Можеби вие ќе можете да ми помогнете. Дечко ми во recent search на FB случајно виде дека сум го гледала профилот на (да го наречеме бивши). И нормално не му дојде убаво, се ставам на негово место. Проблемот е што мене ме фати паника и ме фати неспремна и почнав да му кажувам изговори/лаги и тоа го налути уште повеќе отколку самиот чин. Криво ми е, но тој прави драма без потреба, сега вика дека не сака да зборува више со мене. А од друга страна осеќам дека работава се преубеличува за ништо и само чекам да му помине, што мислите вие што треба да направам?
Само тоа? Само си гледала и типов полудел поради тоа?
Де бре луѓе...да сфатам да има муабети што не треба да ги има, ама во рисент срч да види и да прави драми од тоа, нешто не е во ред со него.
Не знам до кој стадиум ви е врската, ама со таквото однесување само downhill се оди. Типов е или несигурен во себе или во тебе...а може и двете, во најлош случај. Ако е проблемот бившиот, тогаш поработете на тие trust issues, а ако е дека си го излажала, секогаш можеш да ја кажеш вистината - дека само од чиста љубопитност си ѕирнала и дека така си постапила зашто си мислела дека било кое оправдување ќе донесе негативни последици, како и што донело.
Еве како би реагирал кога девојка со која работиш,кон која нон-стоп потајно ѕиркаш и бараш причина да си во нејзина близина,а немаш храброст да и се приближиш,дојде и ти каже дека ја правиш нервозна и сака да те запознае затоа што ја интересираш.
Баш така отворено.
Позитивен чекор или негативен?
Нисам момак, ал могу одговорити из искуства.
Штом биднало, уживај и терај, без разлика што (ќе) е реакцијата. Искуството што следи со храброста е најбитно.
Ама ако помага, штом кај затворена личност ко мене се нашла храброст, па на два од двапати имало многу позитивен исход таквото „прво“ признавање, кај секого може. А и општо што имам зборено со другари, штом и тој ја свиѓа цурата, многу му е олеснето без сето потење и смислување фрази, ау-бау, а и рекле дека таквата девојка многу повеќе ја ценат отколку онаа што ги сече облаците со носот пошто се затуцала дека типот треба да ѝ нацрта дека ја свиѓа и да се влече по тапи жилети со газот за да ја освои. Е, сега ако лажеле, тоа е друго.
Триста луѓе, триста чуда. Никој, освен тој, не може да даде ни приближно точен одговор, ама јас не верувам дека девојка ко тебе би ја привлекол пастув што би си ја кренал цената ако некоја му каже дека го свиѓа.
Така да, бест оф лак.