1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Заблудата околу протеините

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од malo, 8 јануари 2015.

  1. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Тоа последното не значи дека витаминот го добиваат преку соковите, но кога пијат само сокови нема потреба од лачење на желудочна киселина и не се оштетува слузокожата во цревата, туку напротив со таквиот начин на исхрана телото целосно се прочистува и регенерира. Муабетот ми е дека ако сме здрави ке си имаме б12 бидејки тие бактерии си живеат во нашите црева и во устата, не треба да го внесуваме витаминот од надвор.

    Инаку за вештачкото внесување... тоа си зависи од личниот избор. Другарка ти лошо постапува што до пола ги разбира работите а од пола не. Или нека се посвети малку повеке или нека се одкаже. Лесно ке ослаби ако го прочисти организмот, а организмот не се чисти со пржена храна. Ако нешто и недостасува во организмот, а не е дисциплинирана, подобро е да зема суплементи одколку да биде болна.
    Инаку сум слушала дека некој производ од спирулина или пак самата алга спирулина содржи б12. така да тоа може да го зема. Ем е природно ем е растително.
     
    На Electra му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Најобичен стомачен вирус беше, дехидрира се разбира, откако сѐ исповрати. Таков си беше кога беше помал, не го фаќаше често, не го држеше многу, но едно повраќање и дехидрираше одма. Го доев до година и пол, млеко кравско не сакаше многу, мислам дека многу бргу престанав да го молам да пие. Не пие ни ден денес, освен понекогаш чоколадно млеко, знам дека не е сјајно тоа, но ете, го сака и го пие. Друго од млечни производи ништо. Ни сирење ни јогурт, ни павлака, ни кашкавал. Не им поднесува ни мирис ни вкус. Овошје - лубеница, јаболко, јагоди, мандарини, лимон (и тоа така го јаде, не знам како не му е кисело, лимонада не сака воопшто), зеленчук - грашок, спанаќ, краставица, зелка, моркови, цвекло, пченка и тоа не сварени, не ни обарени, освен пченката и грашокот оти мене ми е страв да му ги давам необарени да ги јаде, инаку и нив би ги јадел така. Грав - со молење и многу многу ретко успешно, леќа, боранија, тиквички ни под разно, компири порано јадеше многу, сега само сварени и со малку сол. Чипси и грицки јаде секој ден, знам дека не е тоа во ред, па гледам барем количински да е минимално, пица, хамбургер исто си сака многу, ама и тоа во месецот јаде понекогаш еднаш или два пати, а многу често и ич. Манџи, чорби, супи, онакви традиционални демек наши јадења, минимално, повеќе не одошто да. Риба обожава. итн итн.

    едит - пилешко, сардина, туна да, паштета, салама да, но не секој ден и не во секој оброк. Кечап - многу. Мајонез не. Сенф понекогаш.
     
    #112 lady_blue, 18 јануари 2015
    Последна промена: 18 јануари 2015

Сподели: