1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Заблудата околу протеините

Дискусија во форумот 'Готвење и рецепти' започната од malo, 8 јануари 2015.

  1. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Верувањето дека протеините од храната која е од животинско потекло се супериорни во однос на протеините добиени од растителната храна датира од 1914 година кога двајца научници Osborne и Mendel направиле експеримен на глувци и утврдиле дека кога глувците консумираат животински протеини побрзо растат. Подоцна е утврдено дека навистина глувците побрзо растат кога јадат животински протеини, но и дека пократко живеат и за време на својот краток живот се разболуваат од рак и други тешки болести.
    И покрај тоа сознание во мединината сеуште стои информацијата дека месото, млекото и јајцата се неоходни за нашиот организам. Лекарите и децата во школската возраст се погрешно информирани, во училиштата не учат на погрешна ,,пирамида на исхраната,, а лекарите постојано напоменуваат како овие протеини се важни за нашето здравје. Таа погрешна информација, иако е докажана како неточна, сеуште кружи и е слепо прифатена од општеството.
    Високо протеинската исхрана е голема заблуда и озбилно го загрозува нашето здравје.
    Пред се нашето тело не е дизајнирано за да јадеме животинска храна, затоа што месото не се вари во нашиот желудник, туку се распаѓа, што е одлична подлога за развиток на многу заболувања. Што се однесува за млекото, сите бебиња се хранат со млекото од својата мајка се додека не им израснат заби. Кога забите ке пораснат тогаш тој организам е подготвен да ја џвака храната и млекото на организмот не му е потребно. Ние сме единствен вид кој што пие млеко и понатака и тоа млеко од други животински видови кое не е погодно за нашиот организам.
    Млекото од кравата го содржи сето она што му е потребно на малото теле. За разлика од телето, нашата потреба за протеини е многу помала. После третата година од раѓањето на детето, полека се губат ензимите кои се задолжени за варење на млекото.
    Протеините ги добиваме со дигестирање на храната, но нашиот организам исто така има способност да ги рециклира протеините со разложување на мртвите клетки. Потоа тие циркулираат низ крвта и лимфата и се искористуваат по потреба. Не е потребно да јадеме месо, млеко или јајца за да имаме доволен внес на протеини. Многу животински видови како слонот, носорогот, бикот, коњот и др. јадат само растителна храна, а имаат голема мускулна маса.
    Создавањето на голема и цврста мускулна маса не зависи од количината на внесени протеини, туку од напорот на кој што се изложени. Мускулите стануваат поголеми кога при напрегање на истите доаѓа до расцепување на мускулните влакна кои подоцна се обновуваат и го зголемуваат мускулното ткиво.
    Ако нашите мускули се опуштени и не се изложени на напор, тие нема да се зголемат и нема да станат поцврсти без разлика на тоа колку протеини и да внесуваме.
    Големите дози на внесени протеини за време на распаѓањето ослободуваат голема количина на азот во крвта, кој потоа се акумулира во мускулното ткиво и предизвикува хроничен умор.
    Др Јaffe од Калифорнискиот универзитет во Беркли спровел истражување со диета без животински продукти и тоа на неколку генерации на деца и возрасни. Додека денешните деца обично консумираат по околу 150г. протеини дневно, тој на своите испитаници им давал по 23-24 г. протеини и тоа од растително потекло.
    Никој од испитаниците не покажал недостаток на протеини и на било кои хранливи состојки воопшто. Сите имале одлично здравје. Др Max Rubner исто така утврдил дека човековиот организам може да складира само околу 28г. протеини дневно. Се што е вишок се складира во црниот дроб и се претвара во киселина која се врзува со калциумот од коските и се исфрла преку урината (hypercalciuria- губење на калциум преку урина) и на тој начин настануваат проблеми со коските.
    Додека ако јадеме разновидно овошје, зеленчук, јатки, семки и житарици на организмот ке му обезбедиме доволно количевство на протеини, а и други хранливи материи.
    Аминокиселините се составни делови од протеините, се дела на есенцијални и неесенцијални. Не е потребо да се комбинираат повеке видови на житарици со мешункасти плодови за да ги добиеме сите есенцијални аминокиселини во еден ден. Билките ги содржат сите потребни аминокиселини и нашето тело има способност да ги акумулира за да ги троши и неколку дена потоа. Многу видови на овошје ги содржат сите потребни аминокиселини како што се бананите, урмите, оревите, бадемите и семките од сончоглед. Исто така и доматите, зелката, брокулата, морковот и др.
    Значи потребно е само да се консумира разновидна растителна храна за да го снабдиме телото со сите есенцијални и неесенцијални аминокисели, но и со сите останати хранливи материи.
    И секако, треба да ги јадеме свежи, бидејки при термичка обработка на истите, аминокиселините се оштетуваат.

     
    #1 malo, 8 јануари 2015
    Последна промена од модератор: 8 јануари 2015
    На SimsLover и Метаморф им се допаѓа ова.
  2. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Дали ова е твоја статија, или е копи-пејст?
     
  3. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Основата е превземена секако, но се трудев да ја надополнам. Искрено малку се воздржував од свои коментари бидејки сакав да е што е можно пократко и поедноставно. Надополнувањето би го искористила доколку се развие дискусија.
    Инаку ова не е нешто што прв пат сум го прочитала па објавила овде. Оваа и многу друѓи слични теми кои се поврзани со исхраната и нашето здравје ме интересираат од поодамна и редовно истражувам, така да немој да помислиш дека не го разбирам она кое сум го напишала.
     
  4. Altaïr

    Altaïr Shinigami

    Зачленет на:
    23 јули 2012
    Мислења:
    5,752
    Допаѓања:
    2,574
    Сакаш да кажеш дека кога ќе си ја измолзам кравата штетно е да го пијам тоа млеко?
     
  5. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Да
     
  6. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Одлично тогаш воведи не во дискусија.
    Кажи му и на членот зошто е штетно да се пие млеко од крава.

    Јас друго ќе те прашам:
    Како ќе покачам мускулна маса ако не ги нахранувам доволно веќе стекнатите мускули, а камо ли нови да градам?
    И како тоа есенцијалните аминокиселни потребите од нив може да ги задоволиме од храната, од кога тоа?
     
    На Altaïr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. malo

    malo Староседелец
    Најфотограф

    Зачленет на:
    13 септември 2012
    Мислења:
    1,280
    Допаѓања:
    2,063
    Твоето тело дневно може да складира околу 30г. протеини, остатокот се исфрла од организмот. Значи без разлика на тоа колку протеини ке внесеш, ти секогаш можеш само мал дел да употребиш од нив, затоа не е потребно да се внесува поголема количина на храна, бидејки со тоа се оптоварува организмот.

    Кога јадеме месо нашиот организам губи многу енергија за да ја преработи таа храна. Наместо таа енергија да остане во организмот за тој да може да се развива, расте и функционира, таа се искорисува за варење на храната. при тој процес телото одзема ензими од мозокот и од други органи, кои се многу битни за метаболитичките процеси и затоа после јадење ни се спие и сме мрзливи.
    Месото во нашиот организам останува долго бидејки имаме долги црева. За тоа време месото гние и создава совршена подлога за развиток на бактерии.
    Со јадењето месо твојот организам нема да биде посилен, напротив.

    Долго време се сметало дека дел од аминокиселините можеме да ги добиеме само преку консумација на животинска храна бидејки тие не се создаваат во нашето тело, а јас тебе ке те прашам - Од каде истите тие аминокисели се нашле во телото на кравата ако не се создаваат во организмот, кога кравата јаде само трева?
     
  8. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555

    Вие сте во големи заблуди, наспроти твојата теорија која ја имаш само. Во практика Моето тело дневно го хранам со 100-140 грама протеини, и тој ги искористува за хранење на сите, ткива, клетки, органи, влакна, мускули!
    Протеините не се исфрлаат от организмот! Во најголеми случај секогаш има недостаток на протеини, ако се внесат повеќе от потребите на едно тело, се претвараат во јаглехидрати!
    Како го оптоварувам организмот?! Кога организмот е машина кој треба да работи и функционира и го храниме цело време со протеини, хидрати, масти, витамини, минерали за да имаме доволно енергија!

    Имаш премногу информации во глава, но многу ги мешаш работите. Се што читаш на интернет не е точно!
     
    На Luckky, Altaïr и existence им се допаѓа ова.
  9. Saladin

    Saladin Unbaised
    Член на администрација

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,993
    Допаѓања:
    9,620
    Со самото тоа што се унифицира сечие тело и се прави еден единствен правилник за исхрана се прави капитална грешка. Ако телото на Мало има одредена граница на консумирање на протеини, моето секако ја нема истата.
     
    #9 Saladin, 9 јануари 2015
    Последна промена: 9 јануари 2015
    На Метаморф, Luckky, MoonFairy и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Trajche

    Trajche Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    1,541
    Допаѓања:
    2,555
    Токму така секое тело има различни потреби од протеини во зависност од: мускулната маса, килограмите, процентот на масти, процентот на вода во телото и годините.
    Додека Мало го сведува на општо правило дека протеините треба да ги сведиме на 30грама дневна употреба со која никогаш не би се сложил.
     

Сподели: