Новава реклама за т.е. против насилство, мислам дека го достигна врвот на дебилизмот и стереотипите.
Ок де, секогаш тоа го викам и пак се најде нешто што ќе ме побие од корен, како и да е...
Тибам готикот/секташот/што и да ја мислат на кој лупнале постери од Мајкл Џексон, Еминем и Лејди Гага, а на другово си чува препарирани молци до кревет ко Бафало Бил да е, па пак првава наводно е психопатот.
Едниов заспал поштено, ко што знае да се заспие од алкохол, на другово баскет(че) до лице залеил, али океј е, тоа е нормално и хигиенски.
Голубович да позавиди на овие малолетници (нали, основци и средношколци се таргет група) што без мака си го носат пиштолот во ремен.
Хајлајт: Неуредните, темни соби. Овие се имаат консултирано со оној т.н. доктор што тврдеше дека децата се наркомани ако слушаат хеви метал, серат долго и им е досадно дома. А тек па и темна соба ако имаат...
Хајлајт 2: Оние што „слават победа“. Кои движења, човече. Колективен епилептичен напад.
Веројатно има некаква институција каде се вработени партиски кадри задолжена за трошење пари, во случајов нешто поврзано со снимање, глума и слични работи. Со државни пари снимаа рекламни клипови од ниче македон каде Бог лично се обраќаше на маќедонски и кажуваше дека целата бела раса се маќедонци, вакви клипчиња се дури и прогрес
Плус носат дог мартенс а се знае мартинката дека е симбол на соросоидно-ватиканските орди кои едвај чекаат да ја покварат младината и да ја оттргнат од светлиот пат на претците и од трето дете.
Мајкл Џексон ја квари младината, арно не акнале дорс или битлси...