Кога сме веќе кај проклети ствари, трансамазонската железница, забеганиот бразилски проект, пругата Мадеира-Маморе кој требало да ја донесе цивилизацијата во срцето на Амазон. Тешка област за градење, на почетокот на 20.век, без никаква инфраструктура, непријателски настроени племиња, инсекти, болештини, јагуари и анаконди кои вребаат наоколу. Секако кога има доволно сиромаси кои не пребираат многу за работа и не е проблем. But then...
366 километри пруга која станала позната под името Ѓаволската пруга, чинела 5 години изградба и 13.000 животи на работници. Се вели дека до секој дрвен праг врз кои се положени шините е закопан по еден човек. Градбата која предизвикала толку страдања на луѓе кои ионака немале никогаш среќа во животот, немала шанса да успее да воспостави сообраќај. Амазонија се покажала посилна и вегетацијата и влагата ја проголтале проклетата пруга, заедно со станиците, резервоарите, локомотивите....краци кои не водат никаде, станици на кои никој не се качува, локомотиви кои не испуштаат чад, мостови по кои не поминува надежта, илјадници гробови на кои нема имиња.
Останал само еден мал дел од пругата кој можел да се одржува и да се чисти од вегетација. Останатото било заборавено како и многу други проекти каде влогот се` нечии туѓи судбини и животи...
П.С. Приметив на последната слика... секогаш постои онаа надеж, можеби лажна, гадна илузија but nevertheless, дете кое си игра на шините и бел зајак кој си трчка наваму натаму. Детска безгрижност на место каде проколнувајќи ја судбината во страшни маки умирале илјадници. Верувам дека жртвите би го преферирале зајачето пред возот кој требало да ја покори Амазонија. For a change