Религија (oпшта дискусија)

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
И што ако има толку “секти“? Уууу, за плашење. И христијанството било некогаш секта, што со тоа?
Податокот е навистина да се уплашиш,види само колку има самоубиства меѓу младите,јас знам само за три четири,но тоа имало бајаги.Страв ми е за децата нормално,ако така никнуваат секти што ке биде,духовен геноцид.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
И што ако има толку “секти“? Уууу, за плашење. И христијанството било некогаш секта, што со тоа?

па проблемот е во тоа што имаме се повеќе и повеќе неистомисленици,што представуваат на некој начин опасност во општеството,за младата и не едуцирана популација.Тука е проблемот што ги наведуваат и скренуваат на лоши патишта.---.-.-.-.-дрога,убиства,самоубиства итн.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Податокот е навистина да се уплашиш,види само колку има самоубиства меѓу младите,јас знам само за три четири,но тоа имало бајаги.Страв ми е за децата нормално,ако така никнуваат секти што ке биде,духовен геноцид.
па проблемот е во тоа што имаме се повеќе и повеќе неистомисленици,што представуваат на некој начин опасност во општеството,за младата и не едуцирана популација.Тука е проблемот што ги наведуваат и скренуваат на лоши патишта.---.-.-.-.-дрога,убиства,самоубиства итн.
И сектите се виновни за самоубиства, дроги, криминал? Ај шо ве гледам смешни. Православен не се дрогирал или не се самоубил ниеден? Неистоимисленици? Па што ако има, и треба да има, ако сите мислиме исто тури му пепел на човештвото.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
па проблемот е во тоа што имаме се повеќе и повеќе неистомисленици,што представуваат на некој начин опасност во општеството,за младата и не едуцирана популација.Тука е проблемот што ги наведуваат и скренуваат на лоши патишта.---.-.-.-.-дрога,убиства,самоубиства итн.
Од друга страна ете ти ги војните под верската капа. За жал и ден денес постојат, за докажување чиво замислено пријателче има повеќе HP, Armour, special abilities.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
И сектите се виновни за самоубиства, дроги, криминал? Ај шо ве гледам смешни. Православен не се дрогирал или не се самоубил ниеден? Неистоимисленици? Па што ако има, и треба да има, ако сите мислиме исто тури му пепел на човештвото.

Да,и во христјанството постојат вакви работи,дрога самоубиства итн,но поентата ми беше друга,фактите покажуваат дека во христијанството нема вршење притисок или перење памет,за некои лични цели,како во некои секти,да не кажам(зло намерни) кои на крајот настрадуваат невини млади лица.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Да,и во христјанството постојат вакви работи,дрога самоубиства итн,но поентата ми беше друга,фактите покажуваат дека во христијанството нема вршење притисок или перење памет,за некои лични цели,како во некои секти,да не кажам(зло намерни) кои на крајот настрадуваат невини млади лица.
Како не бе, во Вечер пишуеше дека во христијанството немало принуда ни перење мозок, и јас поверував, чим Вечер вели така, мора да е така. Не си прајте бајрам со умот, не постојат секти за перење мозок и за самоубиства, убиства и дилање дрога.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
10565223_874908789204627_8658905853915518374_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Мало потсетување за намената на темава. Ќе ја цитирам самата авторка:
Тука ќе позборуваме за религијата од општествен, социолошки и психолошки аспект.

Друго, пошто гледам извориве водат до некаква онлајн библиотека на Јеховини Сведоци, мислењата ќе одат во соодветната тема, и гледајте да пишувате таму. Истото се има случено и кај „Цитати од Библијата“. Не е фер да се наведуваат недоинформираните верници на помислата дека цитатите се од онаа Библија од која мислат дека се.
Или бидете горди до крај на она што го проповедате ко правилно, или воопшто не се трудете така подмукло да го пласирате онаму кај што знаете дека просечниот верник највеќе ќе загризе. Нели, сепак Бог е против измами.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Lena

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Тврдење на историчар "Исус никогаш не постоел"

Исус од Назарет е измислен лик кого го створиле христијаните за потребите на своите служби, а “Распнувањето” е всушност само метафора, тврди еден историски стручњак.

Историскиот истражувач Мајкл Паулкович (Michael Paulkovich) тврди дека Исус од Назарет е само една митска личност која всушност никогаш не ни постоела реално, пишува Daily Mail.

Контроверзното откритие следи после фактот дека овој историчар никогаш не наишол на споменувања на името Исус во дела на 126 писатели кои живееле во исто време кога живеел и самиот Исус.

Овој истражувач тврди дека се работи за измислен лик кого всушност го створиле самите христијани како би имале некаква култна фигура за своите служби и обичаи.
Тој потенцира дека не постојат апсолутно никакви докази за постоењето на Божјиот син во историските текстови, што е чудно со оглед на неговите светски чуда и наводната светска слава.

– Исус од Назарет не е ништо повеќе од урбана (или пустинска) легенда која веројатно е создадена од неколку залудени рабини кои можеби и некогаш постоеле во историјата, истакнува историчарот.

Исус единствено се спомнува во книгата на римскиот историчар Јосиф Флавио, но Полкович тврди дека тие податоци се внесени подоцна од други уредници.

Меѓу останатите докази кои ги изнесе е и самата Библија, каде дури и Свети Павле не го спомeнува Исус како вистинска личност. Свети Павле не бил свесен ниту за постоењето на Богородица, ниту за чудата на Исус, апостолите, животните случки како и судењето, додека за распнувањето сметал дека е метафора.
– Милиони луѓе слушнале и прочитале за распнувањето на Исус, проследено со магија и метеоролошки услови кои не се опишани од ниту еден историчар. Едноставно, суеверните селани ги додавале таквите информации во децениите кои следеле, додава Полкович во резултатите од своето истражување.

Извор http://lokalno.mk/tvrdenje-na-istorichar-isus-nikogash-ne-postoel/
:(