Заблудата околу протеините

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Можеш да донесеш заклучок но само привремен. Ничие тело не треба и не смее да се храни константно со еден ист режим. Тоа што ти еве преминуваш во таков режим може ќе ти помогне на некој пократок или рецимо план до година две, (зависно од телото колку не почне да се бунтува). И самиот знаеш што значи режим на исхрана и моменти кога телото произведува нешто што предтоа го имал во дефицит, благодарејќи на нешто друго што го имал во суфицит. И обратно.
Јас сум бил по не-толку строг режим па на одредено време кога резервите се истрошија целосно, телото почна да прави проблеми.
Телото ќе почне да се бунтува ? ..
Rly ??? .. wow ..
Оф леле /...

Ок.
А велиш досега си јадел по 4 јајца или 250 -300 гр. стек на оброк ? Ич не се замарај со експерименти. Ти би можел комотно да живееш цела година, можи и подолго, само со вода.
Место да бидеш иронична или не знам што веќе си .. пробај самата 21 ден како што кажа мало па пиши што ти се случува ..
Еве и Трајче беше одбивен првин па се одлучи да испроба .. и веќе за 7/21 дена кажува позитивни работи ..

Не може се да се рачуна на таков начин, ако наутро внеле толку калории не мора да значи дека и во остатокот на денот ке биде исто.
Во врска со парите не ви не јасно бидејки една четвртина бурек со чашка јогурт чини околу 65 ден мислам. За тие 65 денари може да се направи цел ручек за повеке луге со чорба од мешунки и салата на пример, која ке содржи многу повеке хранливи, нутритивни материи од бурекот.

Тоа што во мојот фрижидер нема месо и млеко не ги вознемирува моите деца. Не јаделе многу од сето тоа и никогаш не биле навикмати на таква храна. и кога имаат можност да ја дадат (кога сме на гости) пробуваат, ама не им се допаѓа многу, секако дека не им забранувам да каснат такво нешто кога го има пред нив на маса.

Не е чудно што така се чувствуваш при самата помисла на вегета, храната ствара зависност посебно она што е штетна за организмот и храната која нема нутритивна вредност.
Еве ако му е толку чудно за НЕкористење на вегетата нека пише и самиот што е вегета, од што е составена - направена, и што се добива (придобивки) од неа.

Имав прилика да ја запознаам мало во живо (преку накитот) и уште се познаваме.
Разменивме некој рецепт и остало. Живееме слични животи во врска со исхраната.
Таа која со 4 члена (2 воз. 2 деца) троши 30 денари на оброк или 60 денари зготвена храна, и јас кој исто така 4 члена (4 воз.) трошиме исто толку пари.
Децата јадат повеќе од возрасните, децата јадат помалку од возрасните .. тоа исклучиво зависи од самото дете.
Денес апетитот му е поголем па ке јаде повеќе фала богу.
Болно е?? Ич не треба да јаде (поради: ке си најдете на интернет) истото и не бара да јаде тогаш.
Али Ок .. Имате пари? ,.. Имате тело за уништување .. слободно правете го тоа .. Ни мало ни јас нема да се осеќаме криво ако вие не станете вегани или пак не навредувате тука со ваши ниски факти и измислици... али пак не радува кога некој како Трајче и да не стане веган барем пробал и кажал факти за функциите на веганството врз него.
Фала и чао
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тоа што во мојот фрижидер нема месо и млеко не ги вознемирува моите деца. Не јаделе многу од сето тоа и никогаш не биле навикмати на таква храна. и кога имаат можност да ја дадат (кога сме на гости) пробуваат, ама не им се допаѓа многу, секако дека не им забранувам да каснат такво нешто кога го има пред нив на маса.

Не е чудно што така се чувствуваш при самата помисла на вегета, храната ствара зависност посебно она што е штетна за организмот и храната која нема нутритивна вредност.

Не знам каква е нутритивната вредност на вегетата но духовната е непроценлива (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Electra

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако е детето болно ИЧ не треба да јаде?
Кога сме болни телото само си призведува ,,војска,, која може да се справи со болеста. Кога внесуваме храна која тешко се вари, тогаш телото наместо да ја троши енергијата за да ја победи болеста, троши енергија за да ја свари храната и болеста зема поголем замав. Кога сме болни на телото му треба чистење и самото ке си се исчисти, но ако во него постојано трупате штетни материи чистењето ке биде оневозможено. Кога имаме повишена температура дигестивниот систем не работи воопшто и тогаш не треба да се јаде бидејки целата храна која што ке ја внесеме ке иструли и дополнително ке ја влоши состојбата.
Пожелно е да се пијат многу течности и сокови.
Ако сте приметиле, лугето и животните кога се болни имаат намален апетит или воопшто не им се јаде, а тоа не е случајно. Кога грлото ке се вцрвени и боли, организмот дава знак дека не треба да се внесува тврда храна, кога носот се запушува тоа е за да не чувтвуваме мирис за да не добиеме нагон за јадење или поточно да не не фати стрв.
Нашето тело е совршена креација, затоа треба да знаеме да го слушаме.
Кога детето има висока температура и кога не јаде цврста храна, температурата сама ке опадне за кратко време (зависи од болеста) без да давате било какви лекови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ни мало ни јас нема да се осеќаме криво ако вие не станете вегани или пак не навредувате тука со ваши ниски факти и измислици... али пак не радува кога некој како Трајче и да не стане веган барем пробал и кажал факти за функциите на веганството врз него.
Фала и чао
А извини вака, али ти со кои високи т.е. јаки и докажани факти придонесе, освен со рипкање наоколу по членови зашто пишале вака или онака, па да се осетиш побиено/навредено? (think) One gets what one merits.

Да бидеме реални, премалку луѓе знаат да бидат вегани и вегетаријанци, а да внесуваат што е потребно за телото.
Еве, Мало се интересира, чита, споделува...а што правиме со овие што се бламираат од помодарство и живеат на две краставици дневно затоа што вака на форум читнале и недочитале, а се клањаат пошто некој ги убедил дека ќе бидат здрави? Мислим, све то фино и лепо, ширење идеја, ставање на пиедестал...ама и Телемитите си мислат за себе дека се најпросветлени и убедуваат дека Кроули нема врска со Сатанизам, ама има и друга страна на приказната.
Јас мака мачам со другарка што се мачи со вегетаријанство, претежно поради пуста линија. Не јаде месо, мајонези и остало, ама си обожава пржени компирчиња и печурки и зеленчук на скара (а сигурно рестораниве не ја чистат скарата посебно пред да прават јадење за неа)...битно и таа кога ќе седне, зборува за штетно vs. здраво јадење, иако нејзиното здравје не е најсјајно, а и никако не може да стигне до посакуваната килажа.

Конкретно да збориме за фамозниот Б12 - многу битен витамин за развој, крв и мозок. Од општо познавање, истиот потекнува од бактерија која човекот ја внесува преку конзумирање производи од животинско потекло (биологија за 1ва средно). Таа бактерија (името исто на Б ѝ беше, ама да не нагаѓам сега) се смета за можеби и единствениот извор на Б12 (не знам, ако не измислиле нешто ново сега, читав вегани што викаат во почва ја имало т.е. оттаму ја добивале животните...хинт: да јадеме почва). Напоменато е дека витаминот е со една од најтешките структури и сѐ уште не постои технологија која може вештачки да го рекреира...освен некоја евтина замена со која, искрено, не сум запознаена, а гледам пишува се продавала најчесто по аптеките. Е сега, прашањето е што е со Б12 суплементите?...да збориме хипотетички за овие од бактеријата.
Нели е погрешно и тие да се пијаат со оглед на тоа што најверојатно се екстрактираат од животински црева/дробови итн? И ако да, вреди ли сопственото тело т.е. здравје да се лиши од толку неопходен витамин?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and Saladin

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ахам .. еве од ова видов дека се од кутура пишувате и дека појма немате за здравјето, болестите и сл. туку само копирате од интернет и пастирате..
;)
Ти спомна дека болно дете не треба ич да јаде, јас си препрашав. А прашувам зашто ме интересираат вашите одговори :D
Кога сме болни телото само си призведува ,,војска,, која може да се справи со болеста. Кога внесуваме храна која тешко се вари, тогаш телото наместо да ја троши енергијата за да ја победи болеста, троши енергија за да ја свари храната и болеста зема поголем замав. Кога сме болни на телото му треба чистење и самото ке си се исчисти, но ако во него постојано трупате штетни материи чистењето ке биде оневозможено. Кога имаме повишена температура дигестивниот систем не работи воопшто и тогаш не треба да се јаде бидејки целата храна која што ке ја внесеме ке иструли и дополнително ке ја влоши состојбата.
Пожелно е да се пијат многу течности и сокови.
Ако сте приметиле, лугето и животните кога се болни имаат намален апетит или воопшто не им се јаде, а тоа не е случајно. Кога грлото ке се вцрвени и боли, организмот дава знак дека не треба да се внесува тврда храна, кога носот се запушува тоа е за да не чувтвуваме мирис за да не добиеме нагон за јадење или поточно да не не фати стрв.
Нашето тело е совршена креација, затоа треба да знаеме да го слушаме.
Кога детето има висока температура и кога не јаде цврста храна, температурата сама ке опадне за кратко време (зависи од болеста) без да давате било какви лекови.
Малиот мој имаше 3-4 години кога еден ден почна да повраќа. Нормално не го терав да јаде, му сварив чајче. И му давав лажиче по лажиче. И тоа му беше многу, па и тоа го повраќаше. И го оставив гладно. Апсолутно гладно, оти сѐ повраќаше. По некое време почна да повраќа пена, оти немаше повеќе ни тврда ни течна храна во стомчето. Го ставив да спие и сѐ така до вечерта кога пона да вришти од болка и го однесов на доктор. Ме прашаа нормално шо му и како му е итн. Знаеш како ме подбраа кога им го опишав денот? И богами беа во право. Му направија крвна слика, бројот на леукоцитите беше огромен. Седејќи си така дома, наместо да си го однесам на лекар уште после првото повраќање, оти се работеше за мало дете, јас, не од нешто друго, туку скроз од неискуство, си чекав. И ја искомплицирав до толку работата шо се посомневаа во слепо црево, па ме праќаа на сред ноќ на хиругија. Оттогаш не си играм играчки. На интернет можи да пишува шо сака и можи да се достапни секакви истражувања и заклучоци, ич не ме интересира. Оти дома имам две и тие две иако се од сосема исто место излезени и на ист начин напраени, се различни и различно реагираат. Малиот ако повратеше само еднаш, не можеше да стои на нозе дури не примеше инфузија, некогаш и по две последователно. Сега сепоголеми, веќе им е имунитетот посилен и поинаку реагираат, па фала му на Бога не одиме толку често на лекар. Матичната лекарка е жена во која имам голема доверба, ги знае и ги следи од бебиња и немам причина да им верувам повеќе на било кои и било какви истражувања на интернет, отколку шо ѝ верувам неа.
Децата се вакцинирани, си јадат сѐ и сешто, крвната слика им е одлична. Дури и јас да заборавам, имаат редовни и задолжителни систематски прегледи, нели, ги праќаат од школо. Благодарение на тие систематски прегледи малиов носи сега наочари, јас којзнае кога ќе забележев дека видот не му е баш одличен.
Инаку и двете ми се со царски рез родени, не од шо ми беше тоа желба туку оти така мораше. Така да благодарение на медицината и докторите сега ги имам две живи и здрави. Ако не беше медицината и докторите веројатно ни јас немаше да бидам сега тука.
Проштавајте за офтопициве, но темава има заднина многу поширока од „заблудата околку проетеините“.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
А извини вака, али ти со кои високи т.е. јаки и докажани факти придонесе, освен со рипкање наоколу по членови зашто пишале вака или онака, па да се осетиш побиено/навредено? (think) One gets what one merits.

Да бидеме реални, премалку луѓе знаат да бидат вегани и вегетаријанци, а да внесуваат што е потребно за телото.
Еве, Мало се интересира, чита, споделува...а што правиме со овие што се бламираат од помодарство и живеат на две краставици дневно затоа што вака на форум читнале и недочитале, а се клањаат пошто некој ги убедил дека ќе бидат здрави? Мислим, све то фино и лепо, ширење идеја, ставање на пиедестал...ама и Телемитите си мислат за себе дека се најпросветлени и убедуваат дека Кроули нема врска со Сатанизам, ама има и друга страна на приказната.
Јас мака мачам со другарка што се мачи со вегетаријанство, претежно поради пуста линија. Не јаде месо, мајонези и остало, ама си обожава пржени компирчиња и печурки и зеленчук на скара (а сигурно рестораниве не ја чистат скарата посебно пред да прават јадење за неа)...битно и таа кога ќе седне, зборува за штетно vs. здраво јадење, иако нејзиното здравје не е најсјајно, а и никако не може да стигне до посакуваната килажа.

Конкретно да збориме за фамозниот Б12 - многу битен витамин за развој, крв и мозок. Од општо познавање, истиот потекнува од бактерија која човекот ја внесува преку конзумирање производи од животинско потекло (биологија за 1ва средно). Таа бактерија (името исто на Б ѝ беше, ама да не нагаѓам сега) се смета за можеби и единствениот извор на Б12 (не знам, ако не измислиле нешто ново сега, читав вегани што викаат во почва ја имало т.е. оттаму ја добивале животните...хинт: да јадеме почва). Напоменато е дека витаминот е со една од најтешките структури и сѐ уште не постои технологија која може вештачки да го рекреира...освен некоја евтина замена со која, искрено, не сум запознаена, а гледам пишува се продавала најчесто по аптеките. Е сега, прашањето е што е со Б12 суплементите?...да збориме хипотетички за овие од бактеријата.
Нели е погрешно и тие да се пијаат со оглед на тоа што најверојатно се екстрактираат од животински црева/дробови итн? И ако да, вреди ли сопственото тело т.е. здравје да се лиши од толку неопходен витамин?
За витаминот б12
Овој витамин не го содржат ниту растенијата ниту пак месото и месните производи.
Бактеријата која создава б12 природно се наоѓа во нашето тело во цревата и во усната шуплина. Внатрешните органи од животните кои ги јадете ја содржат оваа бактерија бидејки бактеријата ги напаѓа кога се вадат од самото тело. При готвењето на овие органи бактериите се уништуваат во голем дел, а остатокот ги уништува желудочната киселина. Кога имаме недостаток на б12 тоа не е поради недоволното јадење на животински органи, туку е показател на лоша апсорбција поради оштетена цревна слузокожа и пореметена цревна флора. Со користењето на антибиотици овие бактерии се уништуваат, исто така и од силна желудочна киселина. За да се обнови цревната флора треба да се консумира ферментирана храна и пробиотици.
Најголемо ниво на б12 имаат луѓе кои не јадат цврста храна и живеат само од сокови.

Ти спомна дека болно дете не треба ич да јаде, јас си препрашав. А прашувам зашто ме интересираат вашите одговори :D

Малиот мој имаше 3-4 години кога еден ден почна да повраќа. Нормално не го терав да јаде, му сварив чајче. И му давав лажиче по лажиче. И тоа му беше многу, па и тоа го повраќаше. И го оставив гладно. Апсолутно гладно, оти сѐ повраќаше. По некое време почна да повраќа пена, оти немаше повеќе ни тврда ни течна храна во стомчето. Го ставив да спие и сѐ така до вечерта кога пона да вришти од болка и го однесов на доктор. Ме прашаа нормално шо му и како му е итн. Знаеш како ме подбраа кога им го опишав денот? И богами беа во право. Му направија крвна слика, бројот на леукоцитите беше огромен. Седејќи си така дома, наместо да си го однесам на лекар уште после првото повраќање, оти се работеше за мало дете, јас, не од нешто друго, туку скроз од неискуство, си чекав. И ја искомплицирав до толку работата шо се посомневаа во слепо црево, па ме праќаа на сред ноќ на хиругија. Оттогаш не си играм играчки. На интернет можи да пишува шо сака и можи да се достапни секакви истражувања и заклучоци, ич не ме интересира. Оти дома имам две и тие две иако се од сосема исто место излезени и на ист начин напраени, се различни и различно реагираат. Малиот ако повратеше само еднаш, не можеше да стои на нозе дури не примеше инфузија, некогаш и по две последователно. Сега сепоголеми, веќе им е имунитетот посилен и поинаку реагираат, па фала му на Бога не одиме толку често на лекар. Матичната лекарка е жена во која имам голема доверба, ги знае и ги следи од бебиња и немам причина да им верувам повеќе на било кои и било какви истражувања на интернет, отколку шо ѝ верувам неа.
Децата се вакцинирани, си јадат сѐ и сешто, крвната слика им е одлична. Дури и јас да заборавам, имаат редовни и задолжителни систематски прегледи, нели, ги праќаат од школо. Благодарение на тие систематски прегледи малиов носи сега наочари, јас којзнае кога ќе забележев дека видот не му е баш одличен.
Инаку и двете ми се со царски рез родени, не од шо ми беше тоа желба туку оти така мораше. Така да благодарение на медицината и докторите сега ги имам две живи и здрави. Ако не беше медицината и докторите веројатно ни јас немаше да бидам сега тука.
Проштавајте за офтопициве, но темава има заднина многу поширока од „заблудата околку проетеините“.
Ме интересира што всушност му било на детето, мене ми личи дека дехидрирало.
Мислам дека е позитивно тоа што разменуваме лични искуства, како што кажа темава има поширок обем и мислам дека ваквите мислења не се оф топици.
Јас цел живот патам од тие лекари и некако престанав да им верувам. Во животот имав само една лекарка која навистина ми помогна. Истата ми рече итно да престанам со антибиотици и да почекам телото да се избори само. Две недели лежев болна со загноено грло, немам крајници, но ми беа подуени жлездите на вратот. Инфекцијата од грлото ми се пренесе на белите дробови и добив пневмонија. Инаку често ми се случуваше ова. Неколку години по ред го имав овој пробле. Со антибиотици ми поминуваше но за недела-две повторно се враќаше и така во круг. За тоа време лекарите ми ги извадија крајниците, секој месец бев под антибиотици, инфузии, инекции... Имунитетот ми беше очаен, крвната слика исто така. Освен овој проблем имав и многу други, но да не ги набројувам. Одкако престанав со антибиотици ми се зголеми имунитетот. Одкако престанав да јадам месо тој проблем повеке не се појави, а и се останато.
Истата грешка ја направив и со првото дете, но кога се работи за дете различно размислуваш и постапуваш, најверојатно поради самиот страв и неискуството. Имаше обична настинка проследена со кашлица и педијатарот ни даде сируп против кашлица и антибиотици. Кашлицата не престана, детето доби бронхитис, па пневмонија. Две недели лежевме во ,,Козле,,. Кога се вративме од таму за неколку дена состојбата повторно му се влоши и тогаш за прв пат се сретнав со информацијата дека млекото го предизвикува сето тоа. Одлучив да проба. Ги фрлив лековите заедно со млекото. За една недела детето беше здраво и повеке никогаш не се разболе.
Пред малку повеке од еден месец, помалото доби заушки. Пред да му се појави отокот немаше температура, немаше никаков показател за инфекција. Само му се појави отокот преку ноќ. Отидовме на лекар а лекарката рече дека дефинитивно се заушки и ме искара што детето не е вакцинирано, мислам дека ке ме затепаше таму. Беше многу испаничена се додека не му ги преслуша белите дробови и само наеднаш се сецна. Рече дека се е чисто. Ме праша дали имало температура деновиве, одговорив - не. Сигурно има јак имунитет - рече. Направивме анализи на крв и мокрача и се беше чисто. Во анализите не можеше да се види дека детето има било кака инфекција, се е во ред, детето е совршено здраво. се чудеше докторката, не и се веруваше како и зошто. Нормално не и кажав дека сме вегани. Ни даде упат за инфектологија бидејки не знаеше што да прави и ми рече да се вратам за да препише лекарства. Не отидов на инфектологија, ниту пак ги земав рецептите. Отокот траеше околу 15 дена. температура качи веднаш одкако се вративме од болница која достигна до 39,6. Не му давав никакви лекарста и освен лимонада и чаеви и по некое парче овошје, детето не јадеше ништо. Утредента температурата сама од себе се повлече и тој повторно си беше способен да си игра, да трча да вика...
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
За витаминот б12...
Факт е дека месото содржи најмалку, ама факт е и дека највеќе се добива од производи од животинско потекло.
Ама океј тоа, тоа си е за природно, а кај нас уште никој не е ко типот од клипчето од некоја страна понапред, да си го слуша телото и само на течности да живее, а во последно време се појавија вегани за извоз, па затоа прашањето беше што со Б12 како додаток во форма на таблети?
Другаркава од погоре одбегнува да го пие, а крвта ѝ е заслабната од многуте диети пред да стане вегетаријанец и ѝ е строго препорачан, ама од нејзини убедувања, не пие. Сега прочепкав да видам дека ова што се продава ко Б12, било Цијанокобаламин што телото можело да го конвертира во активни форми на Б12...ќе пробам може со тоа ќе се убеди, ако не изнајде ново нешто.
Да не сфатиш се потсмевам или нешто, лаички си прашувам...дали вака вештачкото внесување е против она вашето дека сѐ треба природно да се лечи и да се добива од природата? Тоа ми беше муабетот околу лишувањето макар и по цена на здравјето.
Овој витамин не го содржат ниту растенијата...
Најголемо ниво на б12 имаат луѓе кои не јадат цврста храна и живеат само од сокови.
И ова ми е збунувачко. Овошјата и зеленчуците се плодови од растенија...освен ако не пропуштам некаков процес...