Зависи, ама во секој случај е поевтино. Постојат и многу скапи производи, но искрено јас си се држам за она поедноставното. Ретко јадам нешто што не расте на ова поднебје и речиси и не купувам готови производи (вегански паштети, растителни млека, чоколади, разни закуски и сл.), претежно си ги подготвувам сама и со тоа многу заштедувам.Мало, колку пари кошта веганската исхрана? Мислам месечно, колку пари во месецот се потребни за едно семејство да се храни вегански?
За четири лица двајца возрасни и две деца (сите со голем апетит) на храна месечно трочиме околу 3000 - 4000 денари. Но месечните потреби за јатки ни ги задоволува дворот на мајка ми, тоа ни е бесплатно.
Последна промена: