Чет муабети (ти реков-ми рече)

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Појма немам, прашвам. Никогаш не би го турила во драма. Акција, крими, трилер, ебиветер црна комедија.... све и свашта, ама драма јок.
Башка Палп Фикш и Кум... баби и жаби.
А зашто баби и жаби?
Филмовите се слични, Кум е мафијашка приказна и Палп исто, само што малце е извртена и има смешни дијалози. Не знам како да објаснам поубаво, секогаш нешто не чини. Ај следниот филм ќе биде стрикно драма за плачење.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Палп Фикшн е драма? :eek:
Како драма е деклариран секаде.
Баравме некои филмови што се и познати класици, и гледани од луѓето тука. И гледавме до некаде да се слични, зошто ако гледаме да бидат баш исти, едниот ќе треба да биде сосем непознат и негледан, затоа вака. Некои понатаму може нема да бидат ни малце слични, финтата е да бидат ист жанр.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Можи е деклариран како драма, не знам. Јас не би го декларирала така ама ич. Секако поинаку само не така.

Слични се во шо? Мафијашката приказна?
Абе кум има мафијашка приказна, ама под неа има една друга многу подлабока и позначајна приказна, развој и трансформација на ликовите, особено на главниот лик, од каде тој почнува до каде стигнува, шо одбира, зошто така одбира....
Кој момент го има Палп Фикшн за да се каже дека е драма?
Зато се баби и жаби.

Драма како жанр е многу широк поим кој се дели на поджанрови, ама кај сите, без разлика дали се хорор, трилер, комедија.... ги има тие моменти на развој и трансформација на ликовите, пресвртници, соочувања итн итн. Пр. Крамер против Крамер, Форест Гамп, Друштвото на мртвите поети, Леон, Шајн, Е.Т. ...
 
Добро што сакаш да кажеш сега? Не чини темата ли?
Ете не се слични филмовите разбравме, целта беше да се активираат членовите кои гледаат филмови, а како што гледам ги има многу а кога ќе се отвори некоја таква тема тогаш нема никој.
Што има врска какви парови биле одбрани битно да си пишуваме. :)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Добро што сакаш да кажеш сега? Не чини темата ли?
Ете не се слични филмовите разбравме, целта беше да се активираат членовите кои гледаат филмови, а како што гледам ги има многу а кога ќе се отвори некоја таква тема тогаш нема никој.
Што има врска какви парови биле одбрани битно да си пишуваме. :)
Не бре, шо има врска темата, ако сакав темата да ја реметам ќе пишував таму, а не ваму. Аман одма почнувате да се браните ова била целта она била целта. Арно де, уба е целта, терајте.
Сѐ шо сакам да кажам е дека не сфаќам зошто е Палп Фикшн драма, ете Хоуп вели дека сегде е така деклариран, шо ми е уште почудно и уште помалку сфаќам. По дифолт од филмојте на Тарантино ми се повраќа, па ете може сум го утнала моментот кој тој филм го прави да биде драма. И зато прашав и кажав и еве пак прашвам: кој е тој момент?
 
Стварно не знам по кои критериуми им ги доделуваат жанровите и кој момент го прави филмов да биде драма. Кога ќе отвориш на гугл да пребаруваш за драми, на сите листи ти е, а и на имдб е како драма. А јас искрено не му ги сакам филмовите на Тарантино и со овој си ги скратив маките уште од моментот со дијалогот за масажата на нозете, така да не знам повеќе да кажам за него.