Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
^ Песната што си ја споделил, не е од Тоше. Срамота.
Абе, јас највеќе ве сакам кога мрчите. Тоа е и целиот двигател на еден форум. И на мрчалото ќе се најде мрчало, па трет, четврт...ихаа, па и јаки теми изникнале од мрчења, ама овде поостриот јазик одма иде во пријава.
Досадно е па само клањање и аплаузи, мислиш Пулицерова се смешка меѓу форумскине трофеи.
Ааааамаааа...
Mud and rain and wretchedness and blood.
Why should jolly soldier-boys complain?
God made these before the roofless Flood -
Mud and rain...
Mangling cramps and bullets through the brain,
Jesus never guessed them when He died.
Jesus had a purpose for His pain,
Ay, like abject beasts we shed our blood,
Often asking if we die in vain.
Gloom conceals us in a soaking sack
Mud and rain.
Ако ме прашаш би рекол дека ова е поезија, језиво добра ствар.
Проблемот е и во јазикот. Песнава е тешко преведлива на македонски, за препевлива и не станува збор.
Ситуацијата со јадниот јазик е што рима на мкд би делувала како детска песничка, нема простор за нешто посериозно. мачка фати страчка умре квачка.
Погоре има Brain,pain,vain. Едноставно се лизга низ јазик, како на говорниот апарат да му е мило што може да се почести со такви стихови.
Не дека не е возможно но е тешко да се римува и да се создаде ритам со мкд јазикот, Денови од Кочо Рацин е добар пример дека е можно но како што реков е многу тешко...
Тука доаѓаме до `ентер` ситуацијата, веројатно ја имало и порано - но сега со дигиталните платформи е многу полесно. Парче проза кое со помош на ентер може да фигурира како поезија. Hence тој лешоски и другите.
Но зарем не би било подобро прозата да си остане проза?
Нареднава е послободен стих, римата е тука роб на ритамот за разлика од онаа погоре, ама содржината и симболиката се на прво место. А сето тоа инспирирано од милиони лешеви...