Мистерии (генерална дискусија)

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Дали знае некој поопширно да ми објасни за Тртин Кристалс Скалс? Онија тринаесе мистик кристални черепи
Што е финта сс њима, која е предпостафка, а кои су факти? Дали имаф некакфу врску сс ванземаљски сфет?
13-crystal-skulls-005.jpg
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Дали знае некој поопширно да ми објасни за Тртин Кристалс Скалс? Онија тринаесе мистик кристални черепи
Што е финта сс њима, која е предпостафка, а кои су факти? Дали имаф некакфу врску сс ванземаљски сфет?

Наводно според некои мајански легенди постоеле 13 черепи, сите исклесани од по едно големо парче кварц кои им биле оставени аманет од некои посетители од минатото. 12 помали и една поголема (последната како бекап сториџ:kafe), нешто као датабејс на човечкото знаење за минатото, сегашноста и иднината. Требало сите 13 да се на исто место во исто време за да може да се декодира содржината.
Најпозната е таа од некоја жена шо ја нашле со татко и во Белиз и така се прославиле, арно ама научните испитувања на оние неколку познати черепи се добивал датум на изработка од средина на 19.век а не од пред иљадници години, поради траги од алат кој не постоел во време на Маите.
Некој француски трол ги изработувал и ги продавал по музеи и по раја како оригинални мајански, после се кренала галама околу тоа, much ado about nothing perhaps...

Има и слична европска легенда, за смарагдните табли кои биле датабејс на човештвото. Во Тибет пак сметале дека датабејсот бил сраснат со природата и космосот, акашик рекордс и дека секој може да има пристап при....хммм......нестандардни состојби на свеста.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen and parvati

BlackArrow

Староседелец
9 април 2012
14
5
1,013
Дали знае некој поопширно да ми објасни за Тртин Кристалс Скалс? Онија тринаесе мистик кристални черепи
Што е финта сс њима, која е предпостафка, а кои су факти? Дали имаф некакфу врску сс ванземаљски сфет?
Мислам дека имаше епизода за нив во Ancient Aliens сезона 6, ако сакаш види...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Познат е случајот на серискиот убиец `Зодијак` кој ординирал во САД во 60-те и 70-те години (а можеби и подолго) снимани се филмови и документарци и пишувани се книги. Манијак со сличен modus operandi и со иста способност за `исчезнување` и изоставање траги убивал во Коста Рика, поточно 31 жртва од 1986 до 1997. Наречен Ел Псикопата, убиецот убивал парови кои оделе на осамени места да имаат секс. Но со тек на време тоа му станало недоволно за неговите апетити и еднаш масакрирал шест ученички заедно со учителката кои биле на излет во природа, во реонот кој станал познат како `Триаголникот на смртта` меѓу градовите Алахуела и Картаго.

1403389_0.jpg

Фото робот на `Ел Псикопата`

Најчесто користел автомат М-3 Грис Ган за самите убиства а кај повеќето жртви продолжувал со сечење на делови од телото, обично градите на девојките.
Костариканските власти се обратиле за помош на ФБИ но и покрај заедничката работа манијакот останува до ден денес на слобода. Дали продолжил да убива не е познато бидејќи после 1997 убиствата во тој реон престанале.
Не е невозможно еден ден и да се појави во јавност и да си живее безгрижно бидејќи во Коста Рика, за разлика од многу други земји - и убиството како кривично дело било подложно на застарување.(facepalm)

Постојат многу теории за тоа кој е убиецот, од екс-герилец на кого му избегала топката по удолница, богат и размазен син на богати родители кој своите манијакални апетити ги задоволува со помош на корумпирање на полицијата а можеби и самиот Зодијак кој емигрирал во Коста Рика откако истрагата во САД се приближила доволно блиску за да избега во тропскиот рај и да продолжи со своите крвави навики.
Мистерија е зошто многу манијаци убиваат љубовни парови. што е тоа што ги доведува до бес при погледот на пар кој се бакнува или има секс?!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and parvati

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мистерија е зошто многу манијаци убиваат љубовни парови. што е тоа што ги доведува до бес при погледот на пар кој се бакнува или има секс?!
Би рекла фрустрација...
Многу луѓе не знаат, не можат и не успеваат да остварат интимен однос со друго лице...тоа ги прави фрустрирани...некои дури и до таа мера да кога ќе видат пар кој дели љубов, страст и емоции, му прегорува ламбичката од завист и ете...убива, силува, се изживува....
Или пак (да не звучам многу Фројдовски :)) можеби баш таа сцена на двајца кои имаат секс, му враќа некоја недрага слика од детството врзана за неговите родители и тоа му доаѓа како тригер за неговото девијантно однесување...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Како што веројатно сите знаете, се случува редок момент на ongoing mystery, real time ситуација околу исчезнувањето на малезискиот патнички авион Боинг Б-777 кој исчезна на 8.март.
Во морето од шпекулации, нагаѓања и теории мислам дека е рано да се навлегува, премалку се знае а потрагата која вклучува десетици бродови, авиони, хеликоптери и сателити сеуште не дава никакви резултати. Освен неколку лажни аларми со наводни остатоци, ништо опипливо нема.

Она што се знае е дека авионот е еден од најсигурните во историјата на авијацијата (прелетани километри/жртви) со само еден единствен лет до овој на кој имало жртви и тоа минатата година кога имало 3 загинати при слетување, после 20 години летање и околу 1200 авиони во експлоатација. Импресивен рекорд во секој случај.
Контактот со авионот во кој имало 239 луѓе бил прекинат на неполни два часа по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг некаде пред влез во виетнамскиот воздушен простор во тајландскиот залив.

Последен вид на комуникација бил `пинг` кој се праќа автоматски од одредена опрема во авионот кон сателит, во случајот моторите - а се работи за сигнализација која не е обавезна туку зависи од компанијата и се плаќа дополнително. Пингот последен пат бил примен скоро пет часа (!?) од прекинот на контактот со ер трафик контрол.
Ова значи дека авионот летал барем 2.200 наутички миљи во........некој правец, не е сигурно кој.

Транскриптите на комуникацијата меѓу пилотите и контролната кула не дале никакво значајно инфо, chatter as usual.
Истрагата околу пилотот и копилотот исто не даде никакво инфо.
Никаква терористичка група не презеде одговорност за евентуален напад или киднапирање.

Сигналот кој го емитуваат црните кутии има батерии кои траат 30 дена, што значи дека 7.април би бил краен рок за фаќање на сигналот на сонар ако авионот завршил во морето.
Ако е нешто друго во прашање, ќе им се придружи на многу авиони и бродови кои исчезнале без трага низ светот.:ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Outrider
Апсурдното е што големите сили пратат сѐ со воените сателити. Јас сум гледал десетици емисии каде што се фалеа со овие сателити како можеле да опфаќаат илјадници километри, со не ти знам какви технологии и сл. чуда. Друга работа е што околу Земјата има три слоја сателити за интернет комуникација и GPRS, што би земало неколку милисекунди за да се одреди локација на нешто што комуницира со нив. Не верувам авиони да се оставени баш така, без инфо каде се наоѓаат. Моја претпоставка е дека некој не сака нешто да се објави.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider
Апсурдното е што големите сили пратат сѐ со воените сателити. Јас сум гледал десетици емисии каде што се фалеа со овие сателити како можеле да опфаќаат илјадници километри, со не ти знам какви технологии и сл. чуда. Друга работа е што околу Земјата има три слоја сателити за интернет комуникација и GPRS, што би земало неколку милисекунди за да се одреди локација на нешто што комуницира со нив. Не верувам авиони да се оставени баш така, без инфо каде се наоѓаат. Моја претпоставка е дека некој не сака нешто да се објави.

Изгледа сите можни уреди (радио, гпс, емерџенси бикон, транспондер) престанале со работа освен пингот од моторите. Или некој ги исклучил или авионот паднал, трето нема. Ако е првото тогаш се работи за намерни дејства, дали од пилотите или од некој трет не се знае. Ако е второто тогаш не е јасно како може да има тотално отсуство од било какви траги, керозинските дамки во случаи на паѓање се тегнеле со километри и секогаш имало барем некаки делови на површина...
И на крај останува можноста некој нешто да крие, што значи завера.
На темава постирав многу сличен случај од 2003 пред да се деси ова со малејжн, случај од Ангола кој и ден денес не е разјаснет, никаков траг од авионот (Б-727) и двајцата во него не е пронајден. Немало толку галама затоа што во авионот биле само двајца, пилот и механичар, плус Африка не е погодна за брејкин` њуз...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ако не се лажам скоро е невозможно да се исклучат сите уреди рачно сем да ги уништиш целосно. Целово ова ми изгледа на евтин обид за манипулација и скренување на вниманието. Ако видиш подобро, ова беше три-четири дена актуелно и после полека си стивнува сѐ (само CNN секој ден зборат за тоa :D ).
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Радио и транспондер може да се исклучат, гпс уредот не сум сигурен, емерџенси бикон не може, језиво е што и цивилни и воени радари губар контакт, цивилните `ловат` сигнал на транспондер па ако овој е исклучен авионот `исчезнува` од радар, воените ловат одбивање на сигнал од објектот што значи немало објект од кој да се одбие сигналот :unsure