Заблудата околу протеините

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Мало, колку пари кошта веганската исхрана? Мислам месечно, колку пари во месецот се потребни за едно семејство да се храни вегански?
Зависи, ама во секој случај е поевтино. Постојат и многу скапи производи, но искрено јас си се држам за она поедноставното. Ретко јадам нешто што не расте на ова поднебје и речиси и не купувам готови производи (вегански паштети, растителни млека, чоколади, разни закуски и сл.), претежно си ги подготвувам сама и со тоа многу заштедувам.
За четири лица двајца возрасни и две деца (сите со голем апетит) на храна месечно трочиме околу 3000 - 4000 денари. Но месечните потреби за јатки ни ги задоволува дворот на мајка ми, тоа ни е бесплатно.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Uhm... 3000/4=750 а тоа делено на 30 дена е 25 денари. 4000/4=1000 што значи 33 денари по човек на ден за храна.
Трошите меѓу 25 и 33 денари по човек?! :eek:
Три оброци на ден тоа би било измеѓу 8 и 11 денари на оброк.:eek:
Unless... сте биле во Хрватска на курс кај оној типот шо не јаде...:^)
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Uhm... 3000/4=750 а тоа делено на 30 дена е 25 денари. 4000/4=1000 што значи 33 денари по човек на ден за храна.
Трошите меѓу 25 и 33 денари по човек?! :eek:
Три оброци на ден тоа би било измеѓу 8 и 11 денари на оброк.:eek:
Unless... сте биле во Хрватска на курс кај оној типот шо не јаде...:^)
Не сме биле на курсот сеуште.
Да, толку трошиме за храна и сите сме совршено здрави. Тоа е затоа што кај нас се јаде храна која е приготвена дома, не јадеме ништо од бурекџилница, фурна, пицерија, сендвичара и сл. Претежно јадеме свежа храна и не трошиме многу на масло, сол, шекер, вегета, црвен пипер, брашно воопшто не употребуваме. Освен лимон и портокал не јадеме овошје кое не расте на ова поднебје и јадеме претежно сезонско овошје и зеленчук, а тогаш и цените им се пониски. Јадеме само кога сме гладни и не се прејадуваме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Да, толку трошиме за храна и сите сме совршено здрави. Тоа е затоа што кај нас се јаде храна која е приготвена дома, не јадеме ништо од бурекџилница, фурна, пицерија, сендвичара и сл. Претежно јадеме свежа храна и не трошиме многу на масло, сол, шекер, вегета, црвен пипер, брашно воопшто не употребуваме. Освен лимон и портокал не јадеме овошје кое не расте на ова поднебје и јадеме претежно сезонско овошје и зеленчук, а тогаш и цените им се пониски. Јадеме само кога сме гладни и не се прејадуваме.

Знаев дека нешто не е во ред, но дури сега знам и што :D

Добро сега јас те сфаќам како што сфаќам многу луѓе, ама треба да се има мерка, прикаски дека со 8 денари на оброк не само што ќе се прехраниш туку и дека ќе бидеш совршено здрав и ќе имаш квалитетна исхрана не доликуваат на возрасна особа, најсериозно, не сме паднати од друга димензија на мултиверзумот, аман. Значи може да е инает или лага (често е тешко да се раздвојат двете), јас навивам за првото, второто е полоша опција иако не е нешто непознато кога се работи за вегани.
Ниту е поздраво, ниту води кон подолг животен век ниту веганите и потомството се поинтелегентни ниту е поекономично, ниту пак држи вода моралната побуда. Покрај улогата на катализатор на осет за`посебност`, се работи за избор на прехрана кој на одредени лица може да им помогне, времено или трајно, додека кај други би бил кобен и ништо повеќе од тоа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja and Saladin

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Зошто па брашно не употребувате?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
3

Не се работи ниту за инает, ниту за лага. Постојат многу производи на пазарот кои што веганите ги купуваат и користат а имаат повисока цена од месните и млечните производи, но истите можат да се заменат и со многу поевтини. Тајната лежи во домашното подготвување на храната. Едно растително млеко кое може да се купи во тетра пакување во продавниците за здрава храна чини повеке одколку млекото од крава, но кога тоа млеко ке го подготвиш дома ке биде многу поевтино. Јас често правам млеко од ориз и лешници. За 2л млеко трошам 30 денари, (тука не се израчунати лешниците) но и кога нив би ги ставила во цена не би било нешто повеке бидејки во тој рецепт не ставам повеке од една шака лешници.
Еве утрово за доручек правев ,,колач,, од мелено ленено семе (околу 100 грама = 15 ден.) мешано суво овошје (одприлика 30 ден.), семки од сончоглед (50г. = 6 ден.), малку семе од сусам и афион, кокосово брашно и мед (од сите овие по една лажица и тешко е да се израчуна колку би чинеле)
Значи тој колач одприлика чини околу 60 ден. Секој од нас изеде по една осмина што значи дека доручкувавме за 30 ден.
Со тоа јадевме по половина портокал (портокалите на пазар чинеа 30 ден. кг. 2 портокала= пола кг = 15 ден)
Таа количина на храна е доволна да ги задоволи нутритивните потреби за утрото, а и доволно заситува.

Долго време сум невработена и финансиската ситуација не ми е баш нај сјајна, но имам доволно слободно време и се трудам секогаш да ја приготвувам храната сама наместо да плаќам повеке за веке готови производи од маркет. Секој може да сам да си направи растителен намаз, сам да си направи интегрален леб, растително млеко, сирење, сосови, тестенини и сл. Да го суши сезонското овошје што е далеку поевтина опција одколку да го купува во продавница и тн.
 
Мало децата ти се мали. Не можеш да ја делиш храната на така на 4 еднакви количини. Деца се. Не треба да ја одржуваат идеалната тежина, треба да растат.
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Зошто па брашно не употребувате?
Бидејки над 95% од цветското производство на пченичното брашно е генетски модифицирано и бидејки пченицата содржи и многу глутен.

Мало децата ти се мали. Не можеш да ја делиш храната на така на 4 еднакви количини. Деца се. Не треба да ја одржуваат идеалната тежина, треба да растат.
Децата јадат колку што им е потребно, јас не им ја ограничувам храната, ако им е малку секогаш им се додава. Утрово поголемото не го дојаде целото парче, малото си изеде се. Потоа не се обврзани да чекаат време за ручек, туку јадат секогаш кога ке почувствуваат глад. Јас сум цел ден дома и можам да си го дозволам тоа. Во мегувреме ке каснат оревчиња, суво грозје, ке јадат јаболка, ке грицкаат морков, ке пијат чај и лимонада. За ручек и вечера секогаш има нешто зготвено (грав, ориз, компир, леќа, грашок итн.). Има денови кога јадат повеке, има денови кога јадат помалку, се е оставено на нив. Никогаш не сум ги присилувала и никогаш ништо не им фалело. Имунитетот им е зачудувачки, крвната слика совршена, интелегентни се и енергични.
 
Последна промена од модератор:

Бравос ако е така, но во сите овие муабети мене нешто ептен не ми штима.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
3

Не се работи ниту за инает, ниту за лага. Постојат многу производи на пазарот кои што веганите ги купуваат и користат а имаат повисока цена од месните и млечните производи, но истите можат да се заменат и со многу поевтини. Тајната лежи во домашното подготвување на храната. Едно растително млеко кое може да се купи во тетра пакување во продавниците за здрава храна чини повеке одколку млекото од крава, но кога тоа млеко ке го подготвиш дома ке биде многу поевтино. Јас често правам млеко од ориз и лешници. За 2л млеко трошам 30 денари, (тука не се израчунати лешниците) но и кога нив би ги ставила во цена не би било нешто повеке бидејки во тој рецепт не ставам повеке од една шака лешници.
Еве утрово за доручек правев ,,колач,, од мелено ленено семе (околу 100 грама = 15 ден.) мешано суво овошје (одприлика 30 ден.), семки од сончоглед (50г. = 6 ден.), малку семе од сусам и афион, кокосово брашно и мед (од сите овие по една лажица и тешко е да се израчуна колку би чинеле)
Значи тој колач одприлика чини околу 60 ден. Секој од нас изеде по една осмина што значи дека доручкувавме за 30 ден.
Со тоа јадевме по половина портокал (портокалите на пазар чинеа 30 ден. кг. 2 портокала= пола кг = 15 ден)
Таа количина на храна е доволна да ги задоволи нутритивните потреби за утрото, а и доволно заситува.

Долго време сум невработена и финансиската ситуација не ми е баш нај сјајна, но имам доволно слободно време и се трудам секогаш да ја приготвувам храната сама наместо да плаќам повеке за веке готови производи од маркет. Секој може да сам да си направи растителен намаз, сам да си направи интегрален леб, растително млеко, сирење, сосови, тестенини и сл. Да го суши сезонското овошје што е далеку поевтина опција одколку да го купува во продавница и тн.

Немам деца и не можам да тврдам, има форумџии и форумџивки кои имаат мислам, па ако сакаат нека искоментираат, ама сум бил дете и некако ми е неверојатно дека тогаш би ги задоволил потребите со кришка колач во која има 1/8 лажичка мед, 5 грама семки, 12-3 грама ленено семе, кокос и афион. Not sure, порано имам сретнато податок дека за дете требало 3000 калории на ден кога расте а за возрасен 2000-2200.
Еве да речеме има 50 грама растенија и семки во кришката тоа е колку 200 калории? Три оброци = 600 калории, ете нека се 1000 (а не се), пак е малку...

Никогаш не ги присилуваш ама никогаш во фрижидер нема месо и млеко, тоа е тој `избор` кој понекогаш чуда прави :pusi

А како тоа живеете без ВЕГЕТА, јас не би можел, самата помисла никогаш во животот да не пробам повеќе вегета ми прави нелагодност, мачнина, страв, дланките се потат и притисакот се повишува... :ladno
 
Последна промена: