиотско и никакво, појава од која не е лишен ниту овој форум :)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
@Outrider читав пред некој ден за некаква си мистериозна фреквенција од Русија која емитувала некаков сигнал од 1982 мислам, и понекогаш некој глас кажувал имиња некакви и бројки, UVB-76 вака беше името.
Мистериозно мајката, дури јас мислам дека и посебна тема треба за ова.
Ако знаеш нешто повеќе би сакал да споделиш.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider читав пред некој ден за некаква си мистериозна фреквенција од Русија која емитувала некаков сигнал од 1982 мислам, и понекогаш некој глас кажувал имиња некакви и бројки, UVB-76 вака беше името.
Мистериозно мајката, дури јас мислам дека и посебна тема треба за ова.
Ако знаеш нешто повеќе би сакал да споделиш.

Слушав еднаш на нет-радио нешто околу тоа за постојаното емитување на таа фреквенција, нешто имало пораки на руски а останатото морзеови сигнали или барем нешто што наликува на тоа, колку што ми текнува теориите беа дека се работи за дед менс хенд, дел од оперативен систем за `втор удар` во случај државниот и воениот врв да бидат збришани при првиот нуклеарен напад - тогаш стапува на сцена автоматски систем, па имаше нешто дека пред неколку години имало пауза од неколку дена во емитувањата и настанала паника во одредени кругови (party) дека е можно силосите сами да се отворат, малку ми делува како`терминатор` сценарио ама за среќа ништо не се случило инаку немаше да постоиме веројатно сега :zelen
Имаат и америте и британците нешто такво, во Британија некои писма биле од кои барем едно 24/7/365 се наоѓало на нуклеарна подморница со балистички ракети, Кинезите наводно имале многу попримитивен систем со ресетирање на код за лансирање секој месец...

Друго беше дека биле кодирани пораки за советски шпиони, дали беа обични разузнавачи или беа слиперс или манџуриски кандидати кои се програмирани да прават зулуми на запад, советски агенти кои се нормални секојдневни жители на Лондон, Париз, Њу Јорк...се до кобниот позив или порака која ги активира како масовни убијци... арно ама шифрите биле променети наводно и `кандидатите` никогаш немало да бидат активирани...

Толку ми текнува од емисијата шо ја слушав :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Слушав еднаш на нет-радио нешто околу тоа за постојаното емитување на таа фреквенција, нешто имало пораки на руски а останатото морзеови сигнали или барем нешто што наликува на тоа, колку што ми текнува теориите беа дека се работи за дед менс хенд, дел од оперативен систем за `втор удар` во случај државниот и воениот врв да бидат збришани при првиот нуклеарен напад - тогаш стапува на сцена автоматски систем, па имаше нешто дека пред неколку години имало пауза од неколку дена во емитувањата и настанала паника во одредени кругови (party) дека е можно силосите сами да се отворат, малку ми делува како`терминатор` сценарио ама за среќа ништо не се случило инаку немаше да постоиме веројатно сега :zelen
Имаат и америте и британците нешто такво, во Британија некои писма биле од кои барем едно 24/7/365 се наоѓало на нуклеарна подморница со балистички ракети, Кинезите наводно имале многу попримитивен систем со ресетирање на код за лансирање секој месец...

Друго беше дека биле кодирани пораки за советски шпиони, дали беа обични разузнавачи или беа слиперс или манџуриски кандидати кои се програмирани да прават зулуми на запад, советски агенти кои се нормални секојдневни жители на Лондон, Париз, Њу Јорк...се до кобниот позив или порака која ги активира како масовни убијци... арно ама шифрите биле променети наводно и `кандидатите` никогаш немало да бидат активирани...

Толку ми текнува од емисијата шо ја слушав :^)
А имињата зошто биле кажувани? Ај бројките, ама имињата?
Прво едни имиња се слушале, а по некое време се смениле и се слушале други. Тоа е чудното.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А имињата зошто биле кажувани? Ај бројките, ама имињата?
Прво едни имиња се слушале, а по некое време се смениле и се слушале други. Тоа е чудното.

А опцијата за дед менс хенд е исто можна, бриtанците имале исто радио емитување ама тоа бил јавниот сервис Радио ББЦ-4 кој емитувал 24/7 нормална програма и кој го следеле екипажите на подморниците по логика дека ако ББЦ-4 престане да емитува тоа значи дека Лондон повеќе не постои, го изела нуклеарната печурка :zelen сигурно тоа е дел од стратегија за национална безбедност само што во Британија тоа е јавна станица а во Русија тајна... исто пред некоја година имало краток прекин на програмата на ББЦ-4 и веднаш на британските нуклеарни подморници била прогласена борбена готовност, so far and yet so close to the exchage, and giving ideas to some apocalyptic cult to destroy the transmitters of BBC-4 :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А имињата зошто биле кажувани? Ај бројките, ама имињата?
Прво едни имиња се слушале, а по некое време се смениле и се слушале други. Тоа е чудното.

Сега ми текна, имињата може да се однапред зададени шифри како наредби, пример кажува тој гласот име некое, Ирина Николајевна Петрова и кодошот/слиперот кој ја прима пораката некаде во Келн да речеме автоматски знае што треба да прави, таквите шифри е невозможно да се разбијат...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Рајата во француската област Жеводан, сместена помеѓу реката Лоара и планината Маржерид за време на трулиот `древен режим` (Ancient regime, кралството на Бурбоните) се опоравувала од епидемија на чума, бројот на население почнал да се наголемува повторно, раните зацелувале.....кога почнала наезда на разбојници, ликови кои краделе од богатите ама не им текнувало да даваат на сиромасите, напротив ги краделе и нив, даноците повторно натежнувале на грбот на јадните селани а бидејќи животот им бил премногу `забавен` судбината решила да им прати и глад која траела неколку години.

И таман кога рајата помислила дека не може да биде полошо, се појавил врколак.:frantic

Можеби не од оние филмските, кои на полна месечина со крици се претвараат во ѕверови и кои припаѓаат на фантазијата туку сосема реална опасност која ќе одземе непознат број животи.

Страданијата народни започнале во Јуни 1764 кога нешто налик на волк но многу поголемо и со тенденција да се исправува на две нозе нападнал девојка која чувала стадо волови (и после денешниве жени кукаат ццц...). За среќа на девојката крвожедниот створ само ја ранил бидејќи неочекувано неколку волови тргнале во противнапад и го избркале створењето :eek: за разлика од кучињата-чувари кои цвикајќи побегнале (facepalm)

Изјавите на девојката за огромен волковиден створ биле исмеани од рајата кои сметале дека тоа е резултат на страв и паника. За крвава потврда на девојчините зборови не требало многу да се чека, истото битие нападнало, задавило и делумно изело `колешка` на преживеаната девојка од првиот напад - после неколку дена.
Во следните неколку месеци почнало владеење на стравот и ужасот, осамени патници по магливите Жеводански патишта, намерници низ шумските патеки, овчари и остали сточари, деца кои си играле малку понастрана од обично и чија крв мрзнела пред злокобното завивање на створењето кое изронувало од утринската магла со демонски сјај во очите само за да се фрли и да ги задави жртвите - тоа била тажната `шема` по која во наредните три години на оној свет ќе заминат најмалку 113 а најмногу 300 души (проценките варирале).

Народот се собирал по црквички да се моли за избавување од маката а нивната молитва често била прекратена од завивањето на ѕверот во далечината, најава за нова смрт, страв и неспокој во областа.
Освен молитва, рајата се фатила и за пушка, вила, секира - дај шта даш и се формирале групи кои требале да го откријат и убијат `сторителот`.
Биле убивани волци на големо, некои од нив прилично големи - но попусто, секој убиен волк само правел лажна надеж дека опасноста е елиминирана само за да наредниот ден повторно се копа нечиј гроб...

Наредната година, глас за настаните стигнал и до кралот Луи XV кој финансирал посебна група `специјалци` :kafe поточно искусни ловци собрани од цела Франција кои требало да го решат проблемот. И тие убивале волци наголемо, но попусто. Само еднаш дошле во контакт со наводниот Врколак кога успеале да му нанесат рана иако и неколкумина од елитните ловци задобиле тешки повреди.

Нападите продолжувале се до Јуни 1767 кога локален ловец по име Жан Шастел, прецизен стрелец, ризикувајќи го својот живот конечно успеал да го застрела битието и тоа со помош на сребрен куршум (!?). Конечно дошол крај на маките но не и на мистеријата. Огромниот и бизарен леш на нешто кое наликувало на хибрид меѓу огромен волк и Мастиф бил однесен во Париз, ловецот бил награден а за гледање на лешот се наплаќале пари. Предлозите да се препарира чудото биле задоцнети, летно време и високи температури - лешот се распаднал и бил закопан, за жал.

Никој не успеал да утврди за што станува збор. Нападите на волци врз луѓе се реткост но створењето и онака не било волк. Брзината и бројот на напади исто така биле невозможни за волк а територијата која ја `покривал` ѕверот во потрага по жртви била неверојатна.
Сребрениот куршум употребен за ликвидација послужил за раѓање на теории дека се работи за Врколак.
Некои тврделе дека `ординирал` сериски убиец камуфлиран со крзно а хибридната животиња само служела за да одвлече внимание и да сее страв, нешто како помошник-убица.

Створот останал познат како `Ѕверот од Жеводан` и продолжил да живее во легендите и колективната свест долго време. До ден денешен не се знае за што точно се работело, но ако навистина бил сериски убиец и престанал да убива после смртта на `миленичето` тогаш тоа бил еден од најголемите манијаци евер, со барем 113 убиства зад себе - што ги прави Џек Мевосек, Зодијак, Лудиот касап од Кингсбери Ран, Џек д Стрипер и секирашот од Њу Орлеанс - тотални аматери :pusi(освен што останале неоткриени и легендарни фигури во светот на сериското убивање)

П.С. Има прилично добар француски филм на оваа тема.
http://www.imdb.com/title/tt0237534/
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Хоуп*

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ловецот во `ржта од Селинџер е интересна книга, се работи за тинејџ-анти-херој под име Холден Колфилд, повремен уживател на лесни дроги и социјално не баш највклопен и малку иритантен лик... само што има теории дека некои реченици во книгата биле вметнати со убиствена намера.

За време на апсењето на Марк Чепмен, убиецот на Џон Ленон - кај него била најдена оваа книга која ја носел со себе за време на убиството а ја купил неколку часа пред да го убие Ленон и дури имало и нашкрабана забелешка во книгата дека планира да направи срање, сето тоа потпишано со `Холден Колфилд` :^) а се шпекулирало дека типот бил слушнат како вели `Catcher in the ray says John Lennon must die` :^)

Убиецот на Роберт Кенеди - Сирхан Сирхан исто така поседувал примерок од оваа книга како и наводниот убиец на Мартин Лутер Кинг (Џејмс Ерл Реј).
Џон Хинкли кој извршил атентат на америчкиот претседател Реган (успеал да го погоди во градите но го промашил срцето за малку) исто така непосредно пред атентатот ја читал Ловец во `ржта.

Според некои теории, Селинџер (и самиот изразито мистериозна фигура) бил дел од тим кој работел на сај-опс, разни проекти за контрола на умот и за стварање `манџуриски кандидати`, убијци кои се програмирани да убијат одредена цел но таа цел им се соопштува индиректно заедно со наредбата за акција - преку читање на книгата во која се содржат команди кои служат како тригер на програмата всадена во убиецот.
На тој начин можат да се елиминираат `непожелни` особи без никаков ризик дека нарачателите на било кој начин ќе бидат откриени, не постои врска која може да се докаже меѓу замешаните страни.

Книгата била објавена баш во истата година (1951) кога започнува со работа и првата програма на ЦИА за испирање на мозокот (проект Артичок на кој подоцна ќе се надоврзе злогласниот проект МКУлтра)(party)
Селинџер водел крајно повлечен живот, далеку од медиумите па дури и прекинал контакт со пријатели и роднини целосно, долго време се шпекулирало дека не постои таков автор, други тврделе дека е ликвидиран а трети дека живеел на некоја планина. Сепак, Селинџер бил жив а се упокоил во 2010 на 91-годишна возраст и со себе во гроб ги одвел тајните на своето најпознато дело `Ловец во `ржта`

Ако сте ја читале книгата и ви доаѓаат чудни мисли....не сте вие криви, до книгата е :zelen
А ако ја читате во моментов и почнете да мумлате или шкрабате наоколу `Catcher in the ray says комшијата/рандом лик кој ве нервира must die`, престането со читање :zelen

Јас ја читав преведена па не ми дојдоа хомицидални помисли во главата, изгледа само во оригинал на англиски е кодот :cool:
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Гледав документарец на Хистори за мистеријата на закопаното богаство на генерал Јамашита, ептен депресивна ствар :(

Се работело за богатство кое јапанците во ЊЊ-2 и пред тоа, во својство на термити - го краделе од цела Азија, планот го изработил братот на царот Хирохито кој практично значел да се собере се` што има вредност од окупираните подрачја (митот за јапанците како чесни и поштени лол) а за практична реализација бил назначен генералот Јамашита, ветеран од геноцидните дејанија на јапанската армија во Кина.

Краделе шо краделе, сето тоа го носеле на Филипини и таму го сортирале и пакувале, носеле на пристаниште, товареле на бродови и подморници и правец - Јапан.
Бидејќи не очекувале америте толку брзо да се пробијат низ филипинските острови, дел од масивното богатство останал непревезен во Јапан и Јамашита наредил да се ископаат 175 подземни складишта каде што ќе биде закопано сето тоа, во очекување на контраофанзива, пораз на америте, подобри времиња во секој случај.

Нормално, работниците кои како робови работеле на тунелите биле ликвидирани по завршувањето на работата за да не протече инфо, локациите бил запишани со шифри ха хартија и биле однесени во Јапан.

Арно ама, Јамашита бил фатен од страна на јенките, осуден како воен злосторник и обесен така што ја однел тајната на богатството во гроб.

20-тина години подоцна, некој сиромашен лик од Филипини, опседнат од муабетите за наводното богатство закопано од страна на јапанците во неговиот крај, после триста маки, штедење, напорни претраги - стигнал до една од шифрираните мапи, очигледно не сите биле пренесени во Јапан или пак некој направил копии, за секој случај :). Пронашол и некој тип кој знаел јапански, ја превеле мапата, ја дешифрирале и сиромашниот лик собрал се што имал и немал и најмил неколку души за да заедно копаат во тунелот кој го пронашол.

По неколку месеци копање и маки............се испоставило дека богатството не е наводно туку сосема реално :frantic станувало збор за едно од 175-те тајни складишта. Околу 1200 златни полуги, сребро, уметнички дела, златен буда од Бурма (типот му ја одврти главата и најде дијаманти внатре:eek:) накит и што све не.

Сиромавиот станува милијардер.

И тогаш стапува на сцена гаден плот твист, одвратен, никаков, грозен, педерски, гаден, ужасен, злобен, гаден..........:banghead
Имено, диктаторот на Филипини во тоа време, клептократска џукела под име Маркос - и самиот трагал по богатството, имал агажирано тимови од археолози и све тоа - попусто. Дали еден од копачите пијан се пофалил некаде или нешто друго - како и да е, Маркос дознал за настанот и ја пратил тајната полиција да го најде сиромавиот, го нашле и го уапсиле, го тепале, го гореле со цигари, му приклучувале електроди на гениталии...... видел не видел им кажал каде е богатството и потпишал дека му го донира на прецеднико (facepalm)

После го ставиле во затвор каде останал 12-3 години, се до падот на Маркос и режимот. Жена му го напуштила со децата, не гледал на едно око од тепањето, му се треселе раце, јадниот немал скршена пара а неколку дена бил милијардер :(

Успеал да најде адвокат кој се согласил да покрене тужба, процесот се развлекол и тек во 1996 била донесена пресуда да му се врати богатството, но попусто, тоа одамна било пренесено по сметки во Швицарски и Кајмански острови...
Ден после пресудата, во 1996, сиромавиот ловец на богатство - умрел од мозочен удар :(

Ептен депресивна прича, кутар чоек, со толку маки и напори и штедење, си кратеше на лебот шо се вели, успеа да пронајде богатство за кое малкумина воопшто и веруваа дека постои, не превари или повреди никого.... и наместо да ужива во плодот на својата работа и фанатична упорност - заврши како руина, напуштен од сите, пред куќичката си седеше само :(:(:(

А тек где су остали 174 тунели :eek:
 
Последна промена: