Љубовни проблеми

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Можеби вие ќе можете да ми помогнете. Дечко ми во recent search на FB случајно виде дека сум го гледала профилот на (да го наречеме бивши). И нормално не му дојде убаво, се ставам на негово место. Проблемот е што мене ме фати паника и ме фати неспремна и почнав да му кажувам изговори/лаги и тоа го налути уште повеќе отколку самиот чин. Криво ми е, но тој прави драма без потреба, сега вика дека не сака да зборува више со мене. А од друга страна осеќам дека работава се преубеличува за ништо и само чекам да му помине, што мислите вие што треба да направам?
Да ти беше добар сегашниов, ич немаше да ти текне да ровариш по профилите кај бившиот.
Или па друго - да имаше доверба во тебе сегашниов, немаше да ровари по recent search. Разгледај ги двете опции подеднакво.
Со лесно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and Prashina

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Едно прашање до момците на форумов.
-Како би реагирале кога би дошла девојка и отворено би ви ги кажала своите чувства кон вас?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Едно прашање до момците на форумов.
-Како би реагирале кога би дошла девојка и отворено би ви ги кажала своите чувства кон вас?
Премногу општ проблем и многу многу зависи од околностите, познавањето на личноста, релацијата.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Премногу општ проблем и многу многу зависи од околностите, познавањето на личноста, релацијата.
Еве како би реагирал кога девојка со која работиш,кон која нон-стоп потајно ѕиркаш и бараш причина да си во нејзина близина,а немаш храброст да и се приближиш,дојде и ти каже дека ја правиш нервозна и сака да те запознае затоа што ја интересираш.
Баш така отворено.
Позитивен чекор или негативен?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Еве како би реагирал кога девојка со која работиш,кон која нон-стоп потајно ѕиркаш и бараш причина да си во нејзина близина,а немаш храброст да и се приближиш,дојде и ти каже дека ја правиш нервозна и сака да те запознае затоа што ја интересираш.
Баш така отворено.
Позитивен чекор или негативен?
И 100 души да ти одговорат тоа нема да ти значи ништо зашто никој од нив не е твојот колега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and lady_blue

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
И 100 души да ти одговорат тоа нема да ти значи ништо зашто никој од нив не е твојот колега.
Но сепак момците размислуваат исто или да речеме слично.
Затоа и прашав на форум.
Ќе ми значи мислењето.
Отворено директно кажување на работите или пак одоколу постепено почнувајќи со:Времето се расипа денес....или ништо не праење и чекање додека еден од нас не добие отказ,живеејќи со прашањето што ќе беше ако..
 
Последна промена:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Но сепак момците размислуваат исто или да речеме слично.
Затоа и прашав на форум.
Ќе ми значи мислењето.
Отворено директно кажување на работите или пак одоколу постепено почнувајќи со:Времето се расипа денес....или ништо не праење и чекање додека еден од нас не добие отказ и живеејќи со прашањето што ќе беше ако..
Ич не е важно како размислуваат момците и шо ќе ти одговори мнозинството на форум. Единствено е важно што чувствуваш кога си блиску до него и шо ти кажува твојата интуиција. Ако ти е лесно да отвориш уста и да му се обратиш за било шо, макра и за најглупа тема, тогаш не му ја думај, биди директна и речи му шо ќе ти дојде во моментот. Ако нешто од внатре те сопира и прави да се чувствуваш непријатно, тогаш ќути си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Electra and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Но сепак момците размислуваат исто или да речеме слично.
Затоа и прашав на форум.
Ќе ми значи мислењето.
Отворено директно кажување на работите или пак одоколу постепено почнувајќи со:Времето се расипа денес....или ништо не праење и чекање додека еден од нас не добие отказ и живеејќи со прашањето што ќе беше ако..

Многу е различна перцепцијата околу тоа меѓу машка раја, од моја гледна точка таквиот пристап ми е ок - тоа значи дека женската е решителна што е добра ствар и таков чекор од нејзина страна, provided дека има взаемен интерес - би бил евентуален почеток на љубавна прича.
Некои можеби би се чувствувале awkward, некои би биле изненадени, некои робуваат на стереотипи дека машкото треба да преземе чекор, некои би се осеќале инферионо, некои би се плашеле дека се тролани etc.

Од тоа што пишуваш следува дека има обостран интерес и затоа е најдобро да му пристапиш прва ако веќе тој не се решава, немаш што да загубиш можеш само да добиеш а како што спомена по осум дена може да биде касно, може да го фати некоја друга (или да се зачлени во секта :zelen)
Викни го на кафе, чај, пиво, вино (ракија е веќе overkill) и кажи му дека го свиѓаш, ако е `човек на место` ќе знае што понатаму :p
Ако постои нешто што ти е непријатно да му го соопштиш, во случај да испадне врска - тоа е веќе лотарија и никој не може да каже што и како, во секој случај ако не пробаш нема да знаеш.:)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Можеби вие ќе можете да ми помогнете. Дечко ми во recent search на FB случајно виде дека сум го гледала профилот на (да го наречеме бивши). И нормално не му дојде убаво, се ставам на негово место. Проблемот е што мене ме фати паника и ме фати неспремна и почнав да му кажувам изговори/лаги и тоа го налути уште повеќе отколку самиот чин. Криво ми е, но тој прави драма без потреба, сега вика дека не сака да зборува више со мене. А од друга страна осеќам дека работава се преубеличува за ништо и само чекам да му помине, што мислите вие што треба да направам?
:eek
Само тоа? Само си гледала и типов полудел поради тоа?
Де бре луѓе...да сфатам да има муабети што не треба да ги има, ама во рисент срч да види и да прави драми од тоа, нешто не е во ред со него.
Не знам до кој стадиум ви е врската, ама со таквото однесување само downhill се оди. Типов е или несигурен во себе или во тебе...а може и двете, во најлош случај. Ако е проблемот бившиот, тогаш поработете на тие trust issues, а ако е дека си го излажала, секогаш можеш да ја кажеш вистината - дека само од чиста љубопитност си ѕирнала и дека така си постапила зашто си мислела дека било кое оправдување ќе донесе негативни последици, како и што донело.
Еве како би реагирал кога девојка со која работиш,кон која нон-стоп потајно ѕиркаш и бараш причина да си во нејзина близина,а немаш храброст да и се приближиш,дојде и ти каже дека ја правиш нервозна и сака да те запознае затоа што ја интересираш.
Баш така отворено.
Позитивен чекор или негативен?
Нисам момак, ал могу одговорити из искуства. :D
Штом биднало, уживај и терај, без разлика што (ќе) е реакцијата. Искуството што следи со храброста е најбитно.
Ама ако помага, штом кај затворена личност ко мене се нашла храброст, па на два од двапати имало многу позитивен исход таквото „прво“ признавање, кај секого може. А и општо што имам зборено со другари, штом и тој ја свиѓа цурата, многу му е олеснето без сето потење и смислување фрази, ау-бау, а и рекле дека таквата девојка многу повеќе ја ценат отколку онаа што ги сече облаците со носот пошто се затуцала дека типот треба да ѝ нацрта дека ја свиѓа и да се влече по тапи жилети со газот за да ја освои. Е, сега ако лажеле, тоа е друго. :zelen
Триста луѓе, триста чуда. Никој, освен тој, не може да даде ни приближно точен одговор, ама јас не верувам дека девојка ко тебе би ја привлекол пастув што би си ја кренал цената ако некоја му каже дека го свиѓа. (nod)
Така да, бест оф лак.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Lena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еве како би реагирал кога девојка со која работиш,кон која нон-стоп потајно ѕиркаш и бараш причина да си во нејзина близина,а немаш храброст да и се приближиш,дојде и ти каже дека ја правиш нервозна и сака да те запознае затоа што ја интересираш.
Баш така отворено.
Позитивен чекор или негативен?
You tempt me to give bold straightforward answers.
Премногу бараш универзалност во машката психа, па тука мислам дека ти е проблемот. Не постои универзалност по полови, освен постоењето на органот кој го имаме меѓу нозете, општо зборам за машки vs. женски и обратно.
Другото се` се отклопчува пост-фестум, или препуштање-каење тактика. Ова зборам ако имаш нешто во себе или ако интуицијата го става твојот разум на тест период за само-контрола.
Текот зависи од околностите како ќе се одвива се`, барем во почетните неколку стадиуми на развитокот на врската или посовремено, преодот од „мување“ во „сериозна врска“. Треба труд. Обратно пропорционално, ако се има желба, трудот полесно се совладува. Тука да не заборавам дел од постот на Лејди Блу дека интуицијата на почеток е одличен фитил за потпала на желбите, но сфати го тоа како да имаш лак со една стрела и нишаниш онаму каде ти се посакува, (наместо онаму каде што стратешки е најслабо одбрането место на дотичната персона).
Сеа општо за тоа дали е во ред кога ете во некој мој случај ако цура прво ми пријде и ми каже дека сака да се запознаеме. Околностите се вакви. Ти ете работиш со мене, се гледаме секој ден, секако дека физички имаме некој контакт (почентички) но те перцепирам. Кога веќе го имаме тоа, голема е шансата некој да започне нешто. Било кој... од нас двајца. У спротивното, ќе си се гледаме така цело време додека на газдата не му пукне филмот for some other reasons и не` отпушти некој од нас. Тек тогаш иде моментот ко тинејџ нервиранции као „А зашто бар не се обидов да и` скршам барем два реда муабет на Лена“. И обратно верувам и кај тебе.
Многу од девојките викаат требало демек машкото прво, а во себе се јадат зошто се немаат обидено. Кај мажите да не речам тоа е далеку поголем неуспех одколку да попијат корпа пред цура со другарки.
Конклузија на сево ова... не чекај. Прави тоа што го чувствуваш барем во моментот на иницирање на некаква комуникација. И да се изгориш ќе знаеш на што си.